Криминалци и криминални групи во МК

Комбо серија апдејт

Поради многу пропуштени информации заради прекинот, мораме ваква солуција екипа.

После децинии во бегство Аце Боцевски Циганот беше уапсен во Грција, каде сите знаевме дека се крие, екстрадицијата изостана значи Калето стегна, ама човекот сигурно имал јак фактор што го штити.

Пресудите околу луѓево од Грчец очекувани, кога ќе стигнат на ред и Дуќанџик од бегство исто ќе поминат, делат памет вака преку нив сега.

Обвинителните случаи на Беланоца Барон доста комплексно ги отвори Код, новиве случаеви се овие, убиство на Ибраим Ајдини Ибро во Инџиково зошто кажувал информации за случајот Монструм односно за учесник во убиствата овде мислам чистат Барон исклучително а новодно финансира Фатлум Ајети Тоте, убиство на Џелал Ибраими поради навредување на Тоте исто како претходно убијците и упаѓаат на жртвата дома, убиството на Жила и Љачи случај комплетно разглобен овде, потоа убиството на Оки исто знаеме комплетна слика, убиството на Камер Идризи кое наводно го извршува Мали Репки интересно зошто сите мислевме дека извршител е Агим Красничи, убиство на Абдуљ Бастри Ибраимовски и брат му поради кавга со Мали Репки и како последно убиството на Ибраим Исмаили Абиц како освета за убиството на Џељо знаеме, инаку повеќето осомничени за овие убиства отишле во бегство, случаите каде скоро ги обвинија за големи суми рекет Харачина и браќа Маслани се чудни ама веројатно реални, придружников на овие екипи Штекли и приказната околу здравствената состојба е манипулирање.

Уапсената група струмичани најверојатно е остаток на луѓе, што работеле марихуана со претходната власт таму.

Случајот каде член на обезбедувањето на премиерот, бил фатен од службата како за пари кажува службана тајна на Дуи таму, низ Велес бил посредуван од Благој Коруноски инаку опишан лик досега на темава.

Убиството на извесен Дејанчо Лазаревски од Струмица во Боливија во друштво на србите, кажува многу затоа што имам раскажано, вистински јаки македонски играчи се малку, во Шпанија е Славе работи со бугари, а во Бразил ортаци анонимуси работат покрај срби, лик од нив одел и во Дубаи често а овој можеби е од нив, таму често менуваат држава посредниците, акцијата после убиствата значи дека картелот сериозно згрешил.

Исто околу актуелнава потерница за Андреј Танасковски има логика, мислевме дека Шкаљарите имаат повеќе врски со Македонија поради Врањанскиот Клан придружник и лажните пасоши, но излезе дека Кавачите имаат подиректни врски од кога го фатија нашиот лик во Загреб со огромна количина.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom