Gurdjieff
Bastardo dentro
- Член од
- 12 јануари 2011
- Мислења
- 3.645
- Поени од реакции
- 1.264
Ubao kazano. Religijata kako sto ja znaeme denes e samo opasna alatka vo racete na mokna grupa poedinci.
I vtoriot pasos go delam mislenjeto so tebe.
Доналтчо.....продолжува да нема одговори...

Во секој случај, имаш комплименти од моја страна за правецот во кој сакаш да ја одведеш темава.
Порано не дискутирав на истата од причина што најголем дел од дискутантите не ја разбираа суштината на дискусијата. Скоро сите сакаат да се докажуваат кој е подобар, дали религијата (креационизмот) или науката (еволуцијата) е подобра. Гледано од таа страна , религијата и науката немаат заеднички точки а во иста време се испреплетени помегу себе. Религијата го гледа внатрешниот дел на човекот (дух,душа, воља, свест, ега, чуствата, итн...) додека науката го проучува надворешниот свет со кој е опкружен човекот. Ниедна наука не може да ја измери големината на среката или болката на еден човек.
Друг проблем беше тоа што најголем дел од атеистиве сакаа да ја претстават религијата како нешто назадно, затоа што неправилно го свакаат поимот религија. Тие ја гледаат религијата само како институција , во која хиерархијата го цица народот и го користи за воени и економски просперитет. Поради тие причини сметав дека дискусијата овде на темава е излишна.
Поагајки од гледна точка на твојот таканаречен интелигентен дизајн, дискусијата и те како е интересна. Во тој случај, еволуцијата не е само дел од науката, него е дел и од религијата. Значи, сите оние кои сакаа да ја претстават еволуцијата како заслуга на науката пропагаат во вода, затоа што таа (еволуцијата) е дел и од религијата и има поголеми заслуги за научната еволуција кај самиот човек. Само со помош на таа внатрешна еволуција, човекот успеал со толкави чекори да ја развие науката.
Погледни го Тесла, еден од најгулемите научњаци на светот, во исто време верува во Бог.
Сега за сега толку, понатаму ќе видиме ако има некој да ти одговори...
