Креационизам наспроти еволуционизам

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Ооооооо, Доналдчо.....си почнал да се согласуваш со мене?
Твоите коалициони партнери те напуштија па сега се сосгласуваш со кловнот?
Ми се смеевте на времето, и ти и многу други како тебе, ама сега полека полека си легнувате на брашното...:pos:
Како времето минува така се повеќе се согласувате...не се секирај, ќе пораснат и другите, и после и тие ќе се согласат со мене. Лесно е на 18г да мислиш дека се што лита се се јаде...:pos:
Ај малку околу интелигентниот дизајн?
Мислам дека знам околу што сакаш да зборуваш, али ај ти почни па ќе се надоврзам....
Инаку, многу ми се допадна твоето мислење за тоа дека не мора се да еволуира , има и дишенденте октава која доведува до умирање на видот...зависи која октава е во прашање, дали еволутивна или дишенденте...(y)

Јас и порано сум се согласувал за одредени работи со тебе. Не гледам што е чудно тука. Какви бе коалициони партнери :P Тоа се луѓе со кои се согласуваме по одредени прашања, како во случајов со тебе и духовната еволуција. Јас секојпат на темава сум ја држел дистанцата од екстремниот и стопостотен еволуционизам:P
Напротив, навивам за другата страна.

Ама таму за Тесла и уште еден куп работи, не сме се согласиле уште:P
За тоа па дека секоја релегија, а посебно онаа на миротм нуди нешто за учење, ептен не ја бива.
Нема везе ова на други теми.

Интилигентниот дизајн, јас лично апсолутно го одвојувам од креационизмот како што го дефинираат останатите тука.

Јас поставив прашање до сите тука што е интилигентен дизајн, а што креационизам, и врз основа на такви дефиниции да продолжи дискусијата понатаму.;) Ќе почекам некој хардкор атеист да даде свои видувања на ова. Како и одговори на тоа што претставува клонирањето, и создавањето нови видови во лабараторија преку веќе постоечки.

Не знам на кого мислиш тоа со 18 години, и на што алудираш:P

Тебе би те прашал засега што е тоа дишенденте??? нешто као десцендент ли?
 
Интилигентниот дизајн, јас лично апсолутно го одвојувам од креационизмот како што го дефинираат останатите тука.

Јас поставив прашање до сите тука што е интилигентен дизајн, а што креационизам, и врз основа на такви дефиниции да продолжи дискусијата понатаму.;) Ќе почекам некој хардкор атеист да даде свои видувања на ова.

Иако не сум атеист, ќе ти одговорам на ова прашање.
Креационизмот е многу старо верување/убедување за настанокот на Универзумот и животот. Речиси сите народи, племиња верувале дека Универзумот и животот се создадени од Бог/Богови, но имале различни верување за тоа како Бог создавал.
Евреите (потомците на Авраам) верувале во Библискиот креационизам, а потоа и христијаните исто така.
Во 19ти век кога Дарвин ја лансирал неговата теорија за еволуцијата - првото натуралистичко објаснување за тоа како наводно настанале животните од праклетката. Климата беше погодна за ова натуралистичко гледиште да се вметне во образованието и денес тоа преовладува, а на креационизмот се гледа како на некое „ново, алтернативно“ гледиште. Нешто што било илјадници години старо, сега некои го гледаат како „ново, алтернативно“ :) А Дарвиновата еволуција има едвај 150 и кусур години.

Како и да е, некои луѓе излегоа со став дека еволуцијата е научно невозможна и држеа/држат став дека Универзумот и животот едноставно би морале да бидат создадени/дизајнирани од некој Интелигентен Дизајнер, но едноставно не го веруваа или не сакаа да се ограничат во Библискиот модел. И бидејќи креационизмот многумина го прифатија како синоним за Библискиот креационизам, така се појави потребата за еден поопшт назив - а тоа е „Интелигентен Дизајн“ кој всушност исто така претставува креационизам, но овде не се сите христијани/евреи и не сите стојат на тоа дека Библискиот Бог или дека воопшто личносен Бог го создал Универзумот. Некои на пример веруваат дека Бог е всушност некоја недефинирана енергија што поседува сила и интелигенција и дека таа го создала Универзумот и животот.
 
Креационизмот е многу старо верување/убедување за настанокот на Универзумот и животот. Речиси сите народи, племиња верувале дека Универзумот и животот се создадени од Бог/Богови, но имале различни верување за тоа како Бог создавал.
За кое време кажуваш? Последните 3, 4 милениуми? Морам да те исправам во првите религии не постоел креационизам т.е. креатор. Кој е креаторот во анимализмот? Кој во џаинизмот? овие како најстари познати верувања, бог(ови) покасно измислиле луѓето.

П.С.
Иако не сум атеист, ќе ти одговорам на ова прашање.
Хаха
 
Фала на исправката Атеист, можеби е така, но сепак да се зборува за историјата на религиите (или воопшто историјата) пред 4000 години е доста храбар потег, со оглед на тоа што речиси и да немаме пишани ракописи од тоа време. Постојат некои древни хиероглифи, слики вдлабнати во карпи, во пирамидите, но и тие подлежат на толкување. На пример не можеме да знаеме дали тие што го обожавале на пример слонот верувале дека тој е некакво божество, или пак е само симбол на многу поголемо божество. Истото важи и за оние кои што обожавале кипови. Тие не верувале дека самите кипови се божество, туку дека им се претстава за божеството. Платон, Сенека и многу други пагански филозофи велеле:„Ние не им се поклонуваме на идолите туку преку нив им се поклонуваме на боговите“ (слично како православните на иконите).
А какви атрибути и карактеристики им давале на возвишените божества (преставени со животни, кипови, слики) и што верувале за нив, тоа малку потешко можеме да дознаеме со сигурност, бидејќи како што кажав речиси и немаме пишана историја од пред 4000 години.

Зарем не потекнува Џаинизмот некаде во 6ти век пред наша ера? Од кај ова една од најстарите религии?
 
Грешка си, реформиран и запишан е во 6ти пне инаку постои најмалку 7,8 илјади години а по некои процени и над 10 и сеуште има следбеници.

П.С.
Jainism (pronounced [dʒɛːnɪzəm]), traditionally known as Jaina dharma, is an Indian religion that prescribes a path of non-violence towards all living beings. It is one of the oldest religions of the world finding its roots in ancient India.

In the 6th century BCE, Vardhamana Mahavira became one of the most influential teachers of Jainism. He built up a large group of disciples who learned and followed his teachings.
 
Чорбаџија твојот одговор го имам слушнато и порано:) Ги изедначуваш креационизам и интилигентен дизајн и второто го претставуваш како потреба за некој вид надградба на првото согласно тековните временси прилики. Во ред е. Но, исто така во ред е и одговорот на Атеист околу непостоење на креационизам во почетокот.

Сепак се ова конвенции кои ќе послужат за понатамошна дискусија.

Јас ќе кажам на почетокот дека за мене им аклучна разлика во двата поима, а тоа е во имањето цел на создавањето на креацијата. Креационизмот претставува креација пуштена самата на себ да се развива, без некој смислена цел за која би полсужила истата.
Интилигентниот дизајн е создавање креација со однапред зацртана цел за истата.

Ова се два става само во контекст на она за кое и ќе се дискутира понатака.

Gurdjieff мислам дека препозна на што мислев околу ијнтилигентниот дизајн, ама од тој аспект ќе го начнеме понатаму.

Чорбаџија дали еволуцијата е всушност интилигентен дизајн? Или можеби е креационизам?
Дали некој не создал нас и не препуштил на еволуцијата?

Јас сметам дека еволуцијата се содржи во библијата, само треба да се препознае. Ако се оттргнеме од црковните догми можеби и ќе дојдеме до приближување на напишаното во светите книги и научните достигнувања.

Дали физичката еволуција на хомосапиенсот, односно еволуцијата на телесните карактеристики, е различна од онаа на духот? Дали всушност вистинската еволуција, која се провлекува низ светите книги е онаа на духот?

Само нафрлам прашања засега за да некој по некое од нив отпочне разговор. Би сакал да не биде тоа единствено Gurdjieff., туку и останатите да дадат свои мислења по овие прашања.

Настрана препукувањата и мерењата чиј е поголем, нели?

Затоа и ги поставив прашањата околу клонирањето и вештачкото создавање на нови видови во лабораторија, и нивната корелација со насловов на темава. Но сепак никој не одговора на нив.

Очигледно поинтересно е да се негираат буквални цитати од Библијата.
 
Креационизмот претставува креација пуштена самата на себ да се развива, без некој смислена цел за која би полсужила истата.
.

Погоре напишаново, во философијата се нарекува „деизам„.
--- надополнето: 10 април 2013 во 20:37 ---
Интилигентниот дизајн е создавање креација со однапред зацртана цел за истата.

А ова, преоѓа во фатализам...
 
Хмм, повторно човечки конвенции за одредени ставови. Не ми сметаат, како сакаш наречи ги.

Да пробаме да поразговараме околу истите, нели?

Зошто не е така?
--- надополнето: 10 април 2013 во 20:56 ---
MIKI1 која е целта на креацијата опишна во буквален смисол во Библијата? Која е целта на креаторот пред се за хомоспаиенсот, а потоа и за целиот универзум?
 
Чорбаџија твојот одговор го имам слушнато и порано:) Ги изедначуваш креационизам и интилигентен дизајн и второто го претставуваш како потреба за некој вид надградба на првото согласно тековните временси прилики. Во ред е. Но, исто така во ред е и одговорот на Атеист околу непостоење на креационизам во почетокот.

Сепак се ова конвенции кои ќе послужат за понатамошна дискусија.

Јас ќе кажам на почетокот дека за мене им аклучна разлика во двата поима, а тоа е во имањето цел на создавањето на креацијата. Креационизмот претставува креација пуштена самата на себ да се развива, без некој смислена цел за која би полсужила истата.
Интилигентниот дизајн е создавање креација со однапред зацртана цел за истата.

Ова се два става само во контекст на она за кое и ќе се дискутира понатака.

Gurdjieff мислам дека препозна на што мислев околу ијнтилигентниот дизајн, ама од тој аспект ќе го начнеме понатаму.

Чорбаџија дали еволуцијата е всушност интилигентен дизајн? Или можеби е креационизам?
Дали некој не создал нас и не препуштил на еволуцијата?

Јас сметам дека еволуцијата се содржи во библијата, само треба да се препознае. Ако се оттргнеме од црковните догми можеби и ќе дојдеме до приближување на напишаното во светите книги и научните достигнувања.

Дали физичката еволуција на хомосапиенсот, односно еволуцијата на телесните карактеристики, е различна од онаа на духот? Дали всушност вистинската еволуција, која се провлекува низ светите книги е онаа на духот?

Само нафрлам прашања засега за да некој по некое од нив отпочне разговор. Би сакал да не биде тоа единствено Gurdjieff., туку и останатите да дадат свои мислења по овие прашања.

Настрана препукувањата и мерењата чиј е поголем, нели?

Затоа и ги поставив прашањата околу клонирањето и вештачкото создавање на нови видови во лабораторија, и нивната корелација со насловов на темава. Но сепак никој не одговора на нив.

Очигледно поинтересно е да се негираат буквални цитати од Библијата.

Добар си добар....почнуваш да сваќаш одредени работи.
Најлесно е да се вадат цитати од библијата и истите да се критукуваат како догми, тоа и деца од 18г го можат.Тешко е да се разбере Вистината , која е напишана во скриена форма и секој си ја тумачи по негово.

Болдираново.....знаев дека на тоа ќе го сведеш поимот интелигентен дизајн....брат, може да го крстиш како сакаш, јас го крстив внатрешна еволуција и имам отворено тема за тоа, само намерно не ја отворив во религија, бидејки голем дел од дискутантите не разбираат што е тоа религија.
Знаеш што ми е најсмешно? Целта се знае што е, само немате поим кој е начинот да се дојде до истата.....;)
Има и многу други работи што требе да се знаат за да се дојде до целта. Еве затоа јас ги нарекувам „заспани“ атеистите, затоа што не се ни свесни дека има цел.

Дишенденте значи слегувачка октава, која може да изумре пред да се дојде до нотата СОЛ , за да разбереш повеќе требеше да го сватиш Тесла.....:P
За еволутивната октава, требе да знаеш каде да дадеш свесен инпулс за да направиш скок во развојот...меѓу МИ и ФА
 
Хмм, повторно човечки конвенции за одредени ставови. Не ми сметаат, како сакаш наречи ги.

Да пробаме да поразговараме околу истите, нели?

Зошто не е така?

Не е проболем да попрајме муабет (а муабет уз пиво би бил по течен муабет...:D), но еве накратко:

- ако гледаме деистички, тогаш Бог Творецот го створил Светов и го пуштил (Светов) да се самоодржува и саморегулира, без Светов да има потреба од Божја интервенција. Деизмот е чисто човечко-философоско мудрување, како обид да се даде алтернатива на религиозното (читај: црковното) толкување на смислата и целта од битисувањето од Светов. Светото Писмо и Црквата сведочат поинаку: Бог, ем е Творец на се‘ видливо и невидлови, ем истиот тој Бог, се симна од Небесата, зеде човечко тело и пострада за своето творение-човекот, повикувајќи го човекот на спасение. Значи, имаме непосредна интервенција Божја во Светов.

- гледано фаталистички: Бог Творецот го створил Светов, а заедно со тоа творење, Он ги предодредил сите инди настанаи, кои мора да се случат токму така како што Он испланирал, и од таа предодреденот, нема бегање (нешто како расправијата од Демокрит, за падот од атомите). Светото Писмо и Црквата велат поникаку: дека Бог го створи Светов, а човекот го створи по својот „образ и подобие„, што значи дека Бог не‘ створил како слободно волни и разумни битија. Конечната цел, која Бог ја промислил, се состои во возобновнувањето на заедништвото помеѓу Бога Творецот и човекот творението, но не по однапред предодредна процедура, туку така, што Бог ја почитува слободната волја од човекот, која самиот му ја дал (на човекот) па секој од нас има можност да одлучи: дали ќе ја прифати Божјата жртва на крстот и ќе се придружи кој својот Создател или ќе се одлучи да живее без и надвор од Бога. Значи, Бог не ни‘ предодредува што треба да правиме, одбереме или одлучиме, туку не‘ повикува да бидеме во вечна заедница со Него.
 
Добар си добар....почнуваш да сваќаш одредени работи.
Најлесно е да се вадат цитати од библијата и истите да се критукуваат како догми, тоа и деца од 18г го можат.Тешко е да се разбере Вистината , која е напишана во скриена форма и секој си ја тумачи по негово.

Болдираново.....знаев дека на тоа ќе го сведеш поимот интелигентен дизајн....брат, може да го крстиш како сакаш, јас го крстив внатрешна еволуција и имам отворено тема за тоа, само намерно не ја отворив во религија, бидејки голем дел од дискутантите не разбираат што е тоа религија.
Знаеш што ми е најсмешно? Целта се знае што е, само немате поим кој е начинот да се дојде до истата.....;)
Има и многу други работи што требе да се знаат за да се дојде до целта. Еве затоа јас ги нарекувам „заспани“ атеистите, затоа што не се ни свесни дека има цел.

Дишенденте значи слегувачка октава, која може да изумре пред да се дојде до нотата СОЛ , за да разбереш повеќе требеше да го сватиш Тесла.....:P
За еволутивната октава, требе да знаеш каде да дадеш свесен инпулс за да направиш скок во развојот...меѓу МИ и ФА

Гурџи следно ќе беше, барем од моја страна дека интилигентниот дизајн кај хомосапиенсот се гледа во еволуцијата на духот, која ти си ја нарекол внатрешна еволуција.

Да, така е најлесно е да с евадат цитати и да се негираат.

Добро, претпоставив дека дешенденте е всушност десцендент, како и што напишав. Само не бев сигурен.

Еј сеа заеба на крајот со Тесла. Заеби го Тесла на темава:P
Остај и некој друг да каже свое мислење по овие прашања. Знам дека ти можеш д аодговориш.:P
--- надополнето: 10 април 2013 во 21:12 ---
Не е проболем да попрајме муабет (а муабет уз пиво би бил по течен муабет...:D), но еве накратко:

- ако гледаме деистички, тогаш Бог Творецот го створил Светов и го пуштил (Светов) да се самоодржува и саморегулира, без Светов да има потреба од Божја интервенција. Деизмот е чисто човечко-философоско мудрување, како обид да се даде алтернатива на религиозното (читај: црковното) толкување на смислата и целта од битисувањето од Светов. Светото Писмо и Црквата сведочат поинаку: Бог, ем е Творец на се‘ видливо и невидлови, ем истиот тој Бог, се симна од Небесата, зеде човечко тело и пострада за своето творение-човекот, повикувајќи го човекот на спасение. Значи, имаме непосредна интервенција Божја во Светов.

- гледано фаталистички: Бог Творецот го створил Светов, а заедно со тоа творење, Он ги предодредил сите инди настанаи, кои мора да се случат токму така како што Он испланирал, и од таа предодреденот, нема бегање (нешто како расправијата од Демокрит, за падот од атомите). Светото Писмо и Црквата велат поникаку: дека Бог го створи Светов, а човекот го створи по својот „образ и подобие„, што значи дека Бог не‘ створил како слободно волни и разумни битија. Конечната цел, која Бог ја промислил, се состои во возобновнувањето на заедништвото помеѓу Бога Творецот и човекот творението, но не по однапред предодредна процедура, туку така, што Бог ја почитува слободната волја од човекот, која самиот му ја дал (на човекот) па секој од нас има можност да одлучи: дали ќе ја прифати Божјата жртва на крстот и ќе се придружи кој својот Создател или ќе се одлучи да живее без и надвор од Бога. Значи, Бог не ни‘ предодредува што треба да правиме, одбереме или одлучиме, туку не‘ повикува да бидеме во вечна заедница со Него.

Мики не д ами објаснуваш што е деизам, а што фатализам. Туку ова
Зошто не е така?
--- надополнето: 10 април 2013 во 20:56 ---
MIKI1 која е целта на креацијата опишна во буквален смисол во Библијата? Која е целта на креаторот пред се за хомоспаиенсот, а потоа и за целиот универзум?
 
Гурџи следно ќе беше, барем од моја страна дека интилигентниот дизајн кај хомосапиенсот се гледа во еволуцијата на духот, која ти си ја нарекол внатрешна еволуција..

Остај и некој друг да каже свое мислење по овие прашања. Знам дека ти можеш д аодговориш.:P
а

Ок...се повлекувам....(y)

И јас сакам да слушнам одговор на твоите прашања од некој секташ или од некој постар атеист, овие јаврииве атеисти најверојатно и не смеат да дадат одговор, Дарвин не им кажал за тој тип на еволуција и зошто има кенгури само во Австралија.

Пријатна вечер
 
Не бе, оти да се повлечеш. Ќе дадат одговори во скоро време:)

п.с. Кој ти се секташи, а кои постари атеисти???
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom