Ај вака да прашам за ваше мислење за следново.
На некои од британскиве сајтови за генетика, имаше шпекулација дека еволуцијата можеби е синусоида а не бесконечен процес во еден правец.
Значи типовите тврдеа дека еволуцијата секогаш има минимум и максимум и растење и опаѓање соодветно.
Велеа дека сме во период кога синусоидата се симнува кон минимумот, а тоа значи исчезнување на живиот свет.
И потоа низа милениуми до нов почеток.
Го поткрепуваа со некои паднати делови од метеорит во Сибир и содржината во нив, како и со градбата на силициумските алги на кои не им треба кислород за да преживеат.
НАведоа дека нели во последниве неколку илјади години сведоци сме само на изумирање на видови, а не и на создавање нови.
За жал не обрнав тогаш внимание многу на подетланото објаснување, туку само на болдот и сликите.
А најважното беше дека еволуцијата е синусоида и ние се движиме кон минимумот.
Ако некој е запознаен повише за ова, би било убаво да сподели поише инфорамции.
--- надополнето: 13 септември 2012 во 22:04 ---
Биди поконкретен: во што се состои очигледноста?
Она кое за Црквата е повеќе од јасно, тоа е дека сите видови и родови се запазуваат самите себе, преку репродукција, во рамките од својот вид/род, без мешање, по принципот „слично се препознава со слично„. Паралелно со тој процес на самозапазување, постои и ентрописки процес на неповратно дегенерирање, согласно ниво‘то од ентропија во животната средина.
Ок де.
Тоа запазување на самите себе, нели е дел од еволуцијата?
Дали црквата прифаќа дека човекот на времето живеел во пештерите и немал таков интелект како сега?
Или стои на фактот дека пред 8 илјади години е создаден Адам и сите други после него, вакви какви што сме сега, без некои поголеми промени во физикусот и интелектот?