Креационизам наспроти еволуционизам

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Статистички, дневно изумираат по 130 видови живи битија.

Дегенерацијата на живите битија, а тука е и човекот, е производ од општата дегенерација на нашата животна средина, која не е последица само од природните неповратни ентрописки процеси, туку најмногу од човековиот упад во природните процеси и нивна девастација, со т.н. индустриска револуција, која до максимум ја загади почвата, водата и воздухот, кои , како „фид-бек„, негативно влијаат и врз луѓето. Така, неплодноста кај луѓето расте, со тоа што се‘ повеќе брачни парови не неспособни за природна репродукција на родот човеков.

Или, како што би рекол мојот омилен професор: некој како да ја притиснал клепсидрата во горната половина, која насилно и забрзано се празни кон дното...

Микиии.. и после ова се уште си на мислење дека сме резултат на креација?
... зар може креаторот до толку да утнал?
 
Еве уште еден атрибут, кој мора да го има секоја наука, која сака да биде наука, а тоа е способноста од предвидвање на одредени настани во иднината, како што тоа го има, на пример, физиката и нејзините предвидувања за појавата на можни и потребни суб-атомски честички.

Што ќе кажеш на оваа потреба, кога самите идолопоклоници на ТЕ велат дека еволуцијата делува ќоро, слепо, без посебна цел...Што може ТЕ да предвиди како можна насока или појава на нови видови живи битија, а тоа да не биде лабораториско насилие врз постојните битија, а именувано како „еволутивен скок„ и „појава„ на „нов„ вид?.

еволуцијата делува ќоро, слепо, без посебна цел

Врска нема ова. Не постои нешто како рандом во универзумот. А да речеш дека еволуцијата нема цел е смешно. Еволуцијата е промена поради приспособување на условите во животната средина. Целта е главната поента на еволуцијата.
Еволуцијата не се случува ќоро. Се случува по точно зададените закони на природата. По условите кои ги нуди околината на субјектот.
Му одговорив на твојот имењак, во врска со линкот беше. Whiptail гуштери веќе стотици илјади години во природата со парење меѓу различни видови. Надвор од лабораторија, во природата.
 
Мики, еволуцијата е промена на карактеристиките на живите организми низ генерациите. Јас ти давам примери каде што IQ-то на луѓето се зголемува(менува) со секоја генерација. Ти давам пример каде што во едно истражување по 40 генерации на муви субјектите се здобиле со способност да бројат.
Мувите биле затворани во кутии и им биле пуштани светлосни сигнали(трепкање, 2 пати, 3 пати, 4 пати) и на едно од трепкањата кутијата се затресувала.
По 40 генерации субјектите успевале да ги распознаат броевите на трепкања и полетувале кога било затрепкано онолку пати колку што било сигнализирано затресувањето. Пред 10.000 години луѓето имале поцврсти коски и заби и имале помали мозоци.
Вакви примери на форумов сум дал милион. Не знам како само ти успеваш да не ја видиш поврзаноста со еволуцијата.
Помали мозоци имале?

Using new technology, researchers have produced a replica of the 28,000-year-old brain and found that it is about 15-20% larger than our brains.

Read more at: http://phys.org/news187877156.html#jCp
 
Врска нема ова. Не постои нешто како рандом во универзумот. А да речеш дека еволуцијата нема цел е смешно. Еволуцијата е промена поради приспособување на условите во животната средина. Целта е главната поента на еволуцијата.
Еволуцијата не се случува ќоро. Се случува по точно зададените закони на природата. По условите кои ги нуди околината на субјектот.
Му одговорив на твојот имењак, во врска со линкот беше. Whiptail гуштери веќе стотици илјади години во природата со парење меѓу различни видови. Надвор од лабораторија, во природата.
Ова многу добро го објасни.
Поентата е главна цел на целта на еволуцијата. А кој ги задава законите на природата?
 
Ок де.

Тоа запазување на самите себе, нели е дел од еволуцијата?

Дали црквата прифаќа дека човекот на времето живеел во пештерите и немал таков интелект како сега?

Или стои на фактот дека пред 8 илјади години е создаден Адам и сите други после него, вакви какви што сме сега, без некои поголеми промени во физикусот и интелектот?

Самозапазувањето не е дел од еволуцијата, оти според Црквата, а согласно Постанокот, сите живи битија се зададени и створени во еден момент, без да имаат свои „претходници„ или „еволуирани„ наследници.

Човекот не живеел во никакви пештери: тоа е марксово глупирање, со цел, да и‘ помогне на, тогаш, младата дарвинова еволуција. Ако погледнеш во Битие, 4.17, ќе видиш дека дури и првите генерации луѓе, живееле во град! А дури и раните луѓе имале уметнички потреби и занаетчиски вештини, ако видиш во Битие, 4.21. и 4.22.

Староста од Земјава од некои 7 5000 - 8 000 г. е проценета според родословот Исусов, плус овие 2 000 г. време по Христа. Од тогаш, човекот се променил на полошо,шпто се гледа од постојаното кратење на должната од животот од човековиот род. Ако Адам живеел 95о г. денес живееме едвај некои просечни 65 г.
 
Што бе, мислиш дека човекот не настанал од камен?

Ај докажи! :D
--- надополнето: 13 септември 2012 во 21:43 ---


Grand,

една наука, која станала наука, за да биде плаузибилна, треба да даде задоволителни одговори на најголемиот број поставени прашања, разбираш.

ТЕ не само што не може да одговори на азбучно поставени прашања, туку оние најензгодните и‘ ги префрли на абиогенезата.

Јака наука, нема што!
Evolucijata se zanimava so razvojot na zhiviot svet. Abiogenezata so nastanokot. Ova go znaesh. Ovie dve neshta se kako adamovata loza I Jahve. Lugjeto ne se gospod. Isto taka, evolucijata ne e abiogeneza.

Mislam deka vaka sum ti pojasen.


Okolu plauzibilnosta, kolku za gimnastika, primeni malku racionalna logika, poshto duhovnava ne ti e od pomosh.

Evolucijata e ocigledna, proverena I primeneta. Lugjeto ja skrotuvaat I ziveat od nea, a ti zhiveesh vo iluzija deka sve se izumira I se raspagja.

Sve zavisi od svetogledot.
 
Ова многу добро го објасни.
Поентата е главна цел на целта на еволуцијата. А кој ги задава законите на природата?

Законите постојат. Не ги задава некој.
--- надополнето: 13 септември 2012 во 22:23 ---
Помали мозоци имале?

Using new technology, researchers have produced a replica of the 28,000-year-old brain and found that it is about 15-20% larger than our brains.

Read more at: http://phys.org/news187877156.html#jCp

Згрешка. Поголеми мислев. Благодарам.
 
Микиии.. и после ова се уште си на мислење дека сме резултат на креација?
... зар може креаторот до толку да утнал?

Море Vone, ако Те земам за пример токму Тебе, ќе можам да дојдам до Твојов „мудар„ заклучок: да, некаде има „утнато„!...:D
 
Evolucijata e ocigledna, proverena I primeneta. Lugjeto ja skrotuvaat I ziveat od nea, a ti zhiveesh vo iluzija deka sve se izumira I se raspagja.

Sve zavisi od svetogledot.
Да да. И јас имав порано една еволуција ја чував во шталата. Ја скротивме некако ама ептем дива беше. Тамам почна и млеко да дава. Млекото беше очигледно и проверено со печат од ветеринар.А и примена имаше ралото како го влечеше да знаеш.
Него мене ме интересира со што ја скроти ти твојата. Каков марифет стори.
 
Врска нема ова. Не постои нешто како рандом во универзумот. А да речеш дека еволуцијата нема цел е смешно. Еволуцијата е промена поради приспособување на условите во животната средина. Целта е главната поента на еволуцијата.
Еволуцијата не се случува ќоро. Се случува по точно зададените закони на природата. По условите кои ги нуди околината на субјектот.
Му одговорив на твојот имењак, во врска со линкот беше. Whiptail гуштери веќе стотици илјади години во природата со парење меѓу различни видови. Надвор од лабораторија, во природата.

Што дало парењето?
 
Да да. И јас имав порано една еволуција ја чував во шталата. Ја скротивме некако ама ептем дива беше. Тамам почна и млеко да дава. Млекото беше очигледно и проверено со печат од ветеринар.А и примена имаше ралото како го влечеше да знаеш.
Него мене ме интересира со што ја скроти ти твојата. Каков марифет стори.


Ај само кажи ни, кој јузер беше пред да се реинкарнираш во сегашниов:)
 
Нови видови. Почнав цели реченици да јадам... :facepalm:
Ај ќе одморам од форумов.:oops:

Не бе океј си си ти:P

Само мене ме мрзи да читам линкови навечер. Па си прашувам.

Така ми дојде впечатливо дека видовите меѓу себе се пареле, и дале нови видови.

Дали тие што се пареле меѓу себе, навистина биле различни видови?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom