Креационизам наспроти еволуционизам

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Не. не се зезам. Еве. поклониците на ТЕ од форумов, пошто останаа без доказ(и) дека човекот ѓоа настанал од мајмун, ја напуштија таа „теза„ па сега велат дека човекот не мора да настанал од мајмун, туку од нешто „друго„ (а можеби и „трето„). Еве, јас велам дека човекот настанал од камен, па кој сака, нека ме убеди дека сум во криво....

Не од камен, почни да велиш дека човекот и маслинката имаат заеднички предок некаде во филогенетското дрво, па макар тоа било и првото множество праклетки, и си во склад со ТЕ;)
 
Е ако де, не велам не.

Тука прашувам дали истото тоа ќе се случи и во природата, а не под стаклено звоно у лабораторија.

Не е работата да кажеме сега, ете нов вид лизард у лабараторија и оп 100% е точно се од ТЕ.

Не е на одмет малку скептицизам нели.

БАтали ти наслов креационизам против еволуција.

ТОа со други дискутирај го.

Да видиме дали воопшто има некоја фалинка во сето ова, и какви докази да очекуваме за што поголема плаузибилност на ТЕ, и на крај исклучување на зборот теорија. Нели?

Скептицизмот е се освен негативна особина. Доколку не би биле скептични, никогаш не би ги исправиле грешките кои науката ги прави поради икс причини.
Понатаму, сигурно нема да кажеме дека "ете нов вид лизард у лабараторија и оп 100% е точно се од ТЕ." Скраја да е, тоа е работа на оние што веруваат во чуда и слично.
Поентата е дека експериментот ја зацврстува поткрепата на теоријата. Затоа се вика теорија.
Инаку, уште на почетокот на текстот во линкот пишува the whiptail lizards are a proof of that; they've been creating new species themselves for at least several hundred thousand years. Значи, сосем е возможно ова да се случи во неконтролирана средина.
Исклучување на зборот теорија е надвор од мојот домен и видно поле.
 
Не. не се зезам. Еве. поклониците на ТЕ од форумов, пошто останаа без доказ(и) дека човекот ѓоа настанал од мајмун, ја напуштија таа „теза„ па сега велат дека човекот не мора да настанал од мајмун, туку од нешто „друго„ (а можеби и „трето„). Еве, јас велам дека човекот настанал од камен, па кој сака, нека ме убеди дека сум во криво....

Секој обид да некој те убеди во нешто завршува уште и пред да почне...:vozbud:
Безнадежен случај си....:pos:
 
Grand,
применуваш класична замена на тези: слабоста ја претвораш во доблест!
Проѕирно и слабо, разбираш...

Ова е исто како да ми кажеш дека слабоста ја претвораш во доблест така што во битка си го застрелал тој што бил ранет бидејќи те успорувал.
 
Скептицизмот е се освен негативна особина. Доколку не би биле скептични, никогаш не би ги исправиле грешките кои науката ги прави поради икс причини.
Понатаму, сигурно нема да кажеме дека "ете нов вид лизард у лабараторија и оп 100% е точно се од ТЕ." Скраја да е, тоа е работа на оние што веруваат во чуда и слично.
Поентата е дека експериментот ја зацврстува поткрепата на теоријата. Затоа се вика теорија.
Инаку, уште на почетокот на текстот во линкот пишува the whiptail lizards are a proof of that; they've been creating new species themselves for at least several hundred thousand years. Значи, сосем е возможно ова да се случи во неконтролирана средина.
Исклучување на зборот теорија е надвор од мојот домен и видно поле.

ТОа ми е цело време муабетот батка:)

Мозаикот наречен ТЕ има многу делчиња.

Додека се склопат треба време и трпение.
 
ТОа ми е цело време муабетот батка:)

Мозаикот наречен ТЕ има многу делчиња.

Додека се склопат треба време и трпение.

Јас си кажувам со време, науката работи со процент на плаузибилност. Тоа и тоа има толкава шанса да биде вистина бидејќи евиденцијата потенцира на тоа тоа и тоа.'s all there is to it. (y)
 
Секој обид да некој те убеди во нешто завршува уште и пред да почне...:vozbud:
Безнадежен случај си....:pos:

Што бе, мислиш дека човекот не настанал од камен?

Ај докажи! :D
--- надополнето: 13 септември 2012 во 21:43 ---
Јас си кажувам со време, науката работи со процент на плаузибилност. Тоа и тоа има толкава шанса да биде вистина бидејќи евиденцијата потенцира на тоа тоа и тоа.'s all there is to it. (y)

Grand,

една наука, која станала наука, за да биде плаузибилна, треба да даде задоволителни одговори на најголемиот број поставени прашања, разбираш.

ТЕ не само што не може да одговори на азбучно поставени прашања, туку оние најензгодните и‘ ги префрли на абиогенезата.

Јака наука, нема што!
 
Што бе, мислиш дека човекот не настанал од камен?

Ај докажи! :D


Мики не ми одговори каков став има Црквата кон еволуцијата во рамките на еден вид (пример човекот) која е очигледна?
 
Што бе, мислиш дека човекот не настанал од камен?

Ај докажи! :D!
Па... читајки те...
.. ќе да има нешто во твојава теорија...

... се некако добивам впечаток дека тебе ко ти се збори (пишува) е ко на камен да му збориш... :pos::D
 
Grand,

една наука, која станала наука, за да биде плаузибилна, треба да даде задоволителни одговори на најголемиот број поставени прашања, разбираш.

ТЕ не само што не може да одговори на азбучно поставени прашања, туку оние најензгодните и‘ ги префрли на абиогенезата.

Јака наука, нема што!

Мики, одговорите кои ги дава еволуцијата не те задоволуваат само тебе.

Прашањето дали и како сме поврзани со останатите примати. -Одговорено.
Прашањето дали е возможно да ги надминуваме нашите предци? -Одговорено.
Прашањето дали луѓето пред 2.000, 10.000, 100.000 години биле различни од она што сме денес. -Одговорено.

Веќе не можам да ја разберам твојата одбивност кон еволуцијата а сепак одбираш да чекориш по тенкиот конец на сомнителни вистини кој ти го нуди твојата вера.

Еволуцијата е одговорна за промените во организмите низ генерациите.
туку оние најензгодните и‘ ги префрли на абиогенезата.
Ова е твоја лична пресумција.
 
Мики не ми одговори каков став има Црквата кон еволуцијата во рамките на еден вид (пример човекот) која е очигледна?

Биди поконкретен: во што се состои очигледноста?

Она кое за Црквата е повеќе од јасно, тоа е дека сите видови и родови се запазуваат самите себе, преку репродукција, во рамките од својот вид/род, без мешање, по принципот „слично се препознава со слично„. Паралелно со тој процес на самозапазување, постои и ентрописки процес на неповратно дегенерирање, согласно ниво‘то од ентропија во животната средина.
--- надополнето: 13 септември 2012 во 21:59 ---
Мики, одговорите кои ги дава еволуцијата не те задоволуваат само тебе.

Прашањето дали и како сме поврзани со останатите примати. -Одговорено.
Прашањето дали е возможно да ги надминуваме нашите предци? -Одговорено.
Прашањето дали луѓето пред 2.000, 10.000, 100.000 години биле различни од она што сме денес. -Одговорено.

Веќе не можам да ја разберам твојата одбивност кон еволуцијата а сепак одбираш да чекориш по тенкиот конец на сомнителни вистини кој ти го нуди твојата вера.

Еволуцијата е одговорна за промените во организмите низ генерациите.
Ова е твоја лична пресумција.

Еве уште еден атрибут, кој мора да го има секоја наука, која сака да биде наука, а тоа е способноста од предвидвање на одредени настани во иднината, како што тоа го има, на пример, физиката и нејзините предвидувања за појавата на можни и потребни суб-атомски честички.

Што ќе кажеш на оваа потреба, кога самите идолопоклоници на ТЕ велат дека еволуцијата делува ќоро, слепо, без посебна цел...Што може ТЕ да предвиди како можна насока или појава на нови видови живи битија, а тоа да не биде лабораториско насилие врз постојните битија, а именувано како „еволутивен скок„ и „појава„ на „нов„ вид?.
 
Ај вака да прашам за ваше мислење за следново.

На некои од британскиве сајтови за генетика, имаше шпекулација дека еволуцијата можеби е синусоида а не бесконечен процес во еден правец.

Значи типовите тврдеа дека еволуцијата секогаш има минимум и максимум и растење и опаѓање соодветно.
Велеа дека сме во период кога синусоидата се симнува кон минимумот, а тоа значи исчезнување на живиот свет.
И потоа низа милениуми до нов почеток.

Го поткрепуваа со некои паднати делови од метеорит во Сибир и содржината во нив, како и со градбата на силициумските алги на кои не им треба кислород за да преживеат.

НАведоа дека нели во последниве неколку илјади години сведоци сме само на изумирање на видови, а не и на создавање нови.

За жал не обрнав тогаш внимание многу на подетланото објаснување, туку само на болдот и сликите.

А најважното беше дека еволуцијата е синусоида и ние се движиме кон минимумот.

Ако некој е запознаен повише за ова, би било убаво да сподели поише инфорамции.
--- надополнето: 13 септември 2012 во 22:04 ---
Биди поконкретен: во што се состои очигледноста?

Она кое за Црквата е повеќе од јасно, тоа е дека сите видови и родови се запазуваат самите себе, преку репродукција, во рамките од својот вид/род, без мешање, по принципот „слично се препознава со слично„. Паралелно со тој процес на самозапазување, постои и ентрописки процес на неповратно дегенерирање, согласно ниво‘то од ентропија во животната средина.

Ок де.

Тоа запазување на самите себе, нели е дел од еволуцијата?

Дали црквата прифаќа дека човекот на времето живеел во пештерите и немал таков интелект како сега?

Или стои на фактот дека пред 8 илјади години е создаден Адам и сите други после него, вакви какви што сме сега, без некои поголеми промени во физикусот и интелектот?
 
Јас колку што знам ТЕ не тврди дека човекот настанал од мајмун туку дека приматите (мајмуните и човекот) имаат заеднички предок...или грешам?
 
Јас колку што знам ТЕ не тврди дека човекот настанал од мајмун туку дека приматите (мајмуните и човекот) имаат заеднички предок...или грешам?

Не грешиш:P

Така вели.
 
Статистички, дневно изумираат по 130 видови живи битија.

Дегенерацијата на живите битија, а тука е и човекот, е производ од општата дегенерација на нашата животна средина, која не е последица само од природните неповратни ентрописки процеси, туку најмногу од човековиот упад во природните процеси и нивна девастација, со т.н. индустриска револуција, која до максимум ја загади почвата, водата и воздухот, кои , како „фид-бек„, негативно влијаат и врз луѓето. Така, неплодноста кај луѓето расте, со тоа што се‘ повеќе брачни парови не неспособни за природна репродукција на родот човеков.

Или, како што би рекол мојот омилен професор: некој како да ја притиснал клепсидрата во горната половина, која насилно и забрзано се празни кон дното...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom