Статистички, дневно изумираат по 130 видови живи битија.
Дегенерацијата на живите битија, а тука е и човекот, е производ од општата дегенерација на нашата животна средина, која не е последица само од природните неповратни ентрописки процеси, туку најмногу од човековиот упад во природните процеси и нивна девастација, со т.н. индустриска револуција, која до максимум ја загади почвата, водата и воздухот, кои , како „фид-бек„, негативно влијаат и врз луѓето. Така, неплодноста кај луѓето расте, со тоа што се‘ повеќе брачни парови не неспособни за природна репродукција на родот човеков.
Или, како што би рекол мојот омилен професор: некој како да ја притиснал клепсидрата во горната половина, која насилно и забрзано се празни кон дното...
Микиии.. и после ова се уште си на мислење дека сме резултат на креација?
... зар може креаторот до толку да утнал?