Секоја помага во улична борба ако си тренирал удари и ако ти се рацете тренирани за борба и кај сите треба сила, храброст и брзина
.
На крај тој што е поспремен, има повеќе кондиција и е појак ќе тепа а еден добар кик боксер не е ништо послаб од тип што тренирал Крав Мага инаку сите вештини ќе изумреа досега па само една ќе останеше
.
Не можи да изумрат, фактички сите вештини денеска се со потекло од една традиционална, е сеа од неа се дели џудо, аикидо, карате па што знам уште што имаше, ама знам за џудото пошто го имам тренирано и не е многу старо како техника е усовршено скоро 200 години а може и помалце.
Тоа е како што порано имало класична музика, па од неа произлегуват повеќе други стилови на музика
Џудото денеска е издвоено со техники, за совладување на непријателот користејќи ја неговата нерамнотежа или доведување до точка на рамнотежа, користејќи ја твојата стабилност рамнотежа и брзина. Се што треба е да чекаш пријателот да нападни, одбегаваш боксови а кога имаш шанса едноставно го вадиш од рамнотежа и го совладуваш, фактички тоа е ненасилен облик на борба, во која се чека другиот да започни борба и само се одбрануваш тука нема напад.
Према мене и не користи кој знае колку за секој, има луѓе што сакат да го скршат од ќотек противникот, а има луѓе што сакат да си останат мирни и едноставно користат џудо.
Боречки вештини за секој