Крај на светот (сценарија)

  • Креатор на темата Креатор на темата bobi2008
  • Време на започнување Време на започнување
Еве еден цитат од Библијата...
Земјата ќе се разбие грозно, земјата ќе се распука страшно, земјата ќе се стресе силно, земјата ќе се залула како пијаница, ќе се заниша како колиба, толку ќе и стежне нејзиното беззаконие, што ќе падне и веќе не ќе стане.
Бирајте на што ви личи..земјотрес, комета,а-бомба,Бог..
 
На ова највеќе ми личи...и воопшто не ми се допаѓа, ама...:toe:
 
Точно е тоа дека сами ќе се унистиме како суштества на планетава !!! ама после 5 милиони години ... самата природа ќе се обнови. Кога ќе не уништи нас како загадувачи и како само унистувачи на природата тааа тоа нормално више и почиња да ни го враќа и кога ќе не докусури пак ќе почне нов живот и така !!
А може нормално и да падне метеор ...
Може и Сонцето пошто е ѕвезда ... а секоја ѕвезда се шири и експлодира и ги уништува сите планети околу неа тоа е тоа. :(
 
Сигурно е дека животот на земјата ќе го снема со "умирањето" на Сонцето за околу 5 милијарди години.
Што мислите, дали Земјата ќе издржи до тогаш?
Ќе издржи земјата али дали ќе има жив свет....100% сум сигурен дека нема да има ништо туку ќе биде се пусто
 
kablammo.gif

Tempting, tempting...

Убаво ви објасна :toe:
 
Јас мислам дека нема да згасне, не она што се вика жива материја, жива клетка. Никогаш. Само сигурно дека еволуцијата продолжува напред, диктирајќи ги карактеристиките на новите видови. Неспособните и неадаптираните ќе исчезнат, а поснаодливите и поадаптирани ќе продолжат напред, со еволуцијата, заедно со еволуцијата на Земјата.
 
Абе никој незнае што ќе се случти со земјата..еве јас ќе ви копирам нешто што го имаше НАСА изјавено на ТВ дека голема, да ја наречам "отровна прашина" се движела кон нашата галаксија и нз по колку години ќе била тотално уништена, а за побрзо од тоа време (како што вика НАСА и дека имало навлезено мал дел од таа прашина во галаксијава наша) ќе почнел огномет врз земјата. Еве ви подетално видете сами: http://www.tocka.com.mk/vest.php?vest=7261
 
доколку неможите да го отворите еве ова го пишува:
Огромен облак од водороден гас е на пат да се судри со нашиот Млечен Пат. Кога ќе се судрат, по 40 милиони години од сега, треба да се создаде огромен регион, каде ќе се формираат ѕвезди. Всушност, не ни треба да чекаме многу, бидејќи работ од овој облак веќе почнал да се замешува со нашата галаксија. Уште малку, па ќе почне огнометот.

Станува збор за Смитсовиот облак (Smith's Cloud), именуван по астрономот кој го открил во 1963 година. Долг е 11 000 светлински години, а широк 2 500 с.г. и содржи доволно водород за да се создадат милиони ѕвезди со маса колку нашето Сонце.

Smith_cloud.jpg

"Смитсовиот облак е на пат да се судри со нашиот Млечен Пат. Фотографијата е направена со помош на телескопот во опсерваторијата Грин Бенк."

Според научниците од Националната опсерваторија за радио астрономија на САД, кои ги правеа последните набљудувања на облакот, тој е оддалечен 8 000 светлински години од дискот на Млечниот Пат и се движи кон нас со брзина од 240 километри во секунда. Најверојатно гасот е остаток од создавањето на Млечниот Пат или се работи за гас извлечен од соседна галаксија. Многу од ѕвездите што ќе се создадат ќе бидат масивни, ќе имаат брз живот и ќе експлодираат како супернови.

Smith_cloud_impact_art.jpg

"Уметнички приказ за тоа како би изгледал судирот. Опасност за Сончевиот систем нема да има, со оглед на тоа што Сонцето (обележано со жолта точка) ќе биде доста оддалечено од регионот каде би се случило спојувањето на Млечниот Пат со облакот од гас (обележан со црвено)."

Инаку, си до последните истражувања астрономите не беа сигурни дали облакот е дел од Млечниот Пат, дали е исфрлен од галаксијата или пак паѓа кон неа. Доколку би можел да се види на ноќното небо, глетката би била импресивна - би бил голем колку соѕвездието Орион. Колку што е познато, целиот облак се состои од гас, и во него не е пронајдена ни една ѕвезда.
 
Уф незнам...Нема никогаш да згасне, можда се ќе прекине за момент, и од поново ќе почне пак...
 
kako i da e spektakularno ke e. blaze si im na tie so ke go gledet.

se zezam.... inace najverovatno ke e nekoja cuma sve ke sotrit. za inaet moj.
 
Сигурно е дека животот на земјата ќе го снема со "умирањето" на Сонцето за околу 5 милијарди години.
Што мислите, дали Земјата ќе издржи до тогаш? Дали ќе падне некое небеско тело, дали човекот со војните и многубројните оружја за масовно уништување ќе придонесе во уништувањето на поголемиот дел од животот, дали ќе придонесат некакви болести, климатски промени, и слично, или човекот толку ќе напредне во технологијата што ќе може да го спречи уништувањето?
Или додадете некои ваши мислења.

Земјата сигурно ќе издржи до тогаш. Гледав на еден документарец дека земјата ќе “живее“ уште толку колку што е стара. Може да ја замислиме како човек стар околу 50-ина години. :)

На друг документарец гледав како научнициве открија дека нашава планета е стара 13,7 милијарди години.

Значи планетава ќе си поживее уште околу 13,7 милијарди години.:)

Е сега,открија и дека ако постојат луѓето до тогаш (ако не се самоуништиме) ќе се преселат на друга планета (ама во многу мал број), пред да се уништи нашата. Открија дека постои таква планета, нешто слична како земјата, и ќе мора да се однесе вода, нешто беше како,само таму имало услови за водата “да опстане“,да речам (мислам дека вака нешто слично беше, не сум баш сигурна). И мислам дека таа планета беше значително поголема од планетата земја (ама не сум баш сигурна,навечер го гледав,кај 2 саат и не ми текнува точно).
Ако ми текне уште нешто ќе пишам.:helou:
 
Значи планетава ќе си поживее уште околу 13,7 милијарди години

Tоа што си го гледала на документарна програма скоро секогаш лажат .. неможат да релеат дека има уште една планета ааа вселенава крија уште кизнај колку мистерии и плус кој живеел од сегашниве луѓе или кој ќе зивее за да се знај колку ќе "живее" нашава земја. Ај прочитај го ова: http://www.tocka.com.mk/vest.php?vest=7261
 
Научниците сметаат дека вселената е стара 13,7 милијарди години, а Земјата околу 4,5 милијарди.
 
Моето мислење веќе го прочитав во неколку претходни постови, мислам дека човечтвото ќе се самоуништи (веќе е на пат), а потоа земјата пак ќе се обнови и пак ќе се роди нешто на неа... што незнам но мислам дека и тоа ќе бидат некои живи материи.. не мора да значи луѓе. :toe:...
 
Tоа што си го гледала на документарна програма скоро секогаш лажат .. неможат да релеат дека има уште една планета ааа вселенава крија уште кизнај колку мистерии и плус кој живеел од сегашниве луѓе или кој ќе зивее за да се знај колку ќе "живее" нашава земја. Ај прочитај го ова: http://www.tocka.com.mk/vest.php?vest=7261

го прочитав уште пред да пишам

Јас само кажав тоа што сум гледала, вие ако сакате согласете се со тоа ако не сакате не морате.
А тоа колку е точно не знам. А ни вашето колку е точно не знам, ни ти не можеш да бидеш сигурен во тоа твоето.

Научниците сметаат дека вселената е стара 13,7 милијарди години, а Земјата околу 4,5 милијарди.

А за ова да, може да беше вака. Моја грешка, сум помешала:smir:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom