Ковчегот постои. Во последната документарна серија која ја гледав имаше една емисија со наслов "Што кријат стените под Ерусалим" во која се вели дека ковчекот е сместен во една од пештерите под градот на ридот Морија, на местото каде порано бил храмот а денеска е останат само еден зид од истиот. Тоа е оној истиот зид на кој Евреите и денеска се молат. Ковчекот таму бил пренесен од некој пророк (сега не можам да се сетам на името) кој добил наредба од Бога да со засолни ковчегот се до моментот кога луѓето повторно би требало да го видат и да поверуваат во Бога а тоа би се случило во моментот кога Бог би прекинал да ги чека луѓето да влезат во покајание.
Мислам дека во 50тите години и имало некое истражување и дека го пронашле затрупаниот влез во пештерата но дека другите верски заедници (муслиманите и Евреите) кои имаат храмови на ова место се спротивставиле на идејата да се продолжи со ископувањето бидеќи имало можност да ги сруши и нивните објекти.
Мислам дека оваа оваа документарна емисија може да се погледне и овдека:
http://video.google.com/videoplay?docid=8923126273935429673