Космос, Хаос, Слобода...

Има едноставно решение: возете точак.
 
Според законите на термодинамиката ентропијата значи нередот односно хаосот во изолиран систем мора да се зголемува.
Поимот ентропија е прв пат воведен во термодинамиката. Денес се користи на многу други научни области како „ мерка за нередот “ - но мислам дека ентропијата нема такво значење во термодинамиката.
Во термодинамиката ентропијата ја дефинирал Клаузиус во 1865 со изразот S = Q/T или во диференцијален облик dS=dQ/T
каде што S е ентропија Q - количество топлина и Т - апсолутна температура.
Идејата е следна:
Топлината може да се пренесува само од потопло на постудено тело. Потоплото тело испушта одредено количество топлина, а постуденото тело ја прима истата количина топлина. Како да оцениме дали во одреден затворен систем ќе се врши размена на топлина?
Количеството топлина која се разменува не е физичка величина која го карактеризира затворениот систем, но ентропијата е.
Ако Т1 е повисока температура, а Т2 пониска температура, при преминување на топлина од потоплото кон постуденото тело вкупната ентропија ќе се зголеми за:
delta S = Q/T2 - Q/T1
На овој начин, Вториот закон на термодинамиката се дефинира дека термодинамичките процеси се одвиваат во насока да вкупната ентропија на системот се зголемува. И има друго значење - дека топлината која е пренесена од потоплото кон постуденото тело не може обратно да се врати ниту е можно од неа да се добие механичка работа. Затоа е наречена ентропија έντροπή- премин кон внатре, за разлика од ектропија- кој преставува енергија која може да се пренесува и од неа да се добие работа.
Според Вториот закон на термодинамика постои поим на „термодинамичка смрт “ на системот. Ако во затворениот систем не постојат температурни разлики, односно ако е достигната максималната ентропија - нема да постои ни размена на топлина. Системот во кој не постојат температурни разлики има максимална ентропија.

Во 1897 Болцман , за потребите на Кинетичката теорија на гасовите ја поврзал ентропијата со веројатноста да се појави одредена состојба. , Болцман ја дефинирал ентропијата како S = k*lnW. Каде што S e ентропија, lnW е природен логаритам од веројатноста да се појави некоја состојба. а k е болцманова константа.
Ќе појаснам со пример:
Во мојата дневна соба има воздух составен од х молекули. Ако собата ја поделам на два еднакви дела, најголема веројатност има дека во двата дела бројот на молекули е еднаков, односно тоа е состојба на најголема ентропија. Можно е да се појави ситуација кога сите молекули ќе бидат во едната половина на собата, но тоа е со мала веројатност односно има мала ентропија.
Од дефиницијата на Болцман поимот ентропијата, поврзан со веројатноста да се појави одредена состојба, е превземен во други науки како „ мерка за неуреденост “.или „ мерка на хаосот “.
Јас го користам поимот ентропија само во термодинамиката, бидејќи термодинамиката е Космос, каде важат физичките закони, но повели користи го овој термин и во дефинирање и опишување на Хаосот
 
Поимот ентропија е прв пат воведен во термодинамиката. Денес се користи на многу други научни области како „ мерка за нередот “ - но мислам дека ентропијата нема такво значење во термодинамиката.
Во термодинамиката ентропијата ја дефинирал Клаузиус во 1865 со изразот S = Q/T или во диференцијален облик
Делот
каде што S е ентропија Q - количество топлина и Т - апсолутна температура.
Идејата е следна:
Топлината може да се пренесува само од потопло на постудено тело. Потоплото тело испушта одредено количество топлина, а постуденото тело ја прима истата количина топлина. Како да оцениме дали во одреден затворен систем ќе се врши размена на топлина?
Количеството топлина која се разменува не е физичка величина која го карактеризира затворениот систем, но ентропијата е.
Ако Т1 е повисока температура, а Т2 пониска температура, при преминување на топлина од потоплото кон постуденото тело вкупната ентропија ќе се зголеми за:
delta S = Q/T2 - Q/T1
На овој начин, Вториот закон на термодинамиката се дефинира дека термодинамичките процеси се одвиваат во насока да вкупната ентропија на системот се зголемува. И има друго значење - дека топлината која е пренесена од потоплото кон постуденото тело не може обратно да се врати ниту е можно од неа да се добие механичка работа. Затоа е наречена ентропија έντροπή- премин кон внатре, за разлика од ектропија- кој преставува енергија која може да се пренесува и од неа да се добие работа.
Според Вториот закон на термодинамика постои поим на „термодинамичка смрт “ на системот. Ако во затворениот систем не постојат температурни разлики, односно ако е достигната максималната ентропија - нема да постои ни размена на топлина. Системот во кој не постојат температурни разлики има максимална ентропија.

Во 1897 Болцман , за потребите на Кинетичката теорија на гасовите ја поврзал ентропијата со веројатноста да се појави одредена состојба. , Болцман ја дефинирал ентропијата како S = k*lnW. Каде што S e ентропија, lnW е природен логаритам од веројатноста да се појави некоја состојба. а k е болцманова константа.
Ќе појаснам со пример:
Во мојата дневна соба има воздух составен од х молекули. Ако собата ја поделам на два еднакви дела, најголема веројатност има дека во двата дела бројот на молекули е еднаков, односно тоа е состојба на најголема ентропија. Можно е да се појави ситуација кога сите молекули ќе бидат во едната половина на собата, но тоа е со мала веројатност односно има мала ентропија.
Од дефиницијата на Болцман поимот ентропијата, поврзан со веројатноста да се појави одредена состојба, е превземен во други науки како „ мерка за неуреденост “.или „ мерка на хаосот “.
Јас го користам поимот ентропија само во термодинамиката, бидејќи термодинамиката е Космос, каде важат физичките закони, но повели користи го овој термин и во дефинирање и опишување на Хаосот

Делот dS=dQ/T ти е содржан во болзмановата S = k*lnW. W е број на степени на слобода на молекулата, и во зависност од сложеноста на молекулата може да има повеќе, но еден е сигурно линеарното движење на молекулата, што ја преставува температурата преку кинетичката енергија на молекулата mv^2/2.

Кога се ова ќе го собереш заедно, ја добиваш пософистицараната форма на вториот закон: топлина не може да помине од поладно напотоплотело КАКО ЕДИНСТВЕН термодинамички процес. Затоа имаш фрижидери кои пренесуваат топлина од поладно на потопло, а ако му туриш парна машина на фрижидерот, ќе прави и работа префрлајќи топлина од поладно кон потопло. Целата финта е што треба ентрописки да платиш дополнително за се тоа.
 
Ќе ви одржев и на двајцата по една лекција, но нема да спуштам на такво ниво бидејќи базичните науки се инфериорни. :icon_lol:
 
Кои се критериумите да некоја појава ја окаректиризираме како Космос, а некоја како Хаос?
На пребарувачот на страницата Тајм мк, го отчукав поимот хаос и ми се појавија 22 написа во медиумите од 1 мај 2013 до денес во кој е користен зборот хаос.
Можете да погледате на
http://www.time.mk/?search=news&query=хаос
тука има написи дека: Боки 13 предизвикал хаос на фејсбук, За изложбата во Метрополитен музејот: Панк: Од хаос до висока мода, Се појавил хаос во сообраќајот во Битола, поради поројните дождови; Аба Карабатиќ направила хаос на коцертот во Кошутњак ( тоа е изгледа некоја пеачка); При наплата на патарина на влезот во Скопје се појавил хаос; Дека вистински хаос се случувал во населбата Топана при апсења; Во Тетово имало сообраќаен хаос; Во Сплит настанал хаос при фудбалски меч на локалните ривали. Некој филм направил хаос во Белата куќа, Некој гостин во пицерија направил хаос,Двајца затвореници се тепале во Идризово
Поимот Космос ретко се користи во вообичаениот говор затоа не можеме да споредуваме, но очигледно дека во одредувањето на тоа што претставува Хаос, а што Космос сме многу субјективни или да се изразам слично како во весниците:
Во користење на поимот Хаос, владее вистински хаос!
 
Дали ќе се сложите се мене ако кажам дека субјективно одредуваме што представува Космос а што Хаос?
Ние сме уверени дека одлика на секој Човек е свеста и разумот. И тврдиме дека по тоа се разликуваме од другите животински врсти кои постојат на планетава.
Способноста на мислење е одлика на секој човек.
А што се случува во процесот на мислење?
Од околината, со помош на своите сетила забележуваме одредени појави. Информациите за набљудуваните појави , се собираат во нашиот мозок и ние ги „ обработуваме “. При тоа ги користиме поранешните искуства, сеќавања, представи, асоцијации, чувства, потреби и слично. И врз основа на тоа донесуваме заклучоци. А сето тоа што го правиме во процесот на мислење е многу субјективно.
Како тогаш објективно да одредиме што представува Космос а што Хаос?
 
Не е можно, ние сме крајно субјективни во однос на се околу нас, едноставно така сме направени. Нашите одлуки и дела се базираат секогаш на емоции и мотиви, мислењето го користиме само за да ги задоволиме нив, често ова не го признаваме лажејќи се себе и другите дека ете сме објективни.....
 
Вечерва со @Змејко и размениве 4 поста на темата историја - етногенеза на Македонците.
Тоа се постовите на страна 9 со броевите 128, 129, 131 и 132
Кој има трепение може да погледа што сме напишале
http://forum.kajgana.com.mk/threads/Етногенезата-на-Македонците.33107/page-9#post-5884758
Ова дискусија ме наведе на едно друго размислување.
Постои Устав, закони, а тоа всушност представува Космос.
Но постои алчност, криминал... а тоа представува Хаос и е представено со зонското паркирање
Во случајот со зонското - очигледно победува Хаосот, односно победуваат зонашите кои се криминалци.
Дали ова значи правило дека Хаосот е посилен од Космосот?
Какво е Вашето мислење?
 
Брате Смрт (ил слобода), хаосот е секогаш посилен од космосот. Секој систем тежнее кон зголемување на хаосот, освен ако не инвестираш енергија да го намалиш хаосот.
Но, твоиве споредби не соодветвуваат на термините. Зонашите спроведуваат ред и поредок, што е намалување на хаосот. Покрај спроведување на ред, тие го зголемувааат градиентот на сиромашни-богати (богатејќи се самите), што е уште еднаш намалување на хаосот, или според тебе козмос. Она за што ти се залагаш е хаос, состојба со многу степени на слобода, која води кон дисорганизација на системот (било кој систем, не само оној за паркирање).

космосот не е измислен за тебе, тотално е незаинтересиран за твоите потреби и проблеми, и ич не му е гајле што правиш ти.
 
Космосот е создаден од хаос и тежнее кон него, редот е вештачки создаден од луѓето, нередот е смртта кон хаосот сите се движиме.
 
LetMeSea Змејко и
Ме збунија вашите ставови
Дали можеме да тврдиме дека Космосот воопшто не постои?
Односно дека ние сме го измислиле постоењето на Космосот, бидејќи така ни одговара.
Ајде да погледаме што би значело тоа за меѓусебните односи помеѓу лугето
Можеме да сметаме дека општеството представува Хаос. Но секој човек сигурно представува Микрокосмос.
Ако е така, обидот да се усогласат Микрокосмосите на повеќе луѓе би представувал Космос. Затоа сме создале морални норми и закони кон кои се придржуваме.
Но постојат некои работи кај луѓето кои не зависат дали има или нема закони. На пример секое новороденче на година и пол ќе прооди, а на две години ќе прозбори, на 14 години ќе влезе во пубертет и така натаму се до крај кога на 70 години ќе умре.
И сето ова ќе се случи без обзир на надворешната ситуација
 
Случувањата во Турција, го задржуваат вниманието на голем број учесници во Форумов, затоа да ги проанализираме од аспект на темава за која дискутираме.
Во Турција наводно владее хаос. Граѓаните се на улица. Но кој се тие граѓани и кој се нивните барања?
На минатите избори во Турција победија исламистите на Ердоган освојувајќи најголем процент гласови. И сега, бидејќи сите граѓани се на улица, логично е да сметаме дека најголем процент на демонстрантите на минатите избори гласале токму за Ердоган. Сега истите тие кои претходно гласале за него, бараат негова смена.
Што се случило во меѓувреме?
Сигурно е дека, за ова кратко време, Ердоган не ги сменил своите ставови.
Исто е сигурно дека и секој граѓанин поединечно не ги сменил своите ставови.
Но ете се јавува ваква навидум нелогична ситуација.
Мој одговор за ваквиот парадокс е дека ова е последица на Хаосот, односно непредвидивоста.
А ова наведува на заклучок дека Хаосот е доминантен во општествените односи
Мислам дека ова го знаат тие кои се власт, затоа постојано предизвикуваат контролирани хаоси за да ја задржат власта
 
Вчера се сретнав со еден познат и го прашав за неговото мислење дали постои еден или повеќе Хаоси односно Космоси.
Тој смета дека постои само еден Космос и само еден Хаос. Бидејќи ако постојат повеќе Космоси тоа би представувало Хаос.
Јас не мислам така и мислам дека постојат повеќе Космоси и Хаоси кој често се судруваат и трансформираат еден во друг.

На пример, постојат две момчиња и секој од нив претставува свој Микрокосмос.
И тие двајца, на пример, се заљубуваат во иста девојка.
И настанува Хаос, бидејќи не е извесно чие додворување девојката ќе прифати.
 
На нашиов Форум е отворена интересна тема за силувањето како воено оружје:

http://forum.kajgana.com/threads/Силувањето-како-своеврсно-воено-оружје.69011/

Можете да погледате има интересни мислења. Се работи за мажи кој во услови на војна, односно во услови на опасност за сопствениот живот одлучиле да вршат насилство врз жени.
И се га се поставува прашањето: Дали е таквото однесување последица на околностите или во природата на секој човек е такво однесување. Никогаш не ми паднало на ум да силувам, но можам да замислам како тоа ќе изгледа. Треба да ја тепаш жртвата речиси до без сознание, да ја застрашуваш и во таква полумртва состојба да имаш полов однос, со повредена, измрцварена, раскрвавена и понижена жена.
Се разбира дека таков однос не ни личи на нормален сексуален однос, во таков однос нема ништо друго освен насилство, однос треба да уживашно во мачењето на жената, а тоа нема врска со сексуалните задоволства, но ете има не мал број луѓе кои тоа го направиле. Таквото однесување не е карактеристично за Космос, туку за Хаосот.
Еве друг пример: Зонашите уживаат кога ставаат лисици. Тие се кријат на самото паркиралиште и кога жртвата ќе ја остави колата, веднаш и ставаат блокатор. И кога жртвата ќе дојде се силни, почнуваат да се изживуваат со приказни: зошто не си платил, ај сега да платиш и тн
Што е најстрашно има и граѓани - случајни минувачи кои се радуваат на ситуацијата. Ако, ако... убаво му направија на сељаков од Драчево.... така и му требе и тн.
Какво е Вашето мислење, зошто така се однесуваме?
 
Имате надеж дека после милиони светлосни години нештата ке си постигнат совршен ред , но што ке биде тогаш , кога ке нема што да се средува и ништо нема да се случува ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom