Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Поимот ентропија е прв пат воведен во термодинамиката. Денес се користи на многу други научни области како „ мерка за нередот “ - но мислам дека ентропијата нема такво значење во термодинамиката.Според законите на термодинамиката ентропијата значи нередот односно хаосот во изолиран систем мора да се зголемува.
Поимот ентропија е прв пат воведен во термодинамиката. Денес се користи на многу други научни области како „ мерка за нередот “ - но мислам дека ентропијата нема такво значење во термодинамиката.
Во термодинамиката ентропијата ја дефинирал Клаузиус во 1865 со изразот S = Q/T или во диференцијален облик
Делот
каде што S е ентропија Q - количество топлина и Т - апсолутна температура.
Идејата е следна:
Топлината може да се пренесува само од потопло на постудено тело. Потоплото тело испушта одредено количество топлина, а постуденото тело ја прима истата количина топлина. Како да оцениме дали во одреден затворен систем ќе се врши размена на топлина?
Количеството топлина која се разменува не е физичка величина која го карактеризира затворениот систем, но ентропијата е.
Ако Т1 е повисока температура, а Т2 пониска температура, при преминување на топлина од потоплото кон постуденото тело вкупната ентропија ќе се зголеми за:
delta S = Q/T2 - Q/T1
На овој начин, Вториот закон на термодинамиката се дефинира дека термодинамичките процеси се одвиваат во насока да вкупната ентропија на системот се зголемува. И има друго значење - дека топлината која е пренесена од потоплото кон постуденото тело не може обратно да се врати ниту е можно од неа да се добие механичка работа. Затоа е наречена ентропија έντροπή- премин кон внатре, за разлика од ектропија- кој преставува енергија која може да се пренесува и од неа да се добие работа.
Според Вториот закон на термодинамика постои поим на „термодинамичка смрт “ на системот. Ако во затворениот систем не постојат температурни разлики, односно ако е достигната максималната ентропија - нема да постои ни размена на топлина. Системот во кој не постојат температурни разлики има максимална ентропија.
Во 1897 Болцман , за потребите на Кинетичката теорија на гасовите ја поврзал ентропијата со веројатноста да се појави одредена состојба. , Болцман ја дефинирал ентропијата како S = k*lnW. Каде што S e ентропија, lnW е природен логаритам од веројатноста да се појави некоја состојба. а k е болцманова константа.
Ќе појаснам со пример:
Во мојата дневна соба има воздух составен од х молекули. Ако собата ја поделам на два еднакви дела, најголема веројатност има дека во двата дела бројот на молекули е еднаков, односно тоа е состојба на најголема ентропија. Можно е да се појави ситуација кога сите молекули ќе бидат во едната половина на собата, но тоа е со мала веројатност односно има мала ентропија.
Од дефиницијата на Болцман поимот ентропијата, поврзан со веројатноста да се појави одредена состојба, е превземен во други науки како „ мерка за неуреденост “.или „ мерка на хаосот “.
Јас го користам поимот ентропија само во термодинамиката, бидејќи термодинамиката е Космос, каде важат физичките закони, но повели користи го овој термин и во дефинирање и опишување на Хаосот
Не е можно, ние сме крајно субјективни во однос на се околу нас, едноставно така сме направени. Нашите одлуки и дела се базираат секогаш на емоции и мотиви, мислењето го користиме само за да ги задоволиме нив, често ова не го признаваме лажејќи се себе и другите дека ете сме објективни.....Дали ќе се сложите се мене ако кажам дека субјективно одредуваме што представува Космос а што Хаос?
Ние сме уверени дека одлика на секој Човек е свеста и разумот. И тврдиме дека по тоа се разликуваме од другите животински врсти кои постојат на планетава.
Способноста на мислење е одлика на секој човек.
А што се случува во процесот на мислење?
Од околината, со помош на своите сетила забележуваме одредени појави. Информациите за набљудуваните појави , се собираат во нашиот мозок и ние ги „ обработуваме “. При тоа ги користиме поранешните искуства, сеќавања, представи, асоцијации, чувства, потреби и слично. И врз основа на тоа донесуваме заклучоци. А сето тоа што го правиме во процесот на мислење е многу субјективно.
Како тогаш објективно да одредиме што представува Космос а што Хаос?
Брате Смрт (ил слобода), хаосот е секогаш посилен од космосот. Секој систем тежнее кон зголемување на хаосот, освен ако не инвестираш енергија да го намалиш хаосот.Вечерва со @Змејко и размениве 4 поста на темата историја - етногенеза на Македонците.
Тоа се постовите на страна 9 со броевите 128, 129, 131 и 132
Кој има трепение може да погледа што сме напишале
http://forum.kajgana.com.mk/threads/Етногенезата-на-Македонците.33107/page-9#post-5884758
Ова дискусија ме наведе на едно друго размислување.
Постои Устав, закони, а тоа всушност представува Космос.
Но постои алчност, криминал... а тоа представува Хаос и е представено со зонското паркирање
Во случајот со зонското - очигледно победува Хаосот, односно победуваат зонашите кои се криминалци.
Дали ова значи правило дека Хаосот е посилен од Космосот?
Какво е Вашето мислење?