GoD.HateUSaLL
Фар акрос д диштанс
- Член од
- 30 март 2008
- Мислења
- 8.339
- Поени од реакции
- 8.238
Едноставно е, „Не го прави она што не сакаш да ти биде направено тебе“... И нека биде Слобода! :
Ако е едноставно, придржувај се

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Едноставно е, „Не го прави она што не сакаш да ти биде направено тебе“... И нека биде Слобода! :
Ако е едноставно, придржувај се![]()
Нормално. Не сум од тие само што солат памет...
Мене кој ќе ме лајкне за доброто дело?![]()
Се вели дека еден хаотичен систем е детерминистички настроен, односно дека и покрај неговото хаотично однесување истиот може однапред да се предвиди. Во суштина многу теоретичари тврдат дека хаотичното однесување на даден систем во целост зависи од надворешните фактори, односно дека доколку еден "хаотичен" систем е целосно изолиран од надворешните дејствија тој како таков ќе продолжи да ја мапира својата детерминистичка патека на движење со евентуално целосно повторување.За Хаосот е карактеристично дека системот се однесува на начин кој однапред не може да се предвиди.
Ако една мајка влезе во собата на своето дете и му рече: „Играчките ти се хаос - суредија си ја собата. “
Тоа воопшто не е Хаос - бидејќи ништо непредвидиво нема да се случи, ако детето не ја суреди својата соба.
Истото важи и ако престане наплатата на паркирање. Што непердвидиво ќе се случи ако директорите престанат да наплатуваат?
Непредвидивоста на Хаосот е спротивна на Детерминизмот.
Детерминизмот претпоставува одреденост и еднозначност.
Ви предлагам да нешто напишете за Детерминизмот.
Ова е тема Филозофија и нема да биде штета да се обидете.
Според мене, хаосот како детерминистички систем но непредвидлив на долги стази може целосно да се стави под контрола од таканаречените краткорочни планови, тенденции. Има многу поука во реченицата немој да живееш во минатото, не живеј за иднината туку живеј го моментот.
Од тука слободната воља, и самата слобода како поим се поврзува со тоа да го правиме токму она што го посакуваме но со тоа наше дејствување да не рушиме нечиј друг систем.
Како ова е поврзано со човечката перцепција и нашиот внатрешен хаос и мир?
Во твојот пост има работи кој ме замислија, а делот што го одвоив посебно ме заинтригира. Прашањето на избор, можеби значи прашање, дали имаме можност да одбереме Космос или сме „ осудени “ на Хаос. Дали можеме да го обезбедиме нашиот личен Микрокосмос, да не премине во Хаос?Често се случува да од еден момент на дадена среќа и хармонија, влезиме во хаотична состојба. Тоа секако е последица на промените во микро или макрокосмосот. Од овде би рекол дека редот и хаосот се само субјективен момент на личноста која има способност за размислување и определување. Определување заради тоа што сме дарени со можност за избор. Дали нашиот избор е хаотичен, најчесто не од субјективен аспект, но дали нашиот избор е хаотичен за другите луѓе со кои сме во интеракција, посредна или непосредна?
Во твојот пост има работи кој ме замислија, а делот што го одвоив посебно ме заинтригира. Прашањето на избор, можеби значи прашање, дали имаме можност да одбереме Космос или сме „ осудени “ на Хаос. Дали можеме да го обезбедиме нашиот личен Микрокосмос, да не премине во Хаос?
Ќе појаснам со пример.
Сите знаеме за Адолф Хитлер. Хитлер е роден од мајка Клара и татко Алојз во 1899.
За да не бидам здодевен, еве на МК Википедија што пишува за Хитлер, па кој сака нека прочита, а верувам дека мноинството ги знае овие работи
http://mk.wikipedia.org/wiki/Адолф_Хитлер
За моево мислење е битно дека Хитлер, како млад сакал да стане сликар. Тој безуспешно се обидувал две години да се запише на Виенската академија за уметности. Но не успеал. Меѓутоа тоа што не бил примен не е пресудно. Во исто време уметност во Виена студирал и Оскар Кокошка, кој бил примен, но, по извесно време самостојно ја напуштил Акдемијата, но тоа не му пречело да стане најпознат представник на Експресионизмот.
Ова ми е зборот: Хитлер имал, такво и такво детство, околностите тогаш биле такви и такви и имал свој Микрокосмос - да стане сликар.
Но тој Микрокосмос, се претворил во Хаос, така и завршил неговиот живот. Тој станал нешто што никој не можел во тоа време ниту да замисли. Хитлер станал - Хитлер синоним за злото. Хитлер е директно одговорен за смрта на 60 милиони луѓе и на страдања на многу милиони луѓе и не постои низ историјата поголем злосторник од него.
Ова е драстичен пример, но има и други примери, кои не се вака драстични.
Сите ние се раѓаме, во онакви или овакви услови, имаме во младоста такви и такви очекувања, во врска со овој или оној аспект од нашиот живот, а сепак ретко кому се остваруваат очекувањата од младоста.
Што значи Хаосот преовладал и го уништува индивидуалниот Микрокосмос. Хаос е ако исходот на настанот е неопределен.
Сега лесно е да се каже, нашиот Микрокосмос е уништен од надворешниот Космос или надворешниот Хаос.
И сега се поставува прашањето, дали за личниот Микрокосмос е по поволно да се наоѓа во надворешен Космос или надворешен Хаос?
Во твојот пост има дел во кој се изнесуваат оправдување за постапките на зонашите. Тврдењата кои се изнесени во него, според моето мислење и сознанија не се точни и јас би сакал да ги побијам, но не во оваа тема, туку во темата Автомобилизам и мотоцикизам - Зонско револтирани граѓани, за да не ја уништуваме оваа тема која е посветена на философијата.Можност за споредби како од воведниот пост, не мислам дека има, кога се зборува за хармонија во Вселената и хармонија во човекот (неговата „душа“).
Хармонија во Вселената не постои. Вселената е Хаос. Постоењето на човештвото, посебно еден човеков живот е прекраток, за да се забележи тоа. Ако земеме да снимиме една експолозија со ''ultra high-speed'' камера и ја пуштиме снимката во ''slow motion'', на снимката секое движење на честиците и деловите од предмети имаат движење или ротација кои може да се предвидат во наредните кадри. Истата снимка пуштена во реално време е нејасен хаос. Секако, под услов да претпоставиме дека хаосот целеисходно не е предизвикан од универзален ум, интелигентна енергија, бог...
За човековиот ум, инаку, Сејган вели дека е начин преку кој Космосот се спознава самиот себе.
Секој кој малку знае физика, знае дека се работи за електромагнетно зрачење со различни бранови должини. На пример црвената светлина има бранова должина од 8 нанометри, а сината од 4 нанометри.
Ќе дадам и еден друг пример: Постојат домаќинки кои прекумерно инсистираат на хигиената. Јас сум бил кај такви на гости, и имало случаи ако ја допрам масата со прсти домаќинката веднаш да ја брише со крпа - што не е пријатно