Една добра вест за искрените вљубеници во кошарката :zlo:
ОТКАКО СЕ РАЗДЕЛИ СО Ф. РАБОТНИЧКИ
Давитков заминува и од селекторската функција ?
Иако тој демантира дека ќе поднесе оставка се понаглесено е неговото повлекување, а во чаршијата кружат и повеќе имиња како негов наследник
Деновиве во јавноста се поприсутни се шпекулациите дека Јорданчо Давитков, кој поднесе неотповиклива оставка на должноста тренер на екипата на Ф.Работнички, (годинава на домашната сцена остана без трофеите од Купот и шампионатот) ќе се збогува и од сениорската репрезентација. Наводно веќе има договорен ангажман во странство, иако и домашни екипи се во опција.
- Во моментов единствено точно е тоа дека повеќе не сум тренер на Ф.Работнички. Бидејќи моите обврски кон клубот завршуваат заклучно со 1 јули, бев на неколкудневен одмор во Грција. Немам намера да поднесувам оставка на селекторската функција, а што во меѓувреме ќе се случи ќе покаже времето. Не се чувствувам заморен од кошарката, домашна и репрезентативна, како што некој сака тоа да го прикаже , вели селекторот на сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија, Јорданчо Давитков.
Се шпекулира дека во Кошаркарската федерација на Македонија сериозно размислуваат пред стартот на подготовките за квалификациските средби за ЕП 2007 во Шпанија (почнуваат на 4 јули) да ангажираат друг селектор. Се споменуваат имињата на Докузовски (се врати во Македонија) , Октај, Марковски, Наумоски, Арсиќ, Филиповски... Засега во Кошаркарската федерација на Македонија немаат коментар на ваквите шпекулации, иако станува се појасно дека нешто се "крчка". Каде има чад, има и оган. Нема да биде изненадување ако деновиве одговорните во федерацијата повлечат некаков конкретен потег.