ВЕЌЕ НЕМА ДИЛЕМИ, ТРОФЕЈНИОТ ТРЕНЕР СЕ ВРАТИ ВО "ГРАДСКИ ПАРК"
И официјално: Марин Докузовски на клупата на Фершпед Работнички
"Договорено е Докузовски да ја преземе грижата за екипата во наредниот период" - потврдува спортскиот директор Горан Костовски.
"Работнички прави нешто ново. Моја основна задача ќе биде да соберам млади и талентирани играчи"- вели новиот-стар тренер.
Дилеми веќе нема. Марин Докузовски е нов шеф на стручниот штаб на Фершпед Работнички. Најтрофејниот тренер во историјата на клубот од " Градски парк", по неколкугодишно искуство се враќа на местото каде освои пет шампионски титули.
Овој викенд Докузовски беше во Софија каде требаше да ги направи проследните преговори со првите луѓе на Лукоил Академик, пред с$ околу продолжување на соработката.
"Тоа е веќе сигурно. Се враќам во Фершпед Работнички. Помина речиси еден месец откако заврши првенството. Чекав во Софија дваесетина дена. Имав голема желба да останам затоа што не без задоволен од она како поминавме во УЛЕБ Купот. Имав една средба со Г. Везенков, но с$ уште немам одговор што решиле. Но, јас не можам да чекам повеќе. Јас сум професионалец и живеам од кошарката"- вели Докузовски.
Докузовски признава дека Лукоил Академик била прва опција.
"Почувствував дека работите не одат како што треба и дека немаше што друго да направам. Реков дека имам понуда од Работнички, но и тоа дека Лукоил Академик има предност. Преговаравме. Директорот Везенков кажа дека треба да почекам и да не му откажувам на Работнички. Тука станав свесен дека можеби треба да побарам друга работа. А кога по тоа видов и дознав дека преговараат со други тренери, почнав да се колебам. Ги проценив работите и веќе немаше што да чекам. Тоа е тренерската работа"- дополнува Докузовски.
Тој е апсолутно задоволен од она што го оставил зад себе.
"Задоволен сум од трите години. Бев примен добро и благодарен сум им на сите. А најмногу на Г. Валентин Златев. Две години работев и тоа многу добро со Тити Папазов. Последната ми беше многу тешка. Сепак, сум странец. Имам убави моменти. Мислам дека цело време работев чесно и коректно и не се каам за ништо. Можеби друг пат некоја екипа повторно ќе ме бара за тренер. Мора да бидеме чесни и да кажеме дека многумина чекаа Лукоил Академик да направи многу работи во Европа. Но, ако погледнеме реално, особено буџетите на екипите, ние сме, како што вели Тити, како 'народни херои'. Можеби треба да се направи анализа, но сега не е моментот јас да кажувам, пред с$ затоа што работат емоциите. Разделбата е тешка, се навикнав на луѓето. И не е лесно да си заминеш, да ги оставиш пријателите".
Следна станица е "Градски парк"?
"Работнички прави нешто ново. Моја основна задача ќе биде да соберам млади и талентирани играчи. Факт е дека нема да играме во европските купови и Јадранската лига. Но, се надевам дека за две години клубот ќе се врати во Европа"- заклучува повратникот во "Градски парк".
Стефанов и Чековски можат и без мене
Докузовски со збор-два за "ситуацијата" со Ристе Стефанов и Ѓорѓи Чековски.
"Нема што да се каже. Немам никакви претензии кон Стефанов и Чековски, како што велат во Бугарија. Тоа се веќе искусни играчи кои знаат што е најдобро за нив во дадениот момент. Ако останат, можат многу да му помогнат на Лукоил Академик. А јас и понатаму ќе останам голем фан на Лукоил Академик"- порачува Докузовски.
БУГАРСКИТЕ МЕДИУМИ ЈА "ПОТВРДИЈА" РАЗДЕЛБАТА НА "АКАДЕМИЦИТЕ" СО МАРИН ДОКУЗОВСКИ
Лукоил Академик бара нов тренер
Бугарскиот шампион и освојувач на Купот ќе почне потрага по нов тренер.
Основната причина е затоа што оној стариот Марин Докузовски по освојувањето на двојната круна одлучил да ги напушти "академиците".
Ова се ударните вести во бугарските медиуми кога е во прашање кошарката. Во речиси сите дневни весници и интернет портали се наведува дека многу брзо најдобриот кошаркарски колектив ќе бара замена за Докузовски.
Речиси сите медиуми кај нашиот источен сосед веќе го гледаат најтрофејниот македонски тренер како иден шеф на стручниот штаб на Фершпед Работнички со кого наводно ги договорил речиси сите детали за нова соработка.
РАКОВОДСТВОТО НА МЗТ СКОПЈЕ ОДЛУЧИ:
Тодоров ќе ги води "металците" на неодредено време
Она што "Македонски Спорт' го најави пред извесно време, вчера доби своја реализација.Александар Тодоров е именуван за нов шеф на стручниот штаб на МЗТ Скопје.
Со тоа, доскорешниот прв тренер на турскиот второлигаш Анкара Баскет, по пауза од неколу години се враќа во екипата од "Јане Сандански".
"Се договоривме, веќе нема дилеми. Каков е договорот? Кога е во прашање тренерската работа, нема некоја 'должина на таење". Може да се каже дека е на неограничен рок, без некои конкретни рокови"- вели Тодоров.
Кои се основните причини поради кои Тодоров ја замени Анкара со враќање во "Јане Сандански"?
"Имаше некои варијанти кои ме оставаа во Турција, но не и нешто конкретно. Зошто МЗТ Скопје? Одлучи името, брендот каков што несомнено е МЗТ Скопје. Како сакате кажете, но МЗТ Скопје е МЗТ Скопје, мамка за секој, и кога не му оди како што треба. Зборувам во секој поглед па и оној финансискиот"- појаснува младиот тренер но со веќе доста искуство зад себе.
Околу потцртаните цели на "сино-белите", Тодоров со свое мини објаснување.
"Сакаме да бидеме подобри од лани. Се надевам дека ќе го направиме тоа. Раководството има некои планови екипата да биде освежена со неколку нови имиња. Мислам дека ќе го реализираме тоа. Почнавме со двајца, се надевам дека многу брзо ќе има и нови информации по ова прашање. Во секој случљај, МЗТ Скопје ќе има што да каже во следната сезона и ќе изненади многумина кои го мислат спротивното"- порачува новиот кормилар на "металците".
МЗТ СКОПЈЕ ДО ПРВИТЕ ЗАСИЛУВАЊА ВО ПРЕОДНИОТ РОК
Нови "лица", Милановски и "Швеѓанецот" Атанасоски
Екипата на МЗТ Скопје го отвори преодниот рок, а со кој друг ако не со млади играчи.
Нови договорни обврски спрема екипата од " Јане Сандански" потпишаа Даниел Милановски, доскора играч на АМАК-СП, како и Бојан Атанасоски, кој во минатата сезона ги бранеше боите на Слога од Краљево.
И ако за Даниел Милановски може да се каже дека е во улога на "повратник" во редовите на "металците", тогаш доста пријатно изненадување е потписот на договорот со Атанасовски.
За нас доста непознат кошаркар, но не и за раководството на МЗТ Скопје.
Атанасоски, кој наскоро ќе наполни 23 години, освен македонскиот поседува и шведски пасош каде е и роден.
Со своите 198 сантиметри може успешно да одговори на двете бековски позиции.
Минатата сезона одигра девет натпревари за Слога во рамките на НСЛ лигата на Србија, без некој значителен ефект.
Милановски добро почна во дресот на АМАК-СП. Имаше неколку одлични партии во дресот на охридскиот прволигаш. Но, поради извесни несогласувања, предвреме се раздели со новиот-стар прволигаш.
"Ова е само прв чекор во реконструкцијата на екипата за следната сезона"- велат од раководството на МЗТ Скопје. "И порано кажавме дека наша тенденција ќе биде подмладување на екипата. И Милановски и Атанасоски се врсници, 85 годиште. Сакаме повеќемина играчи да се некаде на оваа возраст. Да формираме уште помлада екипа која ќе ја надградиме со она што ќе биде најпотребно".
Засега "металците" без конкретна информација кој би можел да биде новиот шеф на стручниот штаб.
Но кај нив тлее надежта дека и тоа прашање многу скоро ќе биде разрешено. Можеби уште во текот на оваа седмица во која е можен потпис на договорот со уште некој слободен играч.
www.sport.com.mk