Дај бе прекини со тој Крстевски дрво недоделкано е.Во споредба со него Самарџиски е Шек.Единствената способност која ја има е да направи фаул во секој напад на противникот .
Имаше и повеќе од доволно минутажа на Медитеранските игри и во Кина и не направи ништо.Ниту има техника со грб,ниту шут,ниту е брз,ниту е цврст,не знае да загради и да скокне,не знае да игра пик анд рол ниту е способен за пик анд поп,нема никава финта во репертоар а не е ни баш најинтелигентен.
Брчков вчера играл скоро 9 минути и за 9 минути имаше статистика 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 1 фаул.Девет минути дух глумел.
Скоро секоја репрезентација ќе иде на првенствово со 7-8 способни играчи.И остатокот да ти е страв да ги ставиш во игра.
Не знам зошто ама многу од вас имаат ваков став кој јас никако не можам да го сфатам.
1. Апсолутно неточно е дека сите репрезентации ќе играат само со по 7-8 играчи на првенството. Ќе видиш и самиот за некој ден, СИТЕ играат со сите 12 играчи или барем најмалку 10, ОСВЕН Македонија. Тоа не почнува со Пипан, тоа веќе трае со години. Пипан е подеднакво виновен како и Лазовски и Докузовски и Арсиќ, па дури и кошаркарската федерација која го дозволува тоа не мислејќи на иднината.
2. Сосема е неважно колку се полоши оние од 9то па до 10000 место во македонската репрезентација од главните 8. Сите останати нека се најлошите кошаркари во историјата на кошарката. Повторно МОРА да се најдат 2-3 најдобри од нив кои ќе добиваат по 5-8 минути по натпревар за да можат да ги одморат главните 8 играчи. На едно европско првенство, каде се играат 10 натпревари во 2 недели, не смее никоја репрезентација да си дозволи да ги премори своите главни играчи и заради тоа да доживее дебакл. Правилно водена репрезентација нема никогаш да си дозволи да има играчи со над 30 минути по натпревар. А тоа реално не е возможно со само 8 играчи. Да не зборувам што голема минутажа води кон повреди кои не дај боже ако се случат тешко нас ќе биде.
3. Те молам објасни ми како успеа да сфатиш како одиграл некој играч на натпревар кој не си го гледал според boxscore-от. Јаката страна на Брчков од она што го видов во повеќе утакмици е што игра добро во одбрана и што е добар како "glue guy". Тоа се работи кои ама баш никако не можеш да ги видиш од boxscore-от. А ако веќе толку се запна за нешто да видиш на boxscore-ot зошто не ја виде +/- статистиката, каде Брчков беше +1 во тие 9 минути кои ги мина на теренот, а Ѓуровски кој игра на секоја утакмица бил -9.
4. Ниту еден млад играч не се развил во она во што може да се развие без да добие шанса. Сите минуваат низ тие периоди, каде се катастрофа и практично и штетат на репрезентацијата, ама добиваат искуство, кое во иднина им помага да се подобрат значително. Знаеш ли каков беше Чековски до пред неколку години. Страв во коските имавме кога ќе го видевме да влези на теренот. Сега, е можеби и најдобар играч во подготовките. А тоа е директен резултат на искуството кое го добивал во текот на сите тие години кога добивал по некоја минута со најјаките. А да не ни зборувам за фактот дека ако не му дадеш шанса на играч ниту можеш да знаеш колку е добар.
И доста веќе со тоа Крстевски бил ваков, Ѓуровски бил онаков, Брчков бил не знам каков. Какви такви тие се следните најдобри кои ги имаме. Ако имате предлог кој требало да се земе место нив слободно коментирајте, добредојдено е (јас пример мислам дека било кој друг од Медитеранските да го земеа ќе беше поарен од Ѓуровски). Ама само да се плука по нив без причина кога едноставно толку му е силата а реално се следните најдобри, е бесмислено.