Кошаркарска репрезентација на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Христов
  • Време на започнување Време на започнување
ИЗВОР-Телма
КОШАРКАРИТЕ ПОДОБРИ ВО ВТОРИОТ КОНТРОЛЕН НАТПРЕВАР :)

Репрезентацијата на Македонија синоќа го совлада комбинираниот универзитетски состав во Атланта со 97-87.
Македонските репрезентативци одиграа уште еден квалитетен натпревар во САД против комбинираната универзитетска екипа и по поразот во првиот меч од 81-79, денеска славеа со 97-87. Тодор Гечевски со 22 поени повторно беше најефикасен во нашиот состав, а според реализацијата се истакнаа и Дамјан Стојановски со 15 поени, Предраг Самарџиски со 14, како и Перо Антиќ, Ѓорѓи Чековски и Војдан Стојановски кои завршија со по 10 постигнати поени. Репрезентацијата синоќа се комплетираше со приклучувањето на Лестер Бо Мекејлеб, кој иако не настапи на мечот против универзитетскиот тим, ќе биде на располагање на селекторот Лазовски за претстојните пријателски натпревари во Порто Рико-известуваат од КФМ.
Репрезентацијата на Македонија денеска заминува за Порто Рико каде во среда и четврток ќе ги одигра двата последни пријателски натпревари од подготовките против домашната репрезентација. Веднаш по нивното завршување, нашиот состав се сели во Каракас каде ќе го очекува стартот на предолимпискиот турнир на 2 јули.
 
Ајде ете го и Бо :sneaky:
Гечевски си гази. Јас сум сигурен дека ако го имаме здрав за сите дуели во Литванија, ќе освоевме медал. Срцето на тимот.
Оваа шанса ако не ја искористиме никогаш нема екипно да одиме на олимпијада во било кој спорт!
 
Не знам што се ширеа дезинформации дека немало да пристигне Бо, ете сега се комплетирани со Порто Рико ќе се види правата сила на репрезенацијата.
 
Мене уште од сега адреналин постепено ми се качува, а несакам сакам посмирено да ги следам квалификациите, ама како викаат пуста желба за капка радост во сивилото никад неможе да те остави рамнодушен, на момциве со цело срце им посакувам лесен шут и челична одбрана и нормално да капеме солзи радосници пак ПРАВО НА ТЕРАСА! :vozbud:
 
Ете го Борче, не знам зашо толку испаничивте, мораше и тој да се пододмори троа, да земе душа, што се вика вчера ја земаа титулата. :)
 
Мене уште одсега ме фатија нервози, неизвесности.....би сакал да можам барем еднаш кога игра Македонија да ја гледам утакмицата без да не се нервирам, возбудувам ама неможам....вечер во колку часот ќе ја даваат утакмицата со Грција????
 
Kaква Грција бе :pos::pos::pos: Во среда и четврток играме со Порторико :)
Грција бе :vozbud::pos:
 
Kaква Грција бе :pos::pos::pos: Во среда и четврток играме со Порторико :)
Грција бе :vozbud::pos:

Ги даваат на Шител репризите од европско секоја вечер.Али со се и тајмаути и реклами да ти се смачи додека да догледаш нешто.
 
Не знам што се ширеа дезинформации дека немало да пристигне Бо, ете сега се комплетирани со Порто Рико ќе се види правата сила на репрезенацијата.

Абе увек ќе се најдат такви што само шират негативна енергија. Ко едвај да чекаат некој куршлус да се деси. Не зборам за на форумов стриктно, општо.
 
Абе увек ќе се најдат такви што само шират негативна енергија. Ко едвај да чекаат некој куршлус да се деси. Не зборам за на форумов стриктно, општо.

Ако мислеше за темава да ;)
 
Штета што не е земен Мираковски. Ќе нема со кој да си прај муабет Бо на тајм-аутите :confused:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom