Кошаркарска репрезентација на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Христов
  • Време на започнување Време на започнување
Баш за ова зборев на темава пред некое време не можам да го најдам сега.Турците цело време прават вакви работи со Босанци,Албанци а и Словенците го прават со Босанци и им се дозволува од страна на ФИБА додека за сите други важат строги правила.

Ова горе е ист случај како Мекејлеб да земе сега да игра за Италија и да не го рачунаат за странски играч и да можат уште еден од НБА да земат али во реалност ФИБА нема шанса да им даде.

Сепак може и да играл за Турција како странски играч.Тогаш може да се врати и да игра назад за својата али неможе да играл како Турчин за Турската репрезентацијапа да игра сега за Албанската како Албанец.
Не е исто, затоа што овој е Албанец, плус од 15 години имал турско државјанство, FIBA има некои полабави правила од UEFA, така да не е така како што кажуваш. И никој не ги присилил тие играчи да играат за Турција, за нив играат поради сопствена волја.
 
Ajde neka ide 2ri, ne mi se ceka ich.
 
Не е исто, затоа што овој е Албанец, плус од 15 години имал турско државјанство, FIBA има некои полабави правила од UEFA, така да не е така како што кажуваш. И никој не ги присилил тие играчи да играат за Турција, за нив играат поради сопствена волја.

не сум сигурен, ама мислам дека порано за кошарка и ракомет важеше правилото за чекање од 3 години за да можи да се игра за друга репрезентација (сениорска), додека за фудбал истото тоа правило не важи!!! во фудбалот, ако заиграш на официјален натпревар за една репрезентација, за друга никогаш повеќе не можиш!!!

е за мицов. тој има македонско потекло, барем така пишуваше по весници и на тој начин излезе опција да игра за македонија, а и ќе се смета како роден македонец, а не натурализиран, како на пр. зафироски!
--- надополнето: 20 јуни 2012 во 10:08 ---

А ЕВЕ СЕГА И ОФИЦИЈАЛНО!!!

Македонија ги доби саатниците за Венецуела

Македонија ќе игра со Ангола на 2 јули во 17, а утредента со Нов Зеланд во 13.30 часот по локално време, објавија организаторите на квалификациите за кошаркарскиот олимписки турнир, преку кои три репрезентации ќе изборат место на ЛОИ во Лондон. Разликата во часовните зони помеѓу Македонија и Венецуела е 6 и пол часа. Тоа значи дека средбата со Ангола ќе се игра во 23.30, а со Нов Зеланд во 20 часот по македонско време.

Бидејќи сите средби од турнирот од 2 до 8 јули ќе се играат во истата сала, „Полиедро“ во Kаракас, домаќините одлучија мечевите да се играат со почеток во 11, 13.30, 17 и 19.30 часот. Македонија не доби вечерен термин во првата фаза, но нема ниту да игра ниту наутро од 11 часот, што е невообичаен термин за толку важни средби. Мечот со Ангола ќе заврши околу 18.40 часот, што значи дека до почетокот на средбата со Нов Зеланд ќе има само 18-19 часа. Сите други екипи што ќе играат два дена едноподруго, ќе имаат повеќе време за одмор. Позитивно е што ако се пласираме во четврт-финалето, е тоа што ќе имаме еден ден повеќе одмор од Русија или Доминиканска Република, кои ни се веројатни ривали на 6 јули.

Македонија е во групата Д со Ангола и Нов Зеланд. Ако бидеме први или втори, одиме во четврт-финале со првиот или вториот од групата Ц, во која се Русија, Домининската Република и Јужна Kореја

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=C84BAE3E9F427C46A1CFFD96F8D30F35
 
не сум сигурен, ама мислам дека порано за кошарка и ракомет важеше правилото за чекање од 3 години за да можи да се игра за друга репрезентација (сениорска), додека за фудбал истото тоа правило не важи!!! во фудбалот, ако заиграш на официјален натпревар за една репрезентација, за друга никогаш повеќе не можиш!!!
Не сум сигурен дека во кошарка има такви правила, за ракомет си во право, порано беа две, сега се три години.
 
Не сум сигурен дека во кошарка има такви правила, за ракомет си во право, порано беа две, сега се три години.

за кошарка види го примерот со куртоглу.
 
Како може самарџиски а не владо или гечевски да ја добие капитенскта лента.

Мислам дека е измислица ова.
 
Како може самарџиски а не владо или гечевски да ја добие капитенскта лента.

Мислам дека е измислица ова.
Може да добие капитенска лента со оглед на тоа што Гечевски сигурно после ова се повлекува од репрезентација, а Илиевски кај и да е, ќе го направи истото. Самарџиски заслужува да биде капитен.
 
Не видов претходно дека е ставено ова, па еве да надополнам со нешто ново... :)

ОБЈАВЕН СПИСОКОТ НА 12мината ЗА ОПЕРАЦИЈАТА “ОЛИМПИСКИ ИГРИ“

Дванаесетмината кои ќе патуваат во Венецуела:
  1. Лестер Бо Мекејлеб,
  2. Александар Костовски,
  3. Владо Илиевски,
  4. Дарко Соколов,
  5. Војдан Стојановски,
  6. Дамјан Стојановски,
  7. Марко Симоновски,
  8. Тодор Гечевски,
  9. Кирил Николовски,
  10. Ѓорги Чековски,
  11. Предраг Самарџиски
  12. Перо Антиќ
Тоа е списокот, ете го, барем според линкот од горе. :)
 
Само да не се затупи повторно со Антиќ бидејќи нашиве медиуми се наезда од која нема спас... Нека ги оставаат раат, среќа утре заминуваат па нема да имаат притисок и со тоа се надеваме сите само на успех во Венецуела!
 
Абе гледам не коментирате ништо за капитенскава лента? Јес да во кошаркава голем кур кој е капитен пак исти ќе бидат газди на теренот ама Самарџиски капитен? До вчера кош не знаеше да погоди?:confused:
 
Може да добие капитенска лента со оглед на тоа што Гечевски сигурно после ова се повлекува од репрезентација, а Илиевски кај и да е, ќе го направи истото. Самарџиски заслужува да биде капитен.

Што има везе кога си иде од репрезентација баш дека Гечевски иде годинава треба он да ја добие
 
Абе гледам не коментирате ништо за капитенскава лента? Јес да во кошаркава голем кур кој е капитен пак исти ќе бидат газди на теренот ама Самарџиски капитен? До вчера кош не знаеше да погоди?:confused:
Кој ако не Самарџиски?
--- надополнето: 21 јуни 2012 во 17:44 ---
Што има везе кога си иде од репрезентација баш дека Гечевски иде годинава треба он да ја добие
E aj, ќе менуваме капитени на секои два месеци. Играчите, вклучувајќи го и Гечевски го избрале.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom