Не е исто, затоа што овој е Албанец, плус од 15 години имал турско државјанство, FIBA има некои полабави правила од UEFA, така да не е така како што кажуваш. И никој не ги присилил тие играчи да играат за Турција, за нив играат поради сопствена волја.
не сум сигурен, ама мислам дека порано за кошарка и ракомет важеше правилото за чекање од 3 години за да можи да се игра за друга репрезентација (сениорска), додека за фудбал истото тоа правило не важи!!! во фудбалот, ако заиграш на официјален натпревар за една репрезентација, за друга никогаш повеќе не можиш!!!
е за мицов. тој има македонско потекло, барем така пишуваше по весници и на тој начин излезе опција да игра за македонија, а и ќе се смета како роден македонец, а не натурализиран, како на пр. зафироски!
--- надополнето: 20 јуни 2012 во 10:08 ---
А ЕВЕ СЕГА И ОФИЦИЈАЛНО!!!
Македонија ги доби саатниците за Венецуела
Македонија ќе игра со Ангола на 2 јули во 17, а утредента со Нов Зеланд во 13.30 часот по локално време, објавија организаторите на квалификациите за кошаркарскиот олимписки турнир, преку кои три репрезентации ќе изборат место на ЛОИ во Лондон. Разликата во часовните зони помеѓу Македонија и Венецуела е 6 и пол часа.
Тоа значи дека средбата со Ангола ќе се игра во 23.30, а со Нов Зеланд во 20 часот по македонско време.
Бидејќи сите средби од турнирот од 2 до 8 јули ќе се играат во истата сала, „Полиедро“ во Kаракас, домаќините одлучија мечевите да се играат со почеток во 11, 13.30, 17 и 19.30 часот. Македонија не доби вечерен термин во првата фаза, но нема ниту да игра ниту наутро од 11 часот, што е невообичаен термин за толку важни средби. Мечот со Ангола ќе заврши околу 18.40 часот, што значи дека до почетокот на средбата со Нов Зеланд ќе има само 18-19 часа. Сите други екипи што ќе играат два дена едноподруго, ќе имаат повеќе време за одмор. Позитивно е што ако се пласираме во четврт-финалето, е тоа што ќе имаме еден ден повеќе одмор од Русија или Доминиканска Република, кои ни се веројатни ривали на 6 јули.
Македонија е во групата Д со Ангола и Нов Зеланд. Ако бидеме први или втори, одиме во четврт-финале со првиот или вториот од групата Ц, во која се Русија, Домининската Република и Јужна Kореја
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=C84BAE3E9F427C46A1CFFD96F8D30F35