САМАРЏИСКИ МАЈСТОРЕ
многу ми е кеф за ова дете .. има големи предиспозиции ,си има и знаење .. секогаш храброст му фалеше ..
БО НЕЗАМЕНЛИВ
За Антич се надевам ова беше лош ден .. со оглед дека е авторитет во репрезентацијата се надевам ова позитивно че му влијае..
ГЕЧЕВСКИ добар беше иако на моменти снемуваше сили
МИРКУЛОВСКИ 1 третина имаше многу самодоверба и добро изигра .. останатиот период беше како мува без глава
ЧЕКОВСКИ .. не знам зошто воопшто го повикале во репрезентација .. цело време стравот вкоски му беше
БЛИЗНАЦИТЕ .. добро и зиграа само им треба поголемо искуство и добар тренинг во некој поголем клуб па да прераснат во големи играчи
СОКОЛОВ .. секогаш на место
Добра игра на нашите на моменти и одлична. Но сепак малце треба да поработат на психички план да не прават од готово вересија. Недозволиво е кога имавме +24 да дојдеме до ситуација да изгубиме. Среќа што беше Босна, а да беше некоја друга репрезентација можеби немаше да ни прости такво опуштање и пад во играта. Чековски освен што на моменти е борбен прави и некои глупи потези како што беа два исфорсирани шута за 3 кои ги промаши а бевме на само +6/7. Како и да е браво !
Иако не смееше да се опуштиме, сепак во глобала одлична игра на нашата репрезентација... Самарџиски е ѕвер, вечерва играше феноменално, дабл-дабл учинок (15 п. 10 ск), плус две блокади и украдени топки, секоја чест. Мора малце повеќе да пазиме на личните грешки и се ќе биде ОК.
Инаку и покрај тоа што игравме и продолженија против ВБ, нашата репрезентација има примено најмалце поени во овие квалификации, податок кој секако е за радување
Добра игра имаше само првите 15мин, после тоа се отиде у курац, на крај можеше да биди кобно за нас, ама ае некако победија.
Требаше да ја задржиме разликата од 24 поени и да играме константно добро, но сепак победа си е победа.
Сеа се враќам од сала,многу убава атносфера ние напраивме(за првпат навивав со СПБ)!!Коа ни дојдоа до -3 мислам ке експлодираше салата али мајсторот Мекелб влезе од клупа и ги реши сите дилеми!!МЕКЕЛЕБ ЦАР
Одлична игра за Бо немам зборови! Сега сме со +53 кош разлика и мислам дека никој не може да ни го загрози второто место. Како и да е ќе треба да се доработат и другите победи посебно онаа во Унгарија во петок.
ПС. На почетокот Босанците беа здрмани од публиката се тресеа и водството од +25 откога се стабилизираа свесно го намалија што беше реално.
Што да кажам освен дека добра беше играта,направивме солидна предност уште од почетокот и си го олеснивме до некаде натпреварот иако беше густо при крајот,и тој црнецот тешко му е името,беше ѕвер,секоја чест,КИНЕШЕ ДЕЧКОТО! :bravo:
На крај пак излезе убедлива победата +14.Фантастична игра во првите 18 минути.Но тоа е отсекогаш сме правеле вакви ситуации а и сигурно дека ќе се опуштиш на толкава разлика.Башка главните направија по 4 лични и доста се пазеа.Добро е што сега освен шутевите за 3 поени имаме и друг адут во пробивите на Меккелеб.Со него играта има повеќе идеи.И ако сме одлични имаме потенцијал за меѓу најдобрите и има простор уште да напредуваме.Некако близнациве многу слабо ми играат,од неискуство ќе да е.
Околу играчиве да додадам мислам дека Соколов одигра лошо и браќава не беа нешто подобри имам впечаток дека одиграа подпросечно. Инаку во третата четвртина кога Босна ја намали разликата на 3 поени Македонија немаше лидер и мислам дека од исфорсирани шутеви за три поени промашивме најмалку 4 напади. Како и да е атмосферата беше неверојатна, посебно на почетокот на мечот кога се развеа големото знаме една убава традиција на вакви мечеви.
Победааааааааааа ! и по тоа што сите чаши ги искршив дома,добро изгравме, почетокот многу добро го почнавме али неможе 40 мин да се издржи со исто темпо,Мекејлеб нема што да се збори звер е дечкото едноставно сам ги победи Босанците
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.