Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Што сакаш да кажеш со тоа дека Влатко не игра добро и дека ништо не направи за репрезентацијата???Владо Илиевски никогаш ама баш никогаш не даваше ни 70% од своите можности.Секогаш се маваше од далеку...
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=826&ArticleID=54774
Сега не зборуваме колку голем Македонец е туку колко придонесе за нашата репрезентација.Затоа се вика РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА тоа е една екипа и сите се заслужни што одиме на Европско првенство а меѓу нив е и Влатко.Тоа е сега голема празнина во нашата репрезентација што тој нема да игра.Еве колку голем „Македонец“ е Илиевски... така да, ве молам доста со глупостите дека тој придонесол нешто за оваа наша репрезентација...
Ова беше само пред три години, а мислам дека има и посебна тема на Кајгана за тоа...
Код:http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=826&ArticleID=54774
Стварно немам појма кој би играл на таа позиција, Ристе Стефанов веројатно. :raz:
Па кој ти рече дека Ристе ќе игра како плејмејкер, знам дека игра на бек-шутер... Врба ќе си биде плејмејкер, а Ристе ќе игра на двојка, Мејси игра и крило и крилен центар, така да мислам дека ќе може добро да се снајде на крило. За високите позиции не се секирам ич, таму се сите одлични, Антиќ, Самарџиски и Гечевски сигурно одлично ќе си ја вршат работата.
Грешиш брат... ја греаше клупата.Е гледате ли сега колку ни треба Влатко...Јане,Дарко не можат да го заменат.Влатко има големо искуство играше за Монтепаски,Барселона,Тау керамика...![]()
Грешиш брат... ја греаше клупата.
А замени за Врба... е тоа е веќе проблем, сите останати бекови ни се две класи зад Врба, и една зад Илиевски :raz:
Епа ај да ти помогнам ако немаш појма...:smir:
Македонски плејмејкери :
Ефтим Богоев - види му го шутот и се ќе ти е јасно...Освен некои ситни блесоци од него не може да се очекува ни да пренесе топка преку средина...
Горан Самарџиев - добар играч, после повредата лани се врати и во голем стил стигна до дупла круна со Фени...Ама, сезонава е невидено дрво, почнувајќи од шутот па после и со организирањето на играта на Фени...И самите фанови на Фени си кажаа дека сезонава беше еден од главните виновници за неосвојување на ниеден трофеј на својата екипа...
Димитар Мираковски - се врати во Фени и сите очекуваа дека повторно ќе биде оној стариот кој е измислен за нашава лига...Се знае како има играно дечково , влезови , шутеви, едноставно имаше се едно време и можеше да конкурира за репрезентација(во која и беше ), ама оваа сезона пак не покажа ништо од тие негови квалитети...Плус, сетете се на слободните фрлања у квалификациите...
Дарко Соколов - не е класичен плеј но во МЗТ сезонава играше како организатор и доста добро се снаоѓаше...Мислам дека е покорисен како бек-шутер и најверојатно ќе влезе на списокот на Арсиќ како 12-ти играч првенствено затоа што е борбен , пожртвуван и знае да цени дадена минутажа...
Ристе Стефанов што велиш ти...Ристе Сељакот не е плејмејкер, цела кариера игра како двојка а во репрезентација има играно и како крило...Така да, Ристе ќе патува за Полска ама тешко дека може да се искористи како организатор на игра...
Врба - иде дефинитивно, ќе има 30 минути по натпревар, зборови не се потребни...
Огнен Стојановски - добра , солидна сезона во која на крај се повреди и не знам колку време ќе биде отсутен и дали веќе ја санирал повредата...Знае да биде доста корисен, но му фали меѓународно искуство...
Е сеа за Јане....Пошо ситуацијата со плејмејкерите ни е благо речено очајна тогаш нема кој друг него Петровски...Игра у странство, јест да е Украина ама сепак боље него кај нас и што е најважно игра,има минутажа и тоа максимално го користи...Има убави бројки зад своето име и после добра сезона логично е да се најде на списокот за Полска...
Во состојба кога го нема Илиевски, кога сите плејмејкери од наша лига се вон форма , нема никој друг освен Јане...Стави на страна што играл за МЗТ, и тоа што ја навијам за МЗТ...Тоа во случајов нема никаква врска затоа што се работи за национални интереси ...