Малку сме офтопик, ама морав да реагирам на овој пост и искрено жал ми е што мора со вакви теми да се трга вниманието од спортот. Ајде малку демографија. Куманово и околните општини околу него грубо земено нека имаат 150.000 жители, од кои околу 100.000 се православни. Во овој регион според пописите има околу 10.000 Срби, но голем е бројот и на Срби кои што се пишуваат како Македонци, пред се поради функции (знам за двајца доктори и еден градежен инженер кои го имаат направено ова), но и поради икс причини (еве баба ми, на пример, која беше Србинка се пишуваше како Македонка на пописот, не сум сигурен зошто). Второ, има голем број на мешани македонско-српски бракови во овој регион, повеќе од 50% Кумановци имаат роднини во Србија и нормално е да има дополнителен број на луѓе со симпатии кон Србија поради ова. Трето, дел од Македонците имаат економски бенефиции поради Србија (Многу шверцери пари направија со шверц со Србија кога беа под ембарго, а има и ден денес луѓе кои преживуваат со ова. Има доста српски фирми со претставништва во Куманово и нормално е дека покрај бизнис соработката со Срби нашиве ќе стекнат симпатии). Четврто, голем дел од Македонците од Куманово излегуваат во Врање, Лесковац, Гуча, Ниш, таму запознаваат Срби, муваат Србинки и поради тоа покасно навиваат за Србија. И петто, можеби и најважно, голем дел од македонските деца од Куманово навиваат за Србија поради спортски причини - нивната држава скоро редовно не оди на големи натпреварувања, а Србија е мора да признаеш сила во спортот, посебно кога ќе се земе во предвид успех спрема бројот на жители, економската ситуација во земјата и односот на Америка и западна Европа кон Србија. Па може да се каже дека и дел од луѓето навиваат за нив затоа што се “андердог“, од исти причини како што навиваа за Лестер.
Така, доаѓаме до ситуација да грубо земено околу 50.000 православци (или околу 50%) од Кумановско навиваат или имаат симпатии за Србија. И тоа не ви дава за право да плукате кон Кумановци како целина, Кумановците на ниеден начин не и прават лошо на оваа држава, дури напротив. Македонците си слават успеси на Македонија во Куманово, како што беше случајот со кошаркарите, Србите си слават кога Србија има успеси.
И немој брат баш ти да зборуваш за самобендисаност, од она што го видов досега на форумов на само 2 теми (оваа и кладилница) нема по самобендисан член од тебе.
Што се однесува до кошарката, одлично темпирање на форма, сосема заслужено финале и тоа без двајца битни играчи како Бјелица и Марјановиќ. Против Американците пружија добра партија, све и да не ја повторат во финалето и да изгубат со 30 разлика тие го остварија своето, народот се гордее со нив и повторно покажаа на светот каква кошаркарска нација се.