Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Денес нон стоп вртеа по медиуми како улиците се дезинфицираат,оваа го прашува кога ќе почнат улиците да се дезинфицираат, СТО пати кажа министерот од каде потекнуваат новозаразените , оваа го прашува дали биле поврзани со тие од Дебар,значи едно исто па исто му поставуваат.
Нека се гонат новинарите веќе, внука ми да ја пуштам посоодветно прашање ќе постави
 
Јако избегна одговор Филипче за цената на респираторите под изговор на фејк њуз :ROFLMAO:

Пријавена цена 25к евра, реална цена 6к долари, машала.
 
Зеде новинар конечно да го праша Филипче конкретно прашање за набавката на респиратори, и овој верглаше и верглаше и верглаше и на крај ништо не кажа... таман за да не заборавиме дека ова сепак е северофиром.
 
Како ли се вклопува денешнава бројка од Италија, во претпоставената крива за пик и опаѓање, која беше објавена пред некој ден?
Се вклопува. Уште утре се очекуваат вакви бројки и од сабота да почне да паѓа.
 
Нормален е овој?



“Аман Кина, не нè брани – Пишува Роберт Димитриевски March 17, 2020 Што е ова кинеско влијание во (само што не) членката на НАТО и идната (кој знае кога) членка на Европска унија? Среде шашардисаноста на светот со фамозниот коронавирус, земјата од каде што тргна епидемијата, сега веќе пандемија, се понудила на Македонија да ѝ подари 200 респираторни машини?! Значи, Македонија не побарала, ами Кина самата се понудила. Ајдееее. Да не се уплашија пак да не го признаеме Тајван? Е па вака, другари Кинези: no pasaran! Нема да ви помине, бе! Најдовте село без кучиња, па ќе „бургијате“, а? Е, мало морген! Не ви е ова времето на „режимот“, па да ѝ нудите на Македонија кредити за автопатишта, или мали автобуси гратис за двокатните, или нови железнички композиции за патници. Нека, нека. Си имаме ние сојузници. Кај и да е, откако од ЕУ ќе им испорачаат машини за механичка вентилација на Србите, сигурно ќе добиеме и ние. Освен ако од САД не стигнат побрзо. Не вели нашиот народ попусто „кротко јагне од две мајки цица“. Ја, мајката: сами сте го создале вирусот (во лабораторија во Вухан, ами како), сте го рашириле насекаде (според истата теорија на заговор), па сега ќе им нудите помош на засегнатите. Прво ѝ пративте авион со медицинска опрема и со стручњаци на Италија (а само што не го добија тоа од Брисел по силните молби за европска солидарност), па одговоривте позитивно и на барањето на Вучиќ, за сега да го користите и тоа што во тесно се нашла и Македонија? Не оди тоа така, друже Џинпинг.
Аман Кина, не нè брани – Пишува Роберт Димитриевски | opserver.mk
 
Како бе така ширите муабети дека овој или оној е заболениот од корона ?
Пред некој ден, исто тука, прочитав дека некоја касиерка од не знам кој маркет беше, била заболена, за на крај да испадне дека не било така.

Аман не ширете непроверени работи и не ширете паника...
Се слагам за непроверени информации и ширење паника, нема потреба. За таа од Кам јас споделив инфо ама реков дека е можно да е болна од корона, и на крај испадна дека не е, туку дека имала некој друг здравствен проблем, нешто за кое одма известив утредента, за да не држам некого во неизвесност.

Филипче ама '' дипломатски'' го избегна одговорот за цената на респираторите :))))
 
Демек обид за сарказам му е напишаново, судејќи според тоа кој е авторот и на кои портали е објавено.
Срамота е дипломати читаат, сепак се работи за гест на помош и хуманост, нема потреба да се јадат трици.
 
Мене не ми е јасно: ако Кина испраќа 200 респиратори, зошто да купуваат тогаш воопшто?
И 120 што сме ги имале веќе по сите клиники низ земјава, треба со тие од Кина да се таман.
 
Јако избегна одговор Филипче за цената на респираторите под изговор на фејк њуз :ROFLMAO:

Пријавена цена 25к евра, реална цена 6к долари, машала.
Ништо не коментирав во врска со ова, ама ете ти спомна па да се надоврзам. Ова со вонредната состојба нема да смени ништо за нас, пак си важат оние препораки од пред една недела, ама некои луѓе ќе ги направи милионери. До прва ќе фрчат тендери за респиратори, лекови и тн., а од прогласувањето на вонредна состојба владата добива одврзани раце да прави шо сака, така да следи законски грабеж ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom