Нормален е овој?
“Аман Кина, не нè брани – Пишува Роберт Димитриевски March 17, 2020 Што е ова кинеско влијание во (само што не) членката на НАТО и идната (кој знае кога) членка на Европска унија? Среде шашардисаноста на светот со фамозниот коронавирус, земјата од каде што тргна епидемијата, сега веќе пандемија, се понудила на Македонија да ѝ подари 200 респираторни машини?! Значи, Македонија не побарала, ами Кина самата се понудила. Ајдееее. Да не се уплашија пак да не го признаеме Тајван? Е па вака, другари Кинези: no pasaran! Нема да ви помине, бе! Најдовте село без кучиња, па ќе „бургијате“, а? Е, мало морген! Не ви е ова времето на „режимот“, па да ѝ нудите на Македонија кредити за автопатишта, или мали автобуси гратис за двокатните, или нови железнички композиции за патници. Нека, нека. Си имаме ние сојузници. Кај и да е, откако од ЕУ ќе им испорачаат машини за механичка вентилација на Србите, сигурно ќе добиеме и ние. Освен ако од САД не стигнат побрзо. Не вели нашиот народ попусто „кротко јагне од две мајки цица“. Ја, мајката: сами сте го создале вирусот (во лабораторија во Вухан, ами како), сте го рашириле насекаде (според истата теорија на заговор), па сега ќе им нудите помош на засегнатите. Прво ѝ пративте авион со медицинска опрема и со стручњаци на Италија (а само што не го добија тоа од Брисел по силните молби за европска солидарност), па одговоривте позитивно и на барањето на Вучиќ, за сега да го користите и тоа што во тесно се нашла и Македонија? Не оди тоа така, друже Џинпинг.
Аман Кина, не нè брани – Пишува Роберт Димитриевски | opserver.mk”