Ова едноставно е неточно, ако гледам што се дешава у школо кај моето дете.
Впечатокот е, дека се крие од јавноста вистинската состојба со трансмисијата во училиштата.
На пример, во споменатото училиште, во одделението на моето дете, до сега, оваа учебна година, имаше неколку изолации, поради случаи на болно дете и други заразени од него. Имаше неколку заболени наставници (на училиште заболени), кои предаваа од дома. Имаше цело одделение во изолација и он-лајн настава, затоа што се испоразболеа речиси сите таму. И да не набројувам...
Имаше и родители кои беа најголеми поборници за настава во живо, а кои поради неколку разболувања на своите деца (не само од корона) бараа нивните деца да почнат, у сред година, да следат он-лајн, но, не им беше дозволено. Сепак, тие и така почнаа да не ги пуштаат децата на училиште, со помош на континуирани лекарски оправданија.
Маските не ги носат на одморите. Маските е многу полошо да не ги носат, отколку да ги носат.