Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
ОК, благодарам.

Србија има уште Фајзер?
Колку што знам има. Јас бев во петокот, на ревакцинација. Се изненадив бидејќи само што пристигнав одма влегов. Немаше буквално никој што чека, за разлика од првата доза... чекавме 2 саати за да влеземе во салата.
 
Во кој град и кој период од денот?
 
СЗО ја ебава работава и Џон го попиздеа во врска со начинот на администрирање на вакцините. Воедно ова е тоа што @bijons цело време го зборува. Можно е проблемите со АЗ да се од вбризгување во крвен сад.

Првото видео од пред две недели.

Второто видео со потврдени случаи на проблеми со неправилно инјектирање.

Дали знае некој како може да се преземи сертификатот за прележан од корона вирус? Филипче објавил дека можи од vakcinacija.mk, а всушност срањето ме пренасочува да закажам термин за вакцинација.

Edit: Пошто тие шо ја праела страната „вакцинација“ се закочени, мораш да се одјавиш па пак да се најавиш за да одбериш дали сакаш термин за вакцинација или да го преземиш сертификатот, затоа што срањето откако че се регистрираш автоматски ти дава да пополниш термин за вакцинација, а не да бираш самиот ти.
 
Последно уредено:
... јас не реков „глупи“ тоа ти сам заклучи, луѓе ко луѓе во 21 век со толку инфо на Нет од било која област, не би требало така да реагираат, а јас реков дека „се чудам“, а не дека “се смеам“ твои заклучоци ми наметнуваш како моја реакција, мене ова ситуација ми е трагична толку да не сме едуцирани не е добро!

... по вакцинирањето држи ја ватата на местото на боцкање, ако по правило после вакцинација местото на убодот не треба ниту да се тересе, ниту да се стега, а најмалку треба да се помине повторно со вата намокрена со алкохол, па одозгора да се држи, може само некој ханзапласт да се залепи онака и ништо друго!
"ги гледам сите овие што се вакцинирале, седнати на столче со стисната рака со парчето вата на местото на боцкање, се држат цело време, како да се од куршум повредени :facepalm: , а не некоја мили течност примена со малтене инсулинска игла"

Кутрите тие необразовани прости. Ако се базираа сите на инфо од нет 99 процени имаат уште некој месец за живот и други неизлечливи болести за кои медицината нема лек а се лекуваат со кантарион, нане, зелка и кисело млеко
 
... твоите емотивни заклучоци не ми ги наметнувај, подобро научи нешто и шири општа култура, неправилно аплицирање носи и погрешно администрирање на ,,лекот,, а со тоа можни несакани ефекти, па и немаксимална искористеност, правилата се учат, се повторуваат и се пренесуваат за општо добро и здравје, кај нас како гледам сите се под еден калап и не само вакцините, туку и за други лекови, ете на пример инсулинот ако не се аплицира правилно тоа може и воопшто да не делува во моментот кога треба, а пациентот ќе има погрешно мислење и за негова хипергликемична состојба и сомневање кон квалитетот на инсулинот,

... лошо е да никој не реагира, да ќутиме на нешто што не е правилно, ако се заборави ајде да се потсетиме, ајде повторно да научиме, медицинската сестра, лекарот па и сите здравствени работници да бидат успешни треба цел живот да повторуваат, ако треба -да научат пак, да се доедуцираат, а не еднаш излезени од амфитеатар облечи бел мантил и толку од учењето, а по семинари само кафиња и бош муабети, здравството не се надградува на таков начин,

... тоа што го напишав да се информираат од Нет, значи основни работи ќе се прочита правилно неправилно разбрани, ќе внимава кога ќе оди да се вакцинира, ете членот @teneke без разлика што и како пишувам, следи и дава акцент на тоа што пишувам, без разлика дали ќе биде хехехе или лајк реакција и тоа е доволно дека во иднина ќе внимава, ќе се интересира,

... еве поинаку да кажам, да купиш кола се интересираш за перформансите што како на Нет? да земаш кредит во банка се распрашуваш и потоа си колку толку спремен да избираш? оди на подтемата за клими каде се коментира до ситница, каква борба се води таму за докажување за еден ват потрошувачка, тоа не значи дека станавме стручњаци за автомобили, клими, банкарство, ама мора да имаме некое сознание дополнително,

...тогаш зашто за нашето здравје сме најмалку информирани? зашто само да се дигне ракавот и да се сврти погледот настрана при вакцинирањето, па што биде нека биде со боцкањето?
 
Лошо местење на ребраст каиш на автомобил (колку што знам) носи проблеми со моторот на автомобилот - не работи како што треба со можност за поголеми дефекти, па не гледам дека некој се информира на нет за тоа како се мести и штелува тоа. Иако ова има последица само по моторот (и новчаникот) мислам дека не секој треба да знае како се прави ова и да му објаснува на мајсторот со ствари кои ги прочитал на интернет.

Проблемот со нетот на кој цело време не тераш да се информираме е тоа што секој будала може да стави статија за што сака и тоа не се релевантни информации. Еве стално вртат статии дека одредена храна може да ги излечи луѓето со дијабет (често некои чаеви од 10 000 денари ама поради голема потрошувачка е намален на 1599 + трошоци за достава и 10 маски гратис) па не е точно. Ама интернетот вика така и нема можност да лажат. Или дека Иван Исцелител лечи од разни болести за кои медицината нема лек? Сега кој треба да одговара за тоа?

"зашто само да се дигне ракавот и да се сврти погледот настрана при вакцинирањето, па што биде нека биде со боцкањето?" можеби постои доверба во медицинските професиналци кои се школовале којзнае колку години, уште семинари и триста тракатанци во животот, и можда тие знаат нешто повеќе од нас "обичните смртници" за медицината. Или ако изгледаме едно видео на Јутуб за тоа како се боцка знаеме повеќе од нив? Или пак некој со фобија од игли едвај се наканал дадојде на боцкање, а не камоли да гледа кај што го боцкаат?

А и ако така се учи како правилно се боцка со игла зошто тогаш не ги пуштаат вакцинитепо пошта, и ќе ти речат гледај на то видео како се боцка и стави си ја сам вакцината? Па за ревакцинација исто? Или пак нека ти речат дојди во гастро, во соба број 2 имаш апарат за колоноскопија, гледај го ова видео и напрај си сам?
 
Долго време одбегнував воопшто да ја читам темава, бидејќи претпоставував дека ќе биде полна со умови кои ќе го тупат со некакви си теории на заговор кои веројатно немаат грам логика ниту во нивните сопствени глави, но поради само господ знае кои причини ќе веруваат во истите. Денес, читајќи ги последните седум, осум страни гледам дека не погрешив.

Ноември 2020:
Јас и двајцата мои родители заболуваме од Ковид. Јас (29 години) проаѓам лесно, целата работа не траеше повеќе од 7 или 8 саати вкупно покачена телесна температура и по некоја болка во телото на прилично необични места, утредента буквално бев како нов. Моите родители (59 и 58 години) пројдоа далеку потешко. Омалаксаност и немање енергија за буквално ништо беше најизразениот симптом кој траеше преку 15 денови и кај нив. И двајцата разија пневмонија, кај татко ми нивото на дедимерите беше 10 пати повисоко од нормалното. Среќа ни еден ни друг немаше потреба од хоспитализација. Тој период се случуваше неколку пати да одам со него во воена болница и тоа во ниедно време (на полноќ и подоцна) во работни денови. Сликата знаете која беше? Десетици возила паркирани доле, ги чекаат своите најблиски на кои им била потребна помош, преглед итн. на минусни температури! Ама не биле полни болниците, да, секако! Среќа сите оздравевме и никој немаше никакви последици од сето тоа.

Истиот период кога бевме ние болни три ката под мене - комшии. Заболуваат цело семејство, млад пар (40-тина години) нивните две деца тинејџери како и родителите нивни (70+). Сите проаѓаат лесно, вклучувајќи ги и старите освен мажов од претходно споменатиот млад пар. Здрав, прав, нормален. Недела дена 39 температура константна која никако не успеваат да му ја симнат. Развива опасна пневмонија, сатурацијата му опаѓа, не може да стане од кревет, а слободни кревети во болница Н Е М А. Ама не биле полни болниците, да, секако! Среќа, мајка му е пензионирана медицинска сестра, па повуци-потегни некако го сместија во болница. Лежеше три недели, кога го пуштија немаше сила да дигне флаширана вода од 1L.

Март 2021:
Околу мене заболуваат еден куп луѓе кои за време на есенскиот бран не заболеа. Се случуваше во еден ден да носам храна и лекови кај 3-4 различни луѓе кои беа болни и во изолација. Починува татко на еден мој другар во болница. Едвај му најдоа кревет, надлежните буквално им викаа чекаме некој да умре за да можеме да примиме нови пациенти! Ама не биле полни болниците, да, секако! Лежеше недела дена, првично демек подобар беше, ништо, џабе... го снема човекот.

Април 2021:
Заболува семејството на друг другар. Во рок од 72 саати изгуби тројца членови од потесното семејство, хоспитализирани беа двајца од нив. Некоја недела подоцна, друго семејство кое го знам заболува. Двајцата синови и таткото проаѓаат лесно, мајката хоспитализирана во приватна болница, лежеше преку 40 денови. Последните два дена почнува состојбата да и се стабилизира, да и се подобрува. Утрдента им јавуваат дека во текот на ноќта нагло и се влошила состојбата и починала.

Можам да пишувам уште. Знам уште луѓе кои беа болни, некои лесно, некои тешко, некои кои ја изгубија борбата. Јас стојам на ставот дека ова е една од најлошо изменаџираните кризи во историјата на човештвото! Ова особено го мислам за кај нас во Македонија, циркузијада е мал збор. Од погрешни информации за вирусот токму од оние кои треба да бидат најинформирани, до носење на нелогични мерки за справување со истиот како кај нас така и низ светот.

Но! Да веруваш дека вирусот не постои или па дека не е толку опасен колку што се кажува, дека болниците не биле полни, дека се е дел од некаков си глобален заговор треба или да си глуп, или да си ретардиран, или да немаш грам емпатија за оние кои се осакатени психичики и физички после она што го прошле, или па да имаш некаква скриена агенда. Во секој случај таквите мислења можете да си ги пикнете само на едно место кое мислам дека нема потреба да го спомнам.

Значи да истакнам (цитат) :

Да веруваш дека вирусот не постои

Да.

или па дека не е толку опасен колку што се кажува,

Има и такви

дека болниците не биле полни,

Да, со свои очи видиш, не дека се е празно туку се сите испопикани во еден оддел.

дека се е дел од некаков си глобален заговор

Богами.

треба или да си глуп, или да си ретардиран, или да немаш грам емпатија за оние кои се осакатени психичики и физички после она што го прошле, или па да имаш некаква скриена агенда.

Замена на тези :

Прво имаше декларација на пандемија до која може да да се дојде по минување низ одредена процедура. Таа процедура беше прекршена на сите можни начини. https://cormandrostenreview.com/report/ Затоа, за утврдување на состојбата би требало да се направи обид за коректно исполнување на процедурата. Ама наместо тоа да процедурата се изврши, сега се нижат лични приказни кои во 2019 година никој освен глупите и неписмените не би ги сметал за доказ на пандемија.

И до каде оди перверзноста :
Кога власта изгладни и испоумре милиони луѓе - Руси во Русија, или нацистичка Германија, или Ерменци под Турско, или Ирци под Англичани, или Индијци под британска управа - и за тие помори се прогласи биле резултат на „природна катастрофа“ која ете била слабо менаџирана, секој си има избор дали на властите да им верува, или да покаже нешто малку кичма со мадиња па да си рече дека тоа што маса луѓе настрадале - НЕ значи дека било ниту природно ниту неснаѓање...

Туку наеднаш сите како да станаа верници во Фукујаминиот крај на историјата, па тоа што било досега сега веќе не може да биде. А што според официјалните статистики секоја година по осум милиони деца умираат само од глад и недостиг на чиста вода, кои можат да се решат со ронка од ресурсите за вакцини, тоа го забораваме.

Во секој случај таквите мислења можете да си ги пикнете само на едно место кое мислам дека нема потреба да го спомнам.

Тоа место не мора да го спомнеш, тоа место достојно за презир е ова на Кајгана „форум“ каде дваесе конформисти ќе се окомат на оној кој сеуште поставува критички прашања.

Malcolm X love hate care quote.jpg

П.С. Ти си бил одсутен од тука, па да ти кажам : Има лекари кои тврдат вирусот не бил опасеn, и кои во минатава година и пол спасија иљадници животи од тн. „ковид“ : Zev Zelenko, Pierre Cory, Didier Raoult, America's Frontline Doctors итн.
 
Последно уредено:
Проблемот со нетот на кој цело време не тераш да се информираме е тоа што секој будала може да стави статија за што сака и тоа не се релевантни информации.
... за ова убаво објаснив, нема да се повторам, ти го носиш во погрешен правец да се добие погрешно толкување,
можеби постои доверба во медицинските професиналци кои се школовале којзнае колку години, уште семинари и триста тракатанци во животот, и можда тие знаат нешто повеќе од нас "обичните смртници" за медицината.
...тоа можеби важеше за твоите родители да имаат доверба, за тебе тоа веќе не важи, тие добри генерации кои својот живот го посветиле за медицината веќе се пензионирани,
можеби се врти уште по некој таму ваму од постарите генерации, но неосетно и во неможност да направат повеќе од големиот број на нови кои за рекоден период излегле како медицински кадри прелетувајќи преку сите испити читајќи како лектира, со кец во ракав во вид на пари, непотизам и партиска препорака си добија дипломи (многу ретки исклучоци),

....еве како пример, има една многу посветена студентка, толку се труди со учењето ретко за денешни услови и токму таа има највише сопки (ми се исповеда) ... ете ќе кажам, иако ретко сте свесни како и кој денес завршува за бел мантил,
....во смисол како и' кажале ,,...Ти не можеш да завршиш медицина, зошто немаш ниеден родител лекар, ниту некој во твоето пошироко семејство, ти не можеш да завршиш медицина зашто твоите не се богати, не може дете на сиромашни да биде лекар, ти не можеш да поминеш полесно зошто не знаеш да ги цениш професорите и да ги почастиш понекогаш, па и дури да им купиш нешто ако положиш, зошто воопшто си во медицината? погрешно си одбрала професија таа не е за тебе!...,, е токму нејзе највише и' помагам, зошто ќе биде добар здравствен работник!
...и затоа наместо сега, токму во вакви услови треба пациентот да е повеќе едуциран за свое добро, ти мене ме напаѓаш за некое стекнато ,,на стара слава,, поверение на денешниве медицински кадри....повели, мене не ме чуди секојдневните коментари ,,така било пишано...судбина...така сакал Господ,, !
- наместо да се држите за тие неколку бисери расфрлени таму ваму, вие и нив ќе ги изгубите!
 
А и ако така се учи како правилно се боцка со игла зошто тогаш не ги пуштаат вакцинитепо пошта, и ќе ти речат гледај на то видео како се боцка и стави си ја сам вакцината? Па за ревакцинација исто? Или пак нека ти речат дојди во гастро, во соба број 2 имаш апарат за колоноскопија, гледај го ова видео и напрај си сам?
... инсулинот по неколку пати на ден кој му го аплицира на пациентот? клексане дома кој му го аплицира на пациентот? анти беби тест, тест за гликоза во крв, урински стикови кои ги прави дома? тоа што МОРА и МОЖЕ, зошто имаш аверзија, кај реков јас да се вакцинираш дома? без веза тераш муабет, веќе не те цитирам, ништо не разбираш- ај некако ќе помине, ама да тераш инат и сеир, тоа не го разбирам...немам инки веќе!
 
Дали знае некој како може да се преземи сертификатот за прележан од корона вирус? Филипче објавил дека можи од vakcinacija.mk, а всушност срањето ме пренасочува да закажам термин за вакцинација.

Edit: Пошто тие шо ја праела страната „вакцинација“ се закочени, мораш да се одјавиш па пак да се најавиш за да одбериш дали сакаш термин за вакцинација или да го преземиш сертификатот, затоа што срањето откако че се регистрираш автоматски ти дава да пополниш термин за вакцинација, а не да бираш самиот ти.
јас чув па друга работа, гркљаните дека смениле и не е до 9 месеци ОД прележување, туку сега важело до 6месеци ОД прележување ???
а мислев и во септември да одам пак на одмор ама сега њет
Автоматски споено мислење:

за ова од 1988 дали е фејк и не е битно, ама ОВА долу е многу БИТНО дали е фејк ?
211801281_4051616928288079_4443939888370327098_n.jpg

не мислам дали се 3% или 18,5% вакцинирани, туку Дали навистина има доживотна забрана за давање крв ????
како порано ако ти најдат антитела на Б-Хепатит не смееш крв да даваш ???
 
Последно уредено:
Него индијциве како усепаа да го скратат делта сојот и магично да останан на само 500.000 активни на 1.3милијарди жители?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom