Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Изгледа дотичниот го накачил Британскиот сој, не разбирам, нели докторите имаат забрана да користат годишни одмори за време на пандемија, како овој заминал Занзибар баш сега кога е жустро со овие соевите
 
Еве сега предложила комисијата карантин за сите патници што идат од Африка, ќе изгниеме и годинава во логорот смрден наречен Северна, а како набавуваме вакцини, и наредните години не ни се пишува арно.

Да не чујам лош збор за короната од охриѓани (и дојраначни, беровци и др), за нив испаднаа пандемијава, пет години фиксно полни капацитети со домашни туристи.
 
Еве сега предложила комисијата карантин за сите патници што идат од Африка, ќе изгниеме и годинава во логорот смрден наречен Северна, а како набавуваме вакцини, и наредните години не ни се пишува арно.

Да не чујам лош збор за короната од охриѓани (и дојраначни, беровци и др), за нив испаднаа пандемијава, пет години фиксно полни капацитети со домашни туристи.
Они се жалат дека лоша им е сезонава, немало странски туристи а ние не трошиме пари, само гужва праиме :D
 
Веќе влегуваме во трет пик, Србите исто. Со по 25% тестирани-заразени сме и двете држави. Само што тие ако продолжат со вакцинирањево ќе го избегнат четвртиот, а ние тешко.
 
...ако се прошири вирусот од овие двајца сопружници што си го „ладеа“ безобразно во Занзибар (а ние другите совесни во двор трева пасеме не подалеку), а сигурно се инфицирани со вирус од јужноафрички сој што ништо не делува ни вакцина ни бутур, а е повирулентен, секој болен треба по правило да ја осуди и тужи комисијата за заразни болести, министерството за здравство и државата поради неносење забрана на патување во овие ризични земји, а овде ИСТИТЕ казнуваат обични луѓе без заштитни маски што шетаат низ парк и глумат лудило за закаснето затворање на некој ресторан или кафана или ќе прават контроли по дома ал некој фрлил ѓубре од дома, а е во изолација,

...за дозвола на вакво патување во земја со опасен сој на коронавирус МОРА ДА СЕ ИМА ОДГОВОРНОСТ и казна, ама со кого, вирусниот сој си влезе во МКД, отпосле ќе носат мерки, поретардирано здравје!
 
Последно уредено:
Голем дел од народот не носи маски. Посебно во населените места каде што поголемиот дел од населението се Албанци. Дури ни вработените во продавниците, маркетите и пекарите не носат маски.
 
Можда пред пандемијава имав сомнежи за распадот на ЕУ за брзо, ама кога ги гледам во кој хаос се со вакцинирањево сигурен сум за макс 10 г. ќе се размонтираат.
 
Сега ти е приликата да јадеш само здрава храна со грд вкус
Бодибилдер сум бтв, го јадам тоа веќе 10 години :D
Автоматски споено мислење:

Обично вкусот побрзо се враќа..ова кај тебе е навистина претерано...37 дена!?
Јап :cenzura:
 
Последно уредено:
Американците од друга страна имаат нова вакцина од Џонсон и Џонсон(се дава само една доза) и ќе произведе 100М дози за месец време, со што се најавува дека до мај ќе имаат вакцина за секој полнолетен граѓанин. Реално врши огромна работа Демократската администрација по однос на вакцинирањето и обезбедувањето на вакцини, а бројот на вакцинирани на ден постојано се зголемува.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom