Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
https://republika.mk/vesti/ekonomij...ot-po-koj-kje-rabotat-ugostitelskite-objekti/

Не повеќе од 4 на маса, ама може споени маси до 12 души, абе иди бегај, ниту м од мерки нема да има од утре, ќе договорат кај и да е датум за јули за избори и вирусот ќе биде како да не постоел во Македонија.
Ама во септември, октомври магично ќе ни се појави. Па тој што ќе земе власт сега има да си мрси брк...
 
Чекајте луѓе, имаме мерка на годината, досега го читав протоколот за угостителските објекти, хахах па дали се арни во глата бее, дали има еден здрав во мозокот ?

Прво глупост е шо им дозволуваат да работат до 22 часот, зошто ?
Која е разликата ако затвори локалот два часа порано ?

Друго, немало да се послужуваат стоечките маси, ај ова до негде држи вода, дека на високите маси имаат близок контакт.

Трето, ако на масата седат 4 а не се од исто семејство ќе се послужувале само двајца, шо келнерот извод од раѓање ќе им бара хаха

Не знам дали овие се мерки кои се практикуваат во сите земји ама ова е смешно.
 
Си ебаа мајката више уште од вчера на конференцијата се виде дека пуштаат се на лабаво мод и Господ само нека ни е на помош.Очигледно дека гледаат на сите битни за нив фактори да им пуштат се по мерак поради изборите кој се чекаат за едно месец дена.Почнаа со џамиите па со бајрам да им удоволат на Албанциве,сега им удоволуваат на угостителите...прво беше да работат до 6 па ајде испадна 8,видоа овие дека може да се ќари уште и на крај до 10 со протоколи кој се смешни и гарантирам дека сите што се против режимот ке јадат драконски казни и контроли....

За вирусот што да се каже...Се им падна во вода...Имале ситуација под контрола а секој ден се полошо и полошо а они дебили негираат и оставаат на свест на народот кој не ги ферма ни два посто...Уште кога ке ми спомне Филипче колективен имунитет....Јаооо Шведска е мртовечница со Белгија а имаат 7 проценти имунитет колективен.Кај нас не смеат да зуцнат од која населба се болните а камоли други некој ригорозни мерки...А за што...Слатка фотеља по цена и најмило да им умре...Се фатиле Септември втор пик а ние првиот го доживуваме секој ден.Ама битно е сега сме развиле систем...Да и јас се слагам систем полн со вируси како на компјутер кога не мрда ништо се е блокирано ама овде за жал нема формат...
 
Добро бе, Филипче сега изјави дека најверојатно Корона ќе имаме до 2022 и вие со цел памет мислите дека треба да се држи се затворено (кафани, ресторани, теретани, граници) до тогаш ? Дај мислете малку, не е ова да се издржи уште 1 месец па ќе помини. Мора да се живеј.

Абе не е стварта дека отвораат се, муабетот е за смешните мерки и протоколи.
Кажи ми која е разликата да работи локалот од 8 до фајрон или како шо им наредија сега да отвораат во 10 а да затвораат во 22 часот ?
Која е финтата дека аки на масата има 4 ќе се послужуваат само двајца ако не се од исто семејство, не дека ова ќе го практикува некој ама барем нека не се брукаат по телевизии.
Полицискиот час беше приказна сама за себе, прво до 21 часот па до 16 часот па до 19 часот.
За први Мај не затворија во карантин као демек ќе се збирале сите а три месеци вртат по социјални мрежи сите скари печат.
Друго, во Чаир, Бутел не важат правилата оти таму корона чао е работата.
Ова мене на скриена камера ми личи, нема шанса некој да не еби на здрав ум толку.
 
Друго да се надоврзам, имам наназад пишано дека брат ми е во карантин во Охрид,е сега недела треба да одиме да го земиме.
Наводно, треба да оди само едно лице, значи во колата не смее повеќе од двајца, тој и шоферот. Не дека ни менва нешто ама зошто ?
Посекако го укинаја домашниот и тој веќе две недели е во државен карантин,која е поентата да бидат само двајца во колата ?
 
еве ви земји кои добро се справуваат со вирусот (освен Македонија)
а не Шведска, ебаве беља
 
Во Кочани не можеш да се разминеш на кејот од шо е полно со народ моментално. :giggle:
 
еве ви земји кои добро се справуваат со вирусот (освен Македонија)
а не Шведска, ебаве беља
Гледам Канада е спомната овде, не навлагам што и како ама мислам дека не можеме од неа да земеме пример зошто не дека не сме толку финансиски моќна економија (да, не сме, не сум бреин демиџд) туку немаме етика како нив. Имам колега кој работи повремено remote за нас, Хрват кој живее во Канада и иако немаат 2 недели нов случај, уште градинките и рестораните им се во аут.
За тоа дека држат дистанца, носат маски и не се бутаат еден во друг (тотална разлика од Америка) не треба ни да напоменувам, нели.
 
4,220 не e многу повеќе од 3500, башка има и колебања +-1000 во различни години, башка е и субјективно дали ќе го впишеш умрел од грип или од пневмонија.
Види, очигледно е дека не си многу бистар лик, ама исто ли е 4220 мртви од корона за 3 месеци и 3500 мртви од грип за цела една година? Мислам, гледаш тука негде разлика или тешка работава, м?
 
Идат моментално по улица и ги интервјуираат граѓаните, ги прашуваат како се чуствувате - овие викаат - се чуствуваме слободни!

Абре сироти колку не знаат што е слобода, а богами уопште не знаат што е неслобода.
 
Види, очигледно е дека не си многу бистар лик, ама исто ли е 4220 мртви од корона за 3 месеци и 3500 мртви од грип за цела една година? Мислам, гледаш тука негде разлика или тешка работава, м?
Stefan-kobe, Bateman и Beric Dondarrion , убавци, лепотани, зедно сте како некоја шветска тројка, јаки тролиша...
Ве фатив живи тројцата во глупоста, ете ви графици 12 недели на скоро сите типови грип, вие умните и шарените броите август септември, таму е 0. горе доле 6-7 месеца нема, почнува од нула за 1-2 месеца да залауфа, тој дел каде се 90% болните е 2-3 месеца, на крајот 1-2 месеца паѓа до нула. Кој сака може да побара графици и за стариве корони, горе доле се исти како грипот, ако земе некој да нацрта и за ова Ѕверот COVID19, ќе види дека пак е исто.
А може и да не сте тројца, а една особа со повеќе никови ;), во секој случај може цел ден да се кефите и дрвите ама сте жални, никој не ви верува на пропагандата.

20704.jpeg

virus.jpg
 
ни овој пост не ти го прочитав
само видов на почеток дека си ме спомнал
Автоматски споено мислење:

Оној оџата од тетовско што викаше дека исламот ја почитува науката и дека него му е најбитно здравјето на верниците, па затоа ја затворил џамијата у пандемијава. Што не стават некој ко него наместо абдалов?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom