Не знам колку ја следиш состојбата во САД, но се случува класичен распад на систомот на Џо. Наследи вакцина и план во фаза на имплементација и успеа да ги дуплира бројките на смртност од претходните години. Стапката на имунизација (да речеме во големите градови во Калифорнија каде повторно се враќаат дел од ретардирани те мерки) е скоро 90%! Вкупната стапка е околу 75%, на државно ниво. Проблемот се инфекциите кои се зголемуваат вртоглаво.
Сенатот го укина законот за задолжителна вакцина (52-48), каде двајца демократи гласаат со републиканците и еден од Демократите (чинам е од Монтана) се соочува со внатрепартиски притисоци! Гледа дека Џо, на анкетите во неговата држава тоне (30тина проценти), а е под 50% и во дел од најсилните држави! Тоа е сериозен проблем за оние кој го туркаат тој наратив за затворање, мерки и рестрикции.
Гувернерот на Колорадо, Демократ, стави крај на пандемијата! Мислам дека конечно преовлада разумот. Сепак и нивното гласачко тело е пред состојба на вриење. Бустер дозата е новиот нивен еквивалент на заштита, двете фактички и технички не даваат доволна заштита!Догодина ќе треба четвртта доза (веќе знаеме дека тоа ќе го имплементира Израел, можеби Србија и пар држави од Балтикот), а тука е и вакцината против Омикрон (петта во низата) каде самиот има поблаги симптоми од Делтата!
Гледаме дека и Џонсон е во некоја меѓуфаза за бустер доза за сите граѓани (а започнаа од ранливите и оние кои не развиле имунитет и проваксерите (луѓето кои ја следат науката) не веруваа дека таа мерка ќе ги опфати сите граѓани) и повторно воведување на мерки затоа што и они веќе половина година се соочуваат со бум од новозаразени (причината е и стравот од Омикрон) . Да, стапката на смртност е опадната.
За Германија и Австрија нека одлучуваат нивните Уставни судови. Моја работа не е како ќе одлучат, ама после ова, Германија ќе мора да си го гледа својот двор, а не што прават Полска, Бугарија, Унгарија и Грција (правно, политички и/или економски).
По кој пат ќе одиме, самите ќе одлучиме. Само мерките треба да важат подеднакво за сите затоа што нема елементарна логика во овие мерки кон невакцинираните. Тие се противуставни (немаат правен основ- вакцината не е задолжителна и сѐ се сведува на "погрешниот" избор кој на Владата не и се допаѓа) и противзаконски. Сеуште чекам некој во истото да ме разубеди- која е логиката зад овие мерки? Кој е ефектот? Позитивен вакциниран со сертификат може да си седне на кафе, може да оди на кино, а невакциниран негативен не може! Паралелата со статистиките и местата каде важи, а каде не, е одамна направена, дебатирана и не сакам да се навраќам на тоа.
И Бојан навистина имаше фантастични аргументи, иако не се сложуваме со неговата суштина. Проблемот лежи во сфаќањето на поимот "задолжителна вакцина" и дали смее да има правни последици по субјектот откако си ја платил глобата (затоа што не се вакцинирал). Правната логика вели НЕ, но има примери и од праксата каде вели може да има (пр. педофилите кои имаат забрана за приближување во одреден радиус на градинки и игралишта). Не затоа што одговорноста запира откако е отслужена казната или платена/надокнадена штетата/глобата. Дали оваа вакцина може да стане задолжителна? Сеуште сум на ставот дека не може.
Сепак тоа е мој субјективен став, врз база на чл. 11 од Уставот каде тоа право е општо и не може да биде ограничено со Закон. Зошто? Прво затоа што тоа не стои во Уставот, и второ затоа што Законот не може да го дерогира Уставот. Така филмот влажните соништа за војската, проваксерите може да ги заборават, тие припаѓаат на друго време и на друг систем. Ако им се допаѓаат или нека пробаат повторно да ги воведат или нека се отселат во општество кое ги има сите тие нивни морални принципи и залагања. Мојата ѕвезда водилка е категоричкиот императив.
Ако некој има проблем со било што, се радувам на цивилизирана дебата.
