Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Што има во тие пласебо вакцини, некој малце подетално да објасни?

6 луѓе починале од кои само двајца во групата со вистинската вакцина...другиве 4, без обзир на причината(срцев, мозочен, осанатите причини), дали пласебото може да предизвика такво нешто или пласебо вакцините се тотално безопасни?

Доколку само двајца починале од илјадници тестирани, би рекол тоа е добра бројка....8 билиони луѓе на планетава, па мајката, кај некои ќе се случи да има негативна реакција што ете ќе резултира со смрт.

Пак тераме на таа наратива, како луѓево да сме бесмртни, па леле боже што се случи, двајца, пет или десет души умреле. Ако сакате да има смисла нивната смрт, ете се жртвувале за доброто на човештвото.
 
Valjda vo placeboto nemase nisto i umrele od drugo nesto, sto nema vrska so vakcinata? Mi izgleda logicno.
 
Според Американската администрација за храна и лекови (ФДА) ниту еден смртен случај не е директно поврзан со примањето вакцина. Не постојат докази за тоа.

Еден учесник со артериосклероза и вишок килограми починал три дена по првата доза, а друг учесник доживеал срцев удар 60 дена по првата доза и починал 3 дена после тоа.

Во плацебо групата две лица починале од мозочен и срцев удар, а причината за смртта на другите двајца не е утврдена.

Ај сега вака...плацебо е секоја медицински неактивна супстанца што му се дава на пациентот за да се задоволи неговата терапија со медикаменти. Инаку во случајов со вакцините сите доброволци се поделени во две групи (рандом, по случаен избор). Во една група се користи вакцината, а во другата плацебо ефект (притоа доброволците не знаат за тоа, за да биде 100% правично и точно).

До појавата на вакцината се жалевте дека луѓето умираат само од Ковид 19, па сега изгледа конечно се разбудивте од длабок зимски сон и дознавте дека луѓето умираат и од артериосклероза, срцев удар, мозочен удар итн.

Голем проблем е читањето "само наслови" кои повикуваат на недоверба во вакцините. Или гледањето видеа од некои "квази научници". Знаете како ми личи од страна? Ко ефтино потпалување на широки народни маси.

И да не се разбереме погрешно, немам ништо против ако ми дадете веродостојни докази за тоа што го зборите. Би ставила прст на глава и би подразмислила, ама вакви небулози?!
Едуцирајте се од проверени извори.
па јас тоа и го иницирав, тие срцеви и мозочни удари немаат врска, затоа повеќе починале од групата што примила плацебо
 
A realno moze i od nocebo effect nekoj da nagrabusi posebno tie sto mislat deka vakcinata bi imala nus pojavi.
Времето можеби ќе покаже, иако малку е тешко да се анализира оваа ситуација....дека ова е пандемија на плацебо/ноцебо :)
 
За многу работи веќе оставаме на времето...
Чекавме топло да го снема вирусот арно ама преживеа. Чекавме подолг периот да намали на интензитет вирусот, тој упорно коси. Чекавме вакцина, сега не сме сигурно дали да и веруваме, ќе чекаме да видиме другите какво искуство и став имаат.
 
Лично право е секој сам да реши за себе.Ти си решил да се вакцинираш, бујрум, заштитен си, јас ако сум решил да не се вакцинирам а да придобијам природен имунитет, со ништо не те загрозувам тебе, ти веќе ќе имаш имунитет;).
А колку за вируси стално имало, секоја зима не посетуваат одново. И до сега некој возрасни, болни, болни, модерни, различни, плашливи си ставале грипна вакцина, тоа било нивно право, но не била таква пропаганда да не принудуваат сите.
 
9 ден изолација и веќе почна последици да јавува короната, внук ми ( 3 години ) зеде дури бил сам во соба си ја манал машинката за стрижење, сега во главата е како косопад да има фатено :D
 
Bez da go slusam (od vremenski pricini) - odgovorot mi bese za toa, deka ne se testirale postari.

Pored Biontech, imalo i pomladi i postari koi ja primile vakcinata, 18-85 godini: https://investors.biontech.de/de/ne...tech-veroeffentlichen-erste-positive-daten-zu
Чоекот е експерт по молекуларна имунотоксикологија и не е онколог како оној со врвката околу вратот од 10 денари купена од битпазар.

Слушај го видеото кога ќе имаш време за нештата да ти станат појасни.
 
Последно уредено:
Времето можеби ќе покаже, иако малку е тешко да се анализира оваа ситуација....дека ова е пандемија на плацебо/ноцебо :)
Ne veruvam deka e pandemija na placebo i nocebo realen e virusot no veruvam deka ako nekoj se uveri deka vakcinata ima nus pojavi moze da ima nocebo effect ili obratno so plasiboto.
 
Лично право е секој сам да реши за себе.Ти си решил да се вакцинираш, бујрум, заштитен си, јас ако сум решил да не се вакцинирам а да придобијам природен имунитет, со ништо не те загрозувам тебе, ти веќе ќе имаш имунитет;).
А колку за вируси стално имало, секоја зима не посетуваат одново. И до сега некој возрасни, болни, болни, модерни, различни, плашливи си ставале грипна вакцина, тоа било нивно право, но не била таква пропаганда да не принудуваат сите.
Секаде се потенцира дека вакцината нема да биде задолжителна. Никад не кажав дека ги осудувам едните или другите, тоа е лично право.
Има доза на логика во двата става:
- сакам да се вакцинирам дека верувам во досегашните испитувања и не сакам да живеам ваков живот со куп ограничувања,
-не сакам да се вакцинирам бидејќи сметам како не е доволно истражена и сигурна вакцината и можеби ќе биде полошо.
Лично право, личен став...
 
Ne veruvam deka e pandemija na placebo i nocebo realen e virusot no veruvam deka ako nekoj se uveri deka vakcinata ima nus pojavi moze da ima nocebo effect ili obratno so plasiboto.
Реален вирус е, но плус на тоа стави страв и загриженост кои итекако се поврзани со ноусибо кое евидентно физички се манифестира.

Ако ништо друго, ноусибото слабее имунитет, па викаат дека ние, нашата ментална состојба му пречи на организмот да се избори сам.

Па така релаксирани, среќни луѓе имаат подобар имунитет... но ретко кој од нас е имун на стрес.

Гледајте комедии, кажувајте вицеви, пофино се живее така. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom