Копа Америка 2015

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде победникот на Копа Америка 2015?


  • Вкупно гласачи
    146
  • Гласањето е завршено на .
Ставив 3 стотки на Аргентина, па ќе видиме, ми изгледаат како најспремен тим, а и според настапите на СП лани, во моментов Аргентина>Бразил. Моја прогноза за финале, Аргентина-Колумбија.
 
Ставив 3 стотки на Аргентина, па ќе видиме, ми изгледаат како најспремен тим, а и според настапите на СП лани, во моментов Аргентина>Бразил. Моја прогноза за финале, Аргентина-Колумбија.
Аргентина и Колумбија ако бидат први во групите може да се паднат во 1/2 финале. На Бразил значи му одговара и да си изгуби од Колумбија, барем нема да го јадат како магариња од Аргентина после. :D
 
Asociación_del_Fútbol_Argentino_(crest).svg.png
АРГЕНТИНА

Иако фудбалот во Аргентина, почнал да се практикува во 1867 година, сепак првата Национална селекција на Аргентина била формирана во 1901 година во пријателски меч против Уругвај. На овогодинешното натпреварување на Копа Америка, нивни селектор ќе биде Тата Мартино, кој до лани ја водеше екипата на Барселона, каде всушност игра и капитенот на Аргентина, Лионел Меси. Заменик капитен на оваа селекција е Хавиер Машерано. Играч со најмногу настапи кај " Гаучосите " е легендарниот Хавиер Занети со 145 настапи, а најдобар стрелец е Габриел Батистута со 56 гола зад неговото име. Аргентинците своите натпревари ги играат на Ел Монументал. Според рангирањето на ФИФА, Гаучосите се наоѓаат на третото место на фудбалската мапа.

КОПА АМЕРИКА

Аргентинците се рекордери во бројот на домашни настапи на Копа Америка, дури 9. Последниот пат тоа се случи во 2011 година, што всушност и беше кобен настап за нив, бидејќи на нивно тло, нивниот лут ривал Уругвај ја освои титулата. Од друга страна пак, Гаучосите ова натпреварување го имаат освоено дури 14 пати, само еднаш помалце од рекордерот, Уругвај. Но последен пат тоа се случи во далечната 1993 година. Нели е време за нивно ново славје?
Оваа сезона, Аргентина се наоѓа во групата Б, во која ќе се соочи со Селекциите на Уругвај, Парагвај и Јамајка.


СОСТАВ

Селекторот Тата Мартино, за овогодинешниот настап на Аргентинците, се одлучи за овие 23 играчи:

Голмани: Серхио Ромеро (Сампдорија), Нахуел Гузман (Тигрес), Мариано Андухар (Наполи).

Дефанзивци: Пабло Забалета (Мачестер Сити), Факундо Рочања (Џенова), Езекил Гарај (Зенит), Мартин Демикелис (Манчестер Сити), Никола Отаменди (Валенсија), Марко Рохо (Манчестер Јунајтед), Милко Каско (Њуелс).

Средина: Хавиер Машерано (Барселона), Лукас Биља (Лацио), Евер Банега (Севиља), Роберто Переира (Јувентус), Фернандо Гаго (Бока), Анхел Ди Мариа (Манчестер Јунајтед), Ерик Ламела (Тотенхем), Хавиер Пасторе (ПСЖ).

Напад: Сехио Агуеро (Манчестер Сити), Карлос Тевез (Јувентус), Езекил Лавеци (ПСЖ), Гонзало Игуаин (Наполи), Лионел Меси (Барселона).
 
Аргентина и Колумбија ако бидат први во групите може да се паднат во 1/2 финале. На Бразил значи му одговара и да си изгуби од Колумбија, барем нема да го јадат како магариња од Аргентина после. :D
Како се одредува за 1/4 финале? Со ждрепка?
 
од кога слушнав за стековите на фросе, не два пати, туку дури три пати се размислувам дали да јадам за ручек стек или нешто друго :D
 
И јас еднаш јадев нешто друго, али стек си е стек бе батка.
 
Ставајте поише слики од навивачки, не ме интересира толку натпреварувањево.
d97f48cff584fd5dba6cb430c9bab5cf.jpg
 
Абе даваат на ТВ негде?
 
само на Арена даваат.. Иначе не е лошо тука линкчиња и стримови да праќате за утакмициве..
 
Уругвај - Јамајка
се држат овие од Јамајка имаја и добра шанса да заводат, шо се тиче Уругвај едно ке речам поголемо дрво од Кавани нема моментално, па уште се сопка самиот пенали бара се бапка од земја, сељак .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom