Конечно сфатив дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Magde.
  • Време на започнување Време на започнување
.... дека за ништо на светот не би го пропуштила опуштениот и бучен петок во женско друштво среде толпа напалени примероци од спротивниот пол. Посебно во близина на специјални и ретки примероци:vozbud:...
Конечно сфатив дека премногу лесно донесуваме заклучоци за одредени умствени состојби кои не сме ги искусиле и за верба во иднината според онаа ситуација која ја искусуваме во моментот или блиското минато.

Сакам да речам драга пријателке на моите драги пријатели, да видиш како со задоволство ќе го пропушташ бучниот петок... :pipi:
 
... дека животот иако не е розев, може да го подотераме самите. И замислете можеме и да уживаме во него...и да се радуваме на секој нов ден, на секое ново утро и сфатив дека сето тоа може еден ден да го снема... (и одма поле тоа почна нешто да ми се врти во стомакот)...го сакам животот! демн ју :pipi:
 
Дека цел живот живееш со мене, а никако не те чувствувам. Дека повеќе би ме болело кога мојата мачка би умрела, отколку кога би умрел ти. Дека повеќе муабет имам направено со соседот и продавачот во продавницата, отколку со тебе. Но конечно сфатив и дека... Тато, ќе имаш неподнослива смрт, не можеш да си бесрамник на земјата и бесрамник на небото.
 
сватив дека не било залудно сето добро што сум им го правела на луѓето, иако мислев дека никогаш нема да ми се врати некако ... Сега конечно сватив дека добротата која ја давав дупло се врати кај мене....:D И сватив дека ако не можеме да ги промениме стварите треба да ги оставиме да течат по својот тек ... и можеби сами ке се сменат:smir:
 
Деак ми е доста од тоа да давам да ме допираат идиотштини. И оваа е задња. Ќе си бидам џубре, и полесно ќе си проаѓам.
 
... треба да вложам повеќе во проценката кои луѓе го заслужуваат моето внимание, почит, доверба, па и љубов... зашто во поседно време, и минималното што ќе го вложам оди во бестрага, но веќе нема да е така, нема да може секој толку лесно да ми се доближи.

:salut:
 
дека сум никој и ништо....мислев вредам за некој ама сум грешел...
 
....дека семејството вреди најмногу од се' друго,без разлика што си поминал со него.Мамо,те сакам:back:
 
Конечно сватив ...

дека можеби премногу отворено и искрено зборев кон еден пријател, а од другата страна не бев разбрана добро. Или јас не го разбирам добро пријателството, што знам :(
Moжеби грешев не викам не, но сметам секогаш дека помеѓу машкото и женското пријателство треба да има некоја граница до кај да се движи пријателството. Ако не постојат граници тоа поразлично ќе се протолкува, а тоа не го сакав јас. За тебе не знам...
Глупо е да кажам само едно здраво и толку, а знаејки колку добро ме познаваш.
Не се фер некои работи, но сепак има ситуации кога некои работи се протолкуваат поразлично.
Јас сепак не се каам за тоа што е речено и поминато, само ми е жал што реши тоа повеќе да не постои и што стави крај...
 
Конечно сфатив дека се не е така прекрасно како што изгледа. Сфатив дека се е некако површно напраено нема ни фала за трудот барем. Сфатив дека направив грешка и сега колку и да се обидувам да ја попрам неможам, веќе еднаш искористив.
Сфатив дека животот не е се така розев дека позади среќата се крие многу поголема несреќа.
Сфатив дека ретко постои љубов, дека се што направив можеби не ни требеше...
 
дека сум никој и ништо....мислев вредам за некој ама сум грешел...
Доволно си вреден за самиот себеси... во тоа никогаш не треба да се посомневаш... а тоа дека МИСЛИШ дека не вредиш за никој... грешиш... не те знам но можам да гарантирам дека има луѓе таму каде што си, кои би направиле се за тебе...само што ти си преокупиран со оние на кои мислиш дека треба да им значиш нешто, со што буквално ги забораваш ти другите кои би жртвувале многу за тебе...
Ај седни и размисли, ке видиш дека има луѓе на кои забораваш да помислиш, а кои всушност некаде длабоко многу ти значат, и многу им значиш....
пробувам да помогнам.... ако грешам, поправи ме :s

pozz:smir:

P.S. Никој не е "никој и ништо"!!!
 
Конечно сфатив дека љубовта не е доволна за да опстане една врска.
 
Дека сум упорна и кога треба и кога не треба. :tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom