Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 29.118
- Поени од реакции
- 62.366
[zEUs];1838591 напиша:Комунизам на кратко значи : секој човек дома да има пушка и да биде спремен за војна.
Лично мислам дека комунизмот бил најдобрар начин на владеење, така што во комунизмот економијата цлетала бидејќи државата се грижела за сите претпријатија и таа ги финансирала и им кажувала што да произвефуваат колку да произведуват и сл ... мојата проф од ме негира во ова и вика дека државата не е толку паметна за да им кажува на пертприајтијата што да произведуваат и колку и сега мие го плачамо долгот за тоа што се случувало, според мене добро е што во комунизмот не си можел да дадеш товое мислење и да кажеш дали чини нешо или не, не си можел да прашаш шо е она таке или ваке, а и добро што имало една партија и не гледале шо за 4год да испокрадат а и не си можел да прашаш зошто има една партија
има и многу други добри работи за комунистичкото владеење ама за тоа во друга прилика :wink:
аман бе другар, ова е добро или требаше да биде некоја иронија? :kesa:
комунизмот (не зборувам за македонија туку општо) беше систем во кој на луѓето им беа ускратени многу елементарни права. не можеше нормално да се има свое мислење за работите уште помалку да се изнесе јавно, посебно ако тоа мислење не кореспондираше со мислењето на партијата. на луѓе кои беа поимашни им беа одземени имотите и генерации го поминаа животот во сиромаштија. луѓе кои зборуваа премногу беа прогласувани за народни непријатели и ги поминуваа животите на голи оток и слични егзотични места на планетава. работниците беа убедувани дека фабриките се нивни а директорите не крадеа, пошто и онака цел живот беа на власт. кога падна системот, работниците останаа на улица а директорите ги опљачкаа фабриките до последен штраф. интелектуалците кои беа со напредни сваќања беа маргинализирани или елиминирани. партиските клонови со сериски бројчиња беа поставувани на највисоки функции во државата.
бројот на луѓето во светот кои настрадаа поради комунизмот е далеку поголем од настраданите во било кој друг систем и било која идеологија предходно, вклучувајќи го тука и фашизмот. комунизмот е утопија во која луѓето беа убедувани дека се рамноправни. и нека не ве убедуваат дека она на маркс и енгелс било прав комунизам (во позитивна смисла) а она што се случуваше во светот до 1990 и распадот на СССР, било некој друг, лош комунизам. комунизмот е точно тој чии темели ги поставија маркс и енгелс и беше една голема измама за луѓето.
инаку не го бранам капитализмот, демократијата и останатите форми на тиранија. сите си имаат огромни мани. зборот ми е дека комунизмот беше измама на 20 век.
инаку оние кои се заинтересирани за повеќе информации, им го препорачувам документарецот : “Крвавата историја на Комунизмот“, трае 1.30 мин одприлика и малку е досаден.
http://video.google.com/videosearch?q=bloody+history+of+communism&emb=0&aq=0&oq=bloody+history#
, според мене добро е што во комунизмот не си можел да дадеш товое мислење и да кажеш дали чини нешо или не, не си можел да прашаш шо е она таке или ваке, а и добро што имало една партија и не гледале шо за 4год да испокрадат а и не си можел да прашаш зошто има една партија
има и многу други добри работи за комунистичкото владеење ама за тоа во друга прилика :wink: