Комунизам VS капитализам - идеолошки осврт

  • Креатор на темата Креатор на темата Sussaro
  • Време на започнување Време на започнување
а по кој основ ги ставате комунизмот во југославија и ссср во ист кош? комунизмот во југославија дозволувал многу поголема слобода на човекот отколку оној во ссср. ги слушате лаки пингвини, парни ваљак, рибља чорба? ги гледате сите тие филмови од тоа време? вашите дома завршиле факултет што сакале или нашле работа што им одговара и без да завршат факултет? каде е тука ограничувањето...? да, еднопартиски систем било, ама луѓето го сакале тоа и им одговарало. а како и зашто пропаднал тој систем стварно не би сакала да дискутирам зашто може многу погрешно да бидам сфатена. ајде сега во нашиов капитализам да видам да најдете работа со средно, пола луѓе не можат да се запишат на факултет зашто немаат пари, работниците ги плаќаат по 5000 месечно и 99% се неосигурани. а добро си кажа sweden, само не секој може да го разбере добро тоа што го објасни. и да, во шведска се стремат кон социјалистички капитализам. здравствениот систем е ист како оној во "неуспешната" југославија...
 
а по кој основ ги ставате комунизмот во југославија и ссср во ист кош? комунизмот во југославија дозволувал многу поголема слобода на човекот отколку оној во ссср. ги слушате лаки пингвини, парни ваљак, рибља чорба?

Точно. И Голи Оток е драстично климатски поразличен од Сибир. Freedom of speach oh yeah.:drk:

ги гледате сите тие филмови од тоа време? вашите дома завршиле факултет што сакале или нашле работа што им одговара и без да завршат факултет? каде е тука ограничувањето...? да, еднопартиски систем било, ама луѓето го сакале тоа и им одговарало. а како и зашто пропаднал тој систем стварно не би сакала да дискутирам зашто може многу погрешно да бидам сфатена.

Да точно ги гледам Тесна Кожа, Жикина Династија слушам Јужни Ветар и Слатки Грех ја гледам пост-земјотресната архитектура во Скопје. Acid for the people. Понекогаш и се прашувам под какви сомнителни околности загинале Панко Брашнарски, Павел Шатев и Ченто и зошто побогу Св. Прохор Пчински не е на Македонска териоторија.

ајде сега во нашиов капитализам да видам да најдете работа со средно, пола луѓе не можат да се запишат на факултет зашто немаат пари, работниците ги плаќаат по 5000 месечно и 99% се неосигурани. а добро си кажа sweden, само не секој може да го разбере добро тоа што го објасни. 2. и да, во шведска се стремат кон социјалистички капитализам. здравствениот систем е ист како оној во "неуспешната" југославија...

Нашиов не е капитализам туку пост социјалистички хегемонизам. Сите тие луѓе заради коишто е дојдено ова дереџе која идеологија ги доеше? Истите тие луѓе коишто вие сега ги пцуете и колнете каков образовен систем следеле, во кое време станале директори, политичари, извршители, моќници кој систем им ја дал првичната моќ? Чиви деца биле тие по име презиме и партиска книшка?
2. Се додека заради неефикасност на глобалниот пазар странски корпорациски џинови не им ја откупат економијата. Bye, bye Volvo welcome Ford.
 
Да точно ги гледам Тесна Кожа, Жикина Династија слушам Јужни Ветар и Слатки Грех ја гледам пост-земјотресната архитектура во Скопје. Acid for the people. Понекогаш и се прашувам под какви сомнителни околности загинале Панко Брашнарски, Павел Шатев и Ченто и зошто побогу Св. Прохор Пчински не е на Македонска териоторија.

Извини ама ти измеша некои работи.Остави во темата филозофија и психологија да зборуваме за две различни идеологии а не кој го убил Ченто...
Комунизмот е совршен избор само жал ми е што мн луге не тежнеат кон совршенство и мир.Некој уште кажува моите потреби и сл...Не би посакала никогаш да живеам во развиено капиталистичко општество каде што секој си ги задоволува потретбите на сметка на бришењето на човечките вредности како љубов,пријателство и близина.
А понатаму секој може да избере дали ке вечно ке сака живот во кој секој човек на човека му е волк,или едноставен живот исполнет со срека и љубов.
 
http://www.lietuvos.net/istorija/communism/communism_2.htm
27italiano.jpg

http://www.lietuvos.net/istorija/communism/communism.htm

2Orsha1918.jpg
:uvo::tapp:

Комунистичката диктатура во Кина

http://www.epochtimes-bg.com/communist_atrocities/communist_atrocities_world_1.htm

China_006.jpg
:tapp::tapp:
 
Според мене треба да се осуди затоа што не бил ништо подобар од фашизмот
 
Прајте разлика помеѓу комунизам и фашизам & национал социјализам

Во последните две деструктивноста била вградена во нивната идеологија, додека кај овие првите (што не е оправдување) било изветоперување од страна на поединци на кои власта им удрила во глава, и може да има осуда само на поединци (самоустоличени безгрешни водачи).
 
1.Комунизмот како идеологија не треба да се напаѓа (освен делот кон верата). 2.Луѓето за разлика од фашистите и национал социјалистите немале анти-други народи во своите идеали.
3.Треба да се осудат луѓето што злобно го искористиле комунизмот. (Сталин малин и компанија).
4.Треба да се осуди какво и да било влијание на тој систем во денешната демократија.
5.Треба селективно да се навраќа на тој систем, што значи само
-Заслугата на Борците (сепак партизаните беа тие што се бореа за Македонија)
-Проблемите што ги правел комунизмот за Македонците.
-Проблемите што ги правел комунизмот за Светот.
-Зошто пропадна тој систем.
-Формирање на јасна граница помеѓу симболи од Комунизмот кој што се за партизаните(добри) и симболите на тотална глупост(лошите).
6.Треба да се прифати дека таква утопија, во таква форма и со такви татковци (МАРКС) не може да постои никогаш!!! Додека утопијата како утопија можеби ќе завладее со светот некој ден, нешто слично на комунизам(значи значењето на зборот за „заедништво“) но не комунизмот од 20от век. (ама во далечна иднина).
 
Дискусија за маните и предностите на комунизмот се водеше веќе на подфорумов, конкретно во темата "Комунизам VS капитализам".

Затоа ќе ги спојам, па таму може да продожи муабетот околу тоа што во суштина е комунизмот и колку е, онака изворен, зло или благодет.

Би било фино кога како контратеза, би се додале и екстремите и девијаците на антиподот на комунизмот, т.е капитализмот.:smir:
 
kao prvo nikad nemase komunizam imase real socijalizam.imase besplatno zdravstvo, besplatno skolstvo i tn ama komunizam nemase, posto komunizam ti e ukinuvanje na razlikata megu umstven i fizicki trud, vtora faza, posle odumiranje na drzavata, koga sekoj ke raboti kolku moze a ke si zema besplatno kolku mu treba, taka da nemase nigde nikad komunizam.
 
Јасно е дека е алчноста деструктивна. Но таа е именентна на човековиот род. Доколку не беше така можеби и ќе успееше прокламираниот комунизам.

Решенија има кај современата капиталистичка држава. Т.е. државниот капитализам со својот државен интервенционизам, антимонополски закони, прогресивно одданочување на имотот ... Социјалната улога на државата. Има алтруисти и кај луѓето но тоа е далеку од доволно.
И создадена е т.к.н. држава да благосостојбата, каде најголемиот дел од богатството е кај средната класа. Со мал број на многу богати и сиромашни.
Кај неорганизираните слаби држави, јасно е што следи. Закон на џунглата. Алчноста доаѓа до израз ... Монополи кои што газат се пред себе... Или како во Русија од времето на Јелцин, кога еден олигарх, Березовски тврдеше дека 90% од рускиот БДП е кај само неколкумина олигарси.
Ни државниот капитализам не е идеален. Секако дека и кај ваквите држави состојбите не се идеални, постојат исклучоци, луѓе надвор од системот ...
Има и слабости кој што се поврзани пред се со јакнењето на државната администрација, бирократија, корупција... Од друга страна ни либерализмот со последната криза многу не се прослави, со намалувањето на даноците, дерегулацијата ...Така да улогата на државата уште повеќе ќе зајакне. Идеален систем не постои а нема ни да постои затоа што луѓето не се идеални. Алчни се ... Но со постојаниот технолошки напредок, општествениот систем ќе станува се подобар и подобар ...
 
Sussaro напиша:
Нажалост идеализмот барем за мене е корисен само кога е функционален. А во дадениов случај не е. Како што има даровитост ќе има и алчност тоа е кодифициран модус на човечкото однесување. А еден убав сончев ден може сите ќе се разбудиме со доволно пари во џеб и со насмевка на лице. Србите викаат живи били па видели. А до тогаш јас рмбам од 8 до 6 ќе возам мерцедес, он пие ракија од самрак до зори нема да вози ништо. Како оној семкарот од Прилеп што сега вози Ферари. Можел да биде семкар цел живот. Ама не он отишол во Белгија, ризикувал, собрал храброст, вложил напор да си го поправи животот, сега е сопственик на повеќе локали. Се изборил за тоа го заслужува тоа плус придонесол со вработувања даноци итн итн... Неговата глад за подобар живот и неговиот труд му го овозможиле тоа. Покоректен начин нема или не се нашол, како и да е не постои засега. Илузиите и замислите се корисни само во уметността. Таму немало и не смее да има никаков лимит и цензура. In the real life биди водач, следи го водачот или мавни се од патот.
Ок.

Онда, примерот со Боливија кој го дадов на претходната страна, значи дека луѓето кои не можат да си платат ненормални суми за ни помалку, ни повеќе, туку вода, значи дека се мрзливи суштества, недоволно мотивирани од, ох толку прекрасната, алчност, па сега заслужуваат да умрат од жед.
Владата на Боливија пак, која поради својата алчност ги земала парите од американската компанија, сигурно сериозно се потрудила, ризикувала, била креативна, придонела за напредокот на човештвото и сл. па сега го има сето право да ја приватизира водата.

Ај уше еден пример:
Американска компанија, решена да сади плантажи со соја, и плаќа на одредена јужноамериканска влада и во тропската шума, во која има бројни населби на native americans, ги партали дрвата, им ги уништува домовите и ресурсите на храна на тие луѓе...и насадува соја.
Али, поради чистката на дрва, почвата еродира, и насадите со соја не можат да успеат.
Американската компанија си се трга фино лепо од таму, и си бара друга алтернатива за изигрување голем дрвосеча, со некои загуби.
А, домородното население, оставено без дом и храна, не може баш да си најде алтернатива.
Повторно, претпоставувам, затоа што е мрзливо, некреативно и веројатно, како суштинска "вистина" на ваквата реторика, не заслужува да живее.
 
Еден угледен држвник еднаш рекол "Народ што не е спремен да се бори за својата држава не заслужува да ја има." Аплицирај го ова на микро скала. Бори се бе. Во Франција синдикатот и работничките права се јаки. Знаеш зошто? Затоа што се избориле за тоа. Во Боливија плаќаат огромни суми за вода што се согласувам дека не е коректно ама знаеш зошто, затоа што не се избориле за тоа. Што мислиш ти дека може да се замавне со стапче и оп сите имаат евтина вода? Дека може да се искорени се лошо, пакосно и злобно на овој свет? Не, не може. Во овој свет ако имаат прилика да те сексаат ќе те сексаат до матка и тоа. Она комитското Слобода или Смрт. Или жали се и кукај или бори се. Нема трето. Тоа е реалноста. Илузијата е илузија. Не е до тоа дали на некој му се допаѓа или не (еве и мене не ми се допаѓа донекаде). Америка не е веќе Англиска покраина. Семкарот не продава веќе семки туку вози Ферари. Зошто? Greed. For money, knowldege, love, life (better life) has marked the upward surge of mankind. Во вистинскиот живот злото што го прават луѓето останува да живее и после нив додека доброто најчесто умира со нив. Ти би им дала пониска цена? Најверојатно да, ама жал ми е ти не одлучуваш за тоа. Тоа е реалноста како таква. Прифати ја или смени ја или барем пробувај да ја смениш. Идеализацијата е млатење слама ако не е функционална и практично применлива.
 
Во Боливија, ОГРОМЕН број луѓе со денови протестираа и со денови ги млатеа ко стока. Војска им пуштија и на крај сепак, позади затворени врати, ја прогураа продажбата како концесија.

Инаку, и робовладетелството и инквизицијата биле реалност одреден период, но ниту биле единствената опција, а уште помалку најдобрата.
Се си има свој циклус.

Така ќе биде и со современиот капитализам. Како што оној на 19-век го "нашминкаа" со некакви си права и норми околу тоа до каде смееш, во име на алчност на поединци да го силуваш човекот, така и сега, овој денешниов, се повеќе се ближи кон фазата кога ќе мора да се апдејтува, затоа што ја достигнува сопствената декаденција.
Неговата маска на глобализација, се повеќе и повеќе раѓа отпор.

Како и да е, со задоволство утре ќе се навратам на твојот цитат и поопширно ќе продискутирам и околу отпорот, и околу илузиите итд.
 
Ако има волја има и начин. Бојкот. Ако можеле нивните дедовци да живеат без водовод и од бунари можат и они. Да може е незамисливо е тоа во 21 век ама или тоа или плаќај астрономски суми. А да видиш ако сложно се организираат и никој не користи водовод како ќе чукне на врата водоводнава компанија пред банкрот и ќе им ги спушти и тоа испод прифатливи цени. Ко она син ми е разгален и невоспитан? Ако де ти пак купувај му што сака.

Иначе други системи на уредување освен овој сегашниот и при тоа не мислам на подверзии на истиот како на пример либерантијанци на пример сум сретнал опишани во две дела

Томас Мор-Утопија
Карл Маркс-Капиталот

Првото дело нема ни да го коментирам бидејќи самото име си кажува се. Второто дело е тотално нефункционално поради апсурдноста на бескласно општество и апсолутната неизводливост на принципот на еднаквост во ниту едно можно поле како и неуништливоста на принципот на хиерархија. На долго нема да завлекувам се си имам кажано во една друга тема. Бујрум нека се појави некој феноменален политиколог или социолог што ќе разглоби макар и хипотеза што ќе држи вода за системско уредување што ќе е подобра од моменталново па да правиме муабет. Ама да држи вода. Да биде пофер ама и реален и да го земе човекот сосе сите доблести и мани. Има ли таков јунак?
 
Не се само тие две...има и други...на пример Богатството на народите од Адам Смит или Што е своина од Прудон...Смит никогаш не профункционира...за вторава книга...дали функционира има многу примери...најсвеж е Кооперативо Мондрагон во Баскија со 35000 членови-вработени...на принцип на самоуправа. Значи има алтернативи ама насилно се елиминираат од турбо-капитализмот...
А за борбата до некаде се согласувам...кој не се бори е готов...дури има овци...

Она што денес е познато под капитализам е фашизам-лајт...диетална верзија на Корпоративната држава од Бенито Мусолини и неговиот пес Џентиле...А Бенито е симбол на алчноста...сакал да гради нова римска империја...поебал 1,5 милиони луѓе...
Заклучок - напредокот лежи во тоа колку турбо-капиталисти ќе завршат како Бенито...изложени на плоштад како храна за муви...или со 20 дупки како Џентиле...пропорционално...

Капитализмот е туѓ на човековата природа.Ирационален до коска.Води кон пропаст.Доказ? Тоа што му треба гола сила за да опстане...и што не допушта алтернатива...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom