Комунизам VS капитализам - идеолошки осврт

  • Креатор на темата Креатор на темата Sussaro
  • Време на започнување Време на започнување
Идеализацијата е млатење слама ако не е функционална и практично применлива.
Sussaro напиша:
Бујрум нека се појави некој феноменален политиколог или социолог што ќе разглоби макар и хипотеза што ќе држи вода за системско уредување што ќе е подобра од моменталново па да правиме муабет. Ама да држи вода. Да биде пофер ама и реален и да го земе човекот сосе сите доблести и мани. Има ли таков јунак?

Тоа што ја држиш страната на реалноста можам да го разберам па дури и да го поддржам на моменти бидејќи и сам сум свесен во какво несовршено оптество живееме, но зошто тврдиш дека е ова најдоброто уредување?

Јунак се појави, му го напиша името пред малку погоре, сега треба да се појават пар јунаци кои ќе го следат патот. Еден од тие јунаци рекол “И најдолгиот пат почнува со првиот чекор“. Како што секој народ не вреди да ја има својата земја ако не се бори за неа, така и секој идеалист не заслужува да го дочека својот идеал ако не го искажува јавно и не бара од другите да го живеат.

До сега во општествената историја на земјата немаше ниту едно уредување кое “држеше вода“. Сите до сега се базирале на страв, на несигурна иднина и тага. Ова време кое го живееме не знам дали е најстрашното, ниту дали е најдоброто од сите претходни, но сигурно не е она кое треба ние како човечки род да го живееме. Но, своите последици веќе ги гледаме и чувствуваме, па глобалното затоплување ни донесе снег во јули на некои места. Заради односот изеди пред да те изедат, и употребата на секакви сретства само за да не се прогласи пад на производството, големите “борци“ придонесоа планетата да почне да се распаѓа. На крајот ќе останат двајца кои ќе се заинатат за некое поточе во Сибир кое ќе биде единственото останато. Секој растечки процес има кулминација по која (најчесто) нагло паѓа на нула. Веројатно човештвото по своите неколку илјади години одење нагоре во различна смисла, доаѓа до врвот на графиконот, по што неминовен е неговиот пад. Јас и да грешам, евидентно е како планетата се распаѓа, па 2012 и не мора да биде вистина, прашање е само колку години потоа сами ќе се самоуништиме, иако, навистина ми е жал што покрај сите оние кои ќе бидат заслужни за тоа, со нив ќе треба да згаснат и животи милијарди кои апсолутно не се ни свесни за тоа.

Greed is not fucking good, свесноста е доблест. Создавај повеќе само ако имаш шанса за тоа, а исклучиво за да помогнеш на оние кои ги сакаш. Секако, можеш и да живееш сам и да чуваш се за себе, кое повеќе ти прави ќеф, но јас сепак мислам дека кармата ќе те стигне.
 
Па самиот Смит вика дека трговијата и пазарот е тоа што ќе ги зближи луѓето самиот тој се смета за основач на економијата како наука и освен некои похумани аспекти што ги пропагира Богатството на народите не се разликува драстично од она што го гледаме денес. А Прудон не сум го листал и нема да коментирам.
Викса што се тиче Маркс сите држави што го примениле неговиот метод станале капиталистички (да капиталистички) од најсуров тип. За мене поголеми капиталисти од Тито, Сталин и Мао Це Тунг нема. Значи сите држави без исклучок станле тирании на чело со апсолутистчки господар кој ти контролира власт, економија и се. Тито имал Ролс Ројсови, вили, приватни бродови итн... Кој црни комунист бил он. Да знам што ќе ми кажеш, моделот на Маркс никогаш не бил спорведен на дело итн итн... Знаеш зошто? Одговорот ти е погоре. Затоа што ти одиш под предпостсвка дека секој би креирал за доброто на општеството, дека ќе исчезне желбата за моќ дека конфликтите ќе се намалат. Е нема. Секогаш ќе има некој (море повеќето) кој ќе каже јас сакам повеќе, јас сакам подобро and here we go again. А што се однесува дали општеството ќе пропадне или не тоа е веќе друга тема и тоа доста апсурдна. Бидејќи човекот и така е природен феномен. Работата е што ресурсите се ограничени а популацијата расте. Во природата си постои баланс базиран на ланец на исхрана и природна селекција. Бидејќи кај човекот постојат лекови, не не јадат други животни итн нашиот број расте. Да тоа е суровоста на или змијата или магарето (суровоста на природната селекција версус самоуништувањето од неприродниот пораст). Ама тоа кажав е друга тема и не е до толку поврзано со алчноста.
 
Адам Смит се базира на идеализирана форма на капитализам која никаде не постои. Значи има сличности со Маркс во поглед на остварливоста. Не постои слодобен и неограничен пристап кон пазарот, нема лесе-фер, има олигархии,картели и монополи. Има и огромен државен арач. А тоа е многу далеку од замислите на Смит. Дали ја предвидел или не алчноста како фактор е за дебата...
И во капитализмот државата е најголем работодавач (секако не како кај нас...ние сме феномен и во тој поглед...) например САД има буџет од 3 трилиони $ и ги има секоја година на располагање без разлика на состојбите во економијата...
Значи остварена е Корпоративната Држава на Бенито и Џентиле...тие се најблиску до реалноста...

Да, секогаш некој ќе сака повеќе од друг. Тоа е во ред се додека тоа го остварува сам за себе а не на туѓ грб...а за природните феномени...две третини од целокупната земјина биосфера се базира на взаемност-мутуалност...една третина отпаѓа на натпревар,симбиоза,паразитизам и други видови интеракција. Камо да беше така и меѓу луѓето...
 
Камо да можев на Бахами да сум на одмор и да не заработуваат на мој грб и да летам високо во облаците да го допрам небото. Ама не можам. И сега што правиме? Или ќе се жалам или ќе одам на одмор на некое поевтино место или ќе се трудам да си овозможам за Бахимите. Системот ми дозволува и едно и друго и трето, ама ми дозволува не ми дава на тацна.

Викса Индијанците имале поглавар (хиерархија) кој одлучувал за битните секојдневни активности и без негово да, ти како член на племето не можеш да аздисуваш (ограничување на слободна волја) како сакаш. Башка војувале со други племиња веројатно не од што така им текнало туку за територија и чат-пат жени. Башка не викам дека е the најдобар туку најдобар од сите што до сега ни ги понудила историјата. Мислам на оној западноевропскиот модел, не на моделот на Пиноче. Нели реков бујрум нека се јави доброволец.
 
Системот ти дозволува многу малку, освен ако не си во круговите на моќта...кој чека нешто да му падне на тацна...такви не познавам...освен аутистични и ментално заостанати лица...но тоа е друго...

Е сега за доброволец...има околу 500 случаи каде функционирало поинакво општество...ќе треба голема листа...и сам ќе видиш дека западниот капитализам не е ниту ќе е најдобар систем кој го наметнала историјата...
 
Има мал милион примери на лица што станале доктори на науки, врвни државници, бизнисмени, уметници и нобеловци кои немале леб да јадат со татковци алкохоличари и пропаднати мајки а камо ли да се во круговите на моќта.

А во тие 500 случаеви или системот не им функционира во реалноста односно е идеалистичко-утопистички, дејдримерски или не се избориле да го воспостават во пракса односно не се доволно волни, способни и ангажирани и не заслужуваат. Низ историја паѓале империи и царства кои никој ни на крај памет не мислел дека ќе паднат па еве денешниот систем не е паднат ок барем за сега ама живееме сега, не задутре, кога ќе дојде задутре ќе правиме друг муабет. И сега што збориме понатаму? Дури и некој убав сончев ден да падне знаеш која ќе биде главната мотивација позади тоа што ќе падне? Greed. For money, knowledge, love, life (better life) will mark again the upward surge of mankind. Стварно не знам по колку пати треба да се повтори истава реченица, за да се разбереме дека говорот на Геко во Вол Стрит и те како држи вода. Убаво кажува во говорот greed (for a lack of a better word). И уште еднаш говорот и како што убаво си кажува па дури и за форумски дебти Well, ladies and gentlemen, we're not here to indulge in fantasy, but in political and economic reality.

Не функционира во реалноста? Значи во Чиапас,Сахарави,Бугенвил или Сомалија (to name a few...) живеат во паралелна димензија...или пак немаат разбирање за благодетите на капитализмот...и тоа сега...

Се избориле...мексиканската,маркоканската,австралиската и американската (блек хок даун...влечење на лешеви на ренџери по улиците...) армија сосе капитализмот добија - тежок пораз...:helou:
А движења на кои капитализмот им е цел за одстрел - никнуваат како печурки по дожд...

И вирусите и бактериите не се тука to indulge in fantasy, but in political and economic reality. До крајот на баладата...

Има мал милион примери на лица што станале доктори на науки, врвни државници, бизнисмени, уметници и нобеловци кои немале леб да јадат со татковци алкохоличари и пропаднати мајки а камо ли да се во круговите на моќта.
Ретко тоа се случува...милиони...полека малку...

Е сега ако го сметаме западниот капитализам за она вистинското...дали тоа важи и за 655.000 мртви во Ирак од 2003 наваму или за Афганистан...и други места каде се истоваруваат придобивките на истиот западен капитализам...

Значи алчноста не само што не е корисна туку е извор на страдање,мизерија,безнадежно постоење и смрт на милиони човечки животи така да треба сериозна лоботомија за да се одреди некаков морален кодекс каде таква аномалија би била пожелна и сметана за корисна...а како краен резултат се јавуваат златни веце шољи,саатови од 500.000 евра и шише вода од 200$...дизајнерска...

А иноваторите и оние кои направиле револуционерни промени...никогаш не биле движени од алчност...Исак Њутн или Архимед...или било кој...:toe:
Геко сам си кажа во филмот, или Чарли Шин му кажа не се сеќавам точно дека не створил апсолутно ништо само купи-продај,превари,срања...

Еве нешто што некој Геко од Јунион Карбајд корпорацијата оставил како наследство...со својата алчност...

_523383_victims300.jpg

PAR232920.jpg

cover_bhopal.jpg
 
Не функционира во реалноста? Значи во Чиапас,Сахарави,Бугенвил или Сомалија (to name a few...) живеат во паралелна димензија...или пак немаат разбирање за благодетите на капитализмот...и тоа сега...

Се избориле...мексиканската,маркоканската,австралиската и американската (блек хок даун...влечење на лешеви на ренџери по улиците...) армија сосе капитализмот добија - тежок пораз...:helou:
А движења на кои капитализмот им е цел за одстрел - никнуваат како печурки по дожд...

И вирусите и бактериите не се тука to indulge in fantasy, but in political and economic reality. До крајот на баладата...

Ретко тоа се случува...милиони...полека малку...

Е сега ако го сметаме западниот капитализам за она вистинското...дали тоа важи и за 655.000 мртви во Ирак од 2003 наваму или за Афганистан...и други места каде се истоваруваат придобивките на истиот западен капитализам...

Значи алчноста не само што не е корисна туку е извор на страдање,мизерија,безнадежно постоење и смрт на милиони човечки животи така да треба сериозна лоботомија за да се одреди некаков морален кодекс каде таква аномалија би била пожелна и сметана за корисна...а како краен резултат се јавуваат златни веце шољи,саатови од 500.000 евра и шише вода од 200$...дизајнерска...

А иноваторите и оние кои направиле револуционерни промени...никогаш не биле движени од алчност...Исак Њутн или Архимед...или било кој...:toe:
Геко сам си кажа во филмот, или Чарли Шин му кажа не се сеќавам точно дека не створил апсолутно ништо само купи-продај,превари,срања...

Ок.

Робовладетелство. Ако не си син на на фараонот си роб и си се заебал ќе редиш камења на пирамиди.

Феудализам. Ако не си син на грофот ќе му го градиш замокот и ќе му ги чистиш шталите.

Такозавни комунизам. Ако не си син на Тито или Кардељ јеби га нема да станеш министер иако имаш и доволно знаење и амбиција и капацитет за тоа.

Западноевропски капитализам. Ако не си син на великопоседник има шанси да постигнеш во животот. Не викам дека ќе биде лесно ама во никој случај не е невозможно.

Војни и жртви, компарацација робовладетелство, феудализам, такозвани комунизам и западноевропски капитализам.

Која е најдобра опција? Нели во Могадишу секој ден се пуцаат за кој да го добие градот, нели во Мексико се пуцаат разноразни банди и нарко картели? Тоа што е, станале сите на лева нога?

А башка другар кој знае, по муабетиве можеби во тебе се крие новиот Оливер Кромвел или Жорж Жак Дантон, во мене знам дека дефенитивно не се крие. Бујрум ете ти го светот, направи нешто. Jас прв ќе дојдам и ќе ти пружам рака и ќе ти речам Алал вера. А за фантазии можеме да се заседнеме кога сакаш на мезе и ракија и да причаме до миле волје. По милион и први пат, како јас и ти сакаме да биде е различно од тоа како е. Добро, лошо тоа е. Можеш да искорени кај себе работи што ти сметаат кај другите не. Тој серел на златна шоља а некој нема да јаде за леб? Е тоа е де, и што да правиме сега? Лева патика-неправда. Можеш да го смениш be my guest ти кажав прв ќе ти дадам рака. А како бе семкарот од Прилеп стигнал да вози Ферари? Совршенство не постои. Најчесто постои помалото од двете (трите n-те ) зла. Јohn Lennon-You may say i'm a dreamer but i'm not the only one i hope some day you will join us and bla bla bla. Нада умира задња. Ама некој чекајќи ја Нада... Да не си гаиме илузии. Алчноста постоела и како конструктивен и како деструктивен елемент. Тоа е дел од човекот непроменливо нешто. Затоа ќе имаме и нови лекови и откритија, ама и војни и конфликти и нереди. И тие се дел од човекот и ќе бидат. Се друго е илузорно се друго е ех да беше така, се друго паѓа во вода. Ако така на некој му чини Dream On...

И да, сликите што си ги ставил не се од Франција, Норвешка или Данска или Холандија. А јас можам да ти извадам пострашни од ерата на Сталин, средновеконвно набивање на кол, или робовладетелстско бичување до смрт. Немаш поента. Да не се сватиме погрешно, не го оправдувам ова во никој случај, грозно е и страшно, ама тоа е дел од човекот, има луѓе што го прават ова иако нас не ни се допаѓа. Треба да се казни најстрого, ама кај што има сила нема правдина и тоа е реалноста а ние можеме само да пцуеме до задутре. Башка ова не се случува во западноевропско демократско општество (освен на ретки случаи на психопати и убијци). Ова се случува со фаци како Црвените Кмери и Банана држави каде што владеат тирани, корумпирани расипници итн... Не постоела ниту една војна на овој свет што се водела помеѓу две демократски општества, ниту една.
 
Викса Индијанците имале поглавар (хиерархија) кој одлучувал за битните секојдневни активности и без негово да, ти како член на племето не можеш да аздисуваш (ограничување на слободна волја) како сакаш. Башка војувале со други племиња веројатно не од што така им текнало туку за територија и чат-пат жени. Башка не викам дека е the најдобар туку најдобар од сите што до сега ни ги понудила историјата. Мислам на оној западноевропскиот модел, не на моделот на Пиноче. Нели реков бујрум нека се јави доброволец.

Никогаш никаде (или барем јас не знам за тоа) не е запишано дека индијанците војувале меѓу себе. Но, и да го правеле тоа, не го правеле за земја, бидејќи не ја разбирале како своина, а тоа ми беше муабетот. Се бореле со европјаните, до смрт и тоа.
Sussaro напиша:
Робовладетелство. Ако не си син на на фараонот си роб и си се заебал ќе редиш камења на пирамиди.

Феудализам. Ако не си син на грофот ќе му го градиш замокот и ќе му ги чистиш шталите.

Такозавни комунизам. Ако не си син на Тито или Кардељ јеби га нема да станеш министер иако имаш и доволно знаење и амбиција и капацитет за тоа.

Западноевропски капитализам. Ако не си син на великопоседник има шанси да постигнеш во животот. Не викам дека ќе биде лесно ама во никој случај не е невозможно.
Нема никаква разлика кога се работи за постигнување нешто во животот (од материјален аспект) во било која од овие етапи. Само маркетиншки трик направи со реченициве. Во робовладетелството, ако си умешен, храбар и лојален војник ќе добиеш повластувања од фараонот, во феудализмот со измена на термините е исто, а во комунизмот на Тито, Циле беше претседател на собрание од син на обично скопско семејство.

Туку, Србија беше официјална демократска земја. Слобо беше радикален бајаги во своите националистички ставови, ама па и Путин не дозволи една Чеченија да се одвои, сепак, големата Америка не влезе во Русија. Зошто, заради интерес, не заради демократски и разумни размислувања. Заради математика.
И немој да ми кажеш дека сите окупации на Америка се оправдани. Малку подобар економист ќе објасни за 45 секунди од кој интерес е Америка и во Авганистан и во Ирак и во Сомалија, или шо ти ја знам веќе каде, секаде е.
 
Која е најдобра опција? Нели во Могадишу секој ден се пуцаат за кој да го добие градот, нели во Мексико се пуцаат разноразни банди и нарко картели? Тоа што е, станале сите на лева нога?

Ќе мора мал апдејт да направиш...знам дека не си информиран за местата каде не вирее капитализмот ниту пак имаат желба за тоа...а на СиЕнЕн...но комент...батали телевизија...но тоа е сосема друга тема...да отвориме тема за капитализам или економски уредувања...не се рабори за цело Мексико туку за југот...капитализмот го елиминираа...

А башка другар кој знае, по муабетиве можеби во тебе се крие новиот Оливер Кромвел или Жорж Жак Дантон, во мене знам дека дефенитивно не се крие. Бујрум ете ти го светот, направи нешто. Jас прв ќе дојдам и ќе ти пружам рака и ќе ти речам Алал вера. А за фантазии можеме да се заседнеме кога сакаш на мезе и ракија и да причаме до миле волје. По милион и први пат, како јас и ти сакаме да биде е различно од тоа како е. Добро, лошо тоа е. Можеш да искорени кај себе работи што ти сметаат кај другите не.

Јас тоа што го зборувам и го живеам. А ќе се најдиме на ракија...ама ти донеси си Реми Мартен коњак...страмота е ЈАПИ да пие ракија...

А за сликите...тоа се последеци на алчноста на КАПИТАЛИСТИЧКА ЗАПАДНА КОРПОРАЦИЈА - Union Carbide. Некој добил стабилни дивиденди а 110.000 луѓе смрт...Алчност...

Тој серел на златна шоља а некој нема да јаде за леб? Е тоа е де, и што да правиме сега? Лева патика-неправда. Можеш да го смениш be my guest ти кажав прв ќе ти дадам рака.

Никој нема магично стапче - опа ќе смениш...ова ти е инфантилно размислување...човек може да стори што е во негова моќ...
А инаку...тоа е...дури има лоботомирани овци кои мислат дека на тој свет ќе имаат рај...не сваќаат дека имаат еден живот...не се борат...капитализмот ќе владее...иако не секаде...некаде луѓето се борат...не е цел свет Вол Стрит и Холивуд...

А како бе семкарот од Прилеп стигнал да вози Ферари? Совршенство не постои.

Не те разбирам...кој семкар вози Ферари:pos2:

Башка ова не се случува во западноевропско демократско општество

На ова те чекав...

Алчноста постоела и како конструктивен и како деструктивен елемент.

Само како деструктивен. Таа подразбира да се земе туѓа своина...

И немој да ми кажеш дека сите окупации на Америка се оправдани. Малку подобар економист ќе објасни за 45 секунди од кој интерес е Америка и во Авганистан и во Ирак и во Сомалија, или шо ти ја знам веќе каде, секаде е.

Па сите војни ги прават Гековци кои од тоа заработуваат...грид из гуд...за една шака луѓе...

А за почеток...види нешто поинакво...не се фантазии...

http://en.wikipedia.org/wiki/Worker_cooperative
 
Со самиот факт што Слобо беше радикален Србија беше далеку од демократска.
А иначе не, не се оправдани, се си има интерес. Да, не е фер. Дали некој им може нешто? Не. Крај на приказната. Кај што има сила нема правда. Рим си правел што си сакал, денеска тоа се некои други задутре трети. Само затоа што тебе не ти е тоа во ред не значи дека не е дел од човекот. И не ми се допаѓа американскиот модел. Сепак е радикален за мој вкус. Како што пишав погоре го преферирам западноевропскиот.

Ќе мора мал апдејт да направиш...знам дека не си информиран за местата каде не вирее капитализмот ниту пак имаат желба за тоа...а на СиЕнЕн...но комент...батали телевизија...но тоа е сосема друга тема...да отвориме тема за капитализам или економски уредувања...не се рабори за цело Мексико туку за југот...капитализмот го елиминираа...

Јас тоа што го зборувам и го живеам. А ќе се најдиме на ракија...ама ти донеси си Реми Мартен коњак...страмота е ЈАПИ да пие ракија...

А за сликите...тоа се последеци на алчноста на КАПИТАЛИСТИЧКА ЗАПАДНА КОРПОРАЦИЈА - Union Carbide. Некој добил стабилни дивиденди а 110.000 луѓе смрт...Алчност...

Никој нема магично стапче - опа ќе смениш...ова ти е инфантилно размислување...човек може да стори што е во негова моќ...
А инаку...тоа е...дури има лоботомирани овци кои мислат дека на тој свет ќе имаат рај...не сваќаат дека имаат еден живот...не се борат...капитализмот ќе владее...иако не секаде...некаде луѓето се борат...не е цел свет Вол Стрит и Холивуд...

Не те разбирам...кој семкар вози Ферари:pos2:

На ова те чекав...

Само како деструктивен. Таа подразбира да се земе туѓа своина...

Па сите војни ги прават Гековци кои од тоа заработуваат...грид из гуд...за една шака луѓе...

А за почеток...види нешто поинакво...не се фантазии...

http://en.wikipedia.org/wiki/Worker_cooperative

1. Ќе видиме. Јужна Америка и Африка се познати како аморфни структури кога е во прашање политиката и економијата, сад га видиш сад га не видиш.

2. Ти бираш како живиш. Како алтруист, индивидуалист, хеви-металец... Имаш избор нели, тоа е предноста... Сепак во посебни прилики мавам Хенеси. Ама домача си е домача, воопшто не е срамота а башка од јапи сум далеку, а и тогаш ќе сакав жта.

3. И?

4. Епа кога нема никој, ондак let's get back to reality.

5. Од Прилеп. Продавал семки. Сега вози Ферари.

6. Има две теории за чекањето. Едната лоша, другата добра.

7. Ај и со капс лок и болдирано FOR A LACK OF A BETTER WORD. Кој ти вика да се земе туѓа своина? Изгледа пак треба да го ставам клипот како е дефинирана тамо алчноста. Да знае да биде деструктивен.Ама на пример твојата амбиција (алчност), твоето посакување на нешто (алчност) било материјално како шифоњер, било нематеријално како концерт на Македонска Филхармонија, ќе те натераат ти да прогресираш како индивидуа да се градиш да придонесеш кон тоа посакување (алчност).

8. За шака луѓе. Ај да речеме дека е така. Ако си дел од тие шака луѓе, имаш избор да останеш таму или да се тргнеш. Ако не си дел имаш избор да се потрудиш да станеш или вооопшто да не те интересираат тие работи и да си тераш свој филм.

Видов, ги знам, такви системски модификации и Париски Комуни за да функционираат треба да има две работи хиерархија и позитивно салдо то ест профит. Значи хиеарархија то есто моќ кај одредени индивидуи. Ако има профит компанијата расте работниците имаат добар стандард. Ако нема профит пропаѓа. Проста економија. За да се одржат тие работнички здруженија треба да се стремат кон профит. Стремењето кон профит е... ајде кој ќе ми каже? А пред се тоа не е некапиталистички концепт. Дали газда на препријатието е еден, партнери, група акционери, или самите работници воопшто не влијае на економското уредување односно пазарната економија.

Викса не од Индијанско, туку еве од кога егзистираат и алчноста и конфликтот, па и војната

Capitalism.jpg

Capitalism in an nut shell.

You gotta admire it's simplicity, though.:pos:
 
Да ви кажам двете општества се самоубиство нема ништо совршено. Разликата е што во капитализмот човекот не знае дека е осуден на уште поголема пропаст преку перење на неговиот мозокот како најсилно оружје на капиталзмот.
 
Прочитав баеѓи постови од оваа “застарена“ тема....застарена само на форумов си наш , но не и актиелна..
Бидејќи “версусот“ Комунизам-Капитализам никогаш не го дал крајниот резутат..

Само едно ми е смешно , гледам некои ја осудуваат практичната примена на наешто што тие го нарекуваат Комунизам , но вистинското прашање е дали некогаш сме доживеале вистинаска примена на поимот Комунизам во својство на уредување на одреден држава ?? Одговорот е : НЕ !
Тоа е “НЕ“ бидејќи никаде и никогаш немало комунизам онака како што Маркс напишал ,зошто кога би имало комунизам би немало пред се држава,пари, војска ,уметници....
Дали тое е случај со оваи земји погоренабројани?

Модерното изучување на Комунимот е застапено во делотот Нов Социјализам на Котрел и Кокшот , каде попросто од делата на МАркс (Капиталот) се објаснува потребата и неопходноста на комунизмот.

Јас сум поблагонаклонет на Комунизмот , па затоа ги советувам останатите членови пред да постираат нешто против комунизмот и марксизмот да прочитаат некое дело на Маркс...по можност Капиталот па дури потоа да напаѓаат!

Особено ми се допаѓа Одосот на комунизмот спрема религијата...
 
I say you are bullshiting

Ова го имам напишано поодамна на една расправија во политка али ај пак,

Ниеден систем создаден од човекот не е совршен,
во секој систем има група на луѓе кои можеме да ги наречем жртви,кои ја плаќаат цената,системот се смета за добар ако групата на жртви е помала од таа на претходниот систем кои го заменила,во моментов најдобар систем е капитализмот.

Сега она што капитализмот го овозможува е секој според своите заслуги,што предизвикува компететивност(поврзанио со алчност и амбициозност уствари кажи го како сакаш ) и овозможува напредок плус дава некаква сатисфакција во вид на добра и услуги на тие индивидуи кои ќе се покажат како врдни и способни .
дури и син на богато дртало може да пропадне за неколку години ако лошо го менаџира својот имот без оглед дали тато имал врски и пари.

Викторгг напиша:
It`s more like... ambition, greed... you say tomato I say catchup. :toe:
јас викам durex и sportex па пак се едно исто кондоми :toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom