ada
Модератор! ок?
- Член од
- 21 август 2006
- Мислења
- 5.706
- Поени од реакции
- 566
Тоа што изворната идеологија на комунизмот не профункционирала во пракса, е само затоа што тогаш не било вистинското време. Комунизмот е идеологија за луѓе со висока свест и совест.Јас нема да додевам туку ќе ги кажам работите какви што се. Ние не живееме во фантазија туку во практичен, материјален, свет. Тоа што не се покажало во пракса не значи ништо друго освен фактот што тоа нешто не функционира, лажно е.
Како што античката идеја за демократија била мисловна именка во средниот век, така е и со комунизмот. Но, сега. Не и за 100 или 200 години.
Самиот факт дека некогаш отпочнал процес на имплементација на идеите на комунизмот, значи дека е прашање на време кога ќе се продолжи со истиот. Тој е прекинат пред да има можност да се усоврши. Но, ќе дојде време кога и тој процес ќе се заокружи. Како и се во историјата.
Така да ако не профункционирал некогаш, не значи дека нема да профункционира никогаш.
Да постои. Источното.Можеби не ти се допаѓа ама сепак уживаш во сите привилегии и погодности кои ги има создадено. Don't bite the hand that feeds you. Патем, постои ли друго сериозно поимање на напредок и прогрес. Да не мислишe на марксизмот кој е исто така од западот.
Точно марксизмот е од западот, и ја превзема хегеловата идеја на дијалектички напредок.
Но, во критиката на капиталистичкиот империјализам, го гледа напредокот на капитализмот, кој за да се одржи, неминовно мора да ги експлоатира природните ресурси, и другите извори, и насилно да ги присвојува. А, тоа не може да оди до брескај. На тој начин неминовно се носи во состојба to bite the hand that feeds it.Прост пример: Војните кои САД ги води под параван на "хуманост" и "човекови права", а се всушност борба за контрола на ресурси.
Имајќи го ова во предвид, комунизмот се труди да ја надмине таа стапица.
Значи поконкретно. Ми смета про-капиталистичката идеја за прогрес.
Врз кој основ тврдиш дека не е праволиниско?Jудео-христијанството можеби е многу работи ама праволиниски не е. Патем, ако не ти се допаѓа тогаш оди во исламот или другите ралигии. Како жена мислам дека таму многу повеќе ќе те почитуваат.
Don't bite the hand that feeds you.
Главна критика на пост-модерната е критиката на еднонасочното и праволиниско поимање на јудео-христијанството. Таа првпат го воведува концептот на цикличност на европско и северно американско тло, после многу, многу години.
Инаку, колку да ти дадам дознаење, неизмерно го почитувам православието и христијанството во целина.
Таман работа.Не ти се допаѓа погрешното тумачење или антропоцентризмот. Да не си од оние шутраци босоглави кои се спремни да го уништат човечкиот род за да може природата да си природи на раат незнаејки дека така самите во тој процес се уништуваат.
Само верувам дека е неопходен баланс и согледување на меѓусебната условеност. За да не се случуваат нешта, како, на пример, сечењето на дождовни шуми во Бразил од страна на американски компании, со цел создавање на плантажи на соја, кои резултираа со тоа што, види богати, испокасапената дрвја направија почвата да еродира и да не може да се одгледува ни соја. И што направија хуманите капиталисти? Си се собраа, оставија домородечко население во пустош(и во глад), и веројатно почнаа да бараат посоодветно место за експолоатација.
Е против таква човекова ароганција и заслепеност сум.
Овде шпекулираш околу мојата личност, така да нема што да одговорам, затоа што не планирам да се правдам на нечии погрешни впечатоци.И јас исто. Гледаш во нешто сепак се сложуваме. Само што имам неодминлив впечаток дека ти се „ежиш“ од тие што имаат повеќе од тебе и тоа ти е единствената причина додека јас сум спремен дури и физички да се обрачунам со некој кој продава пуфки наоколу дека е логично дека е подобар од останатите само затоа што е поимотен.
А капиталистичките не? Па го прават тоа и денес. Светските економски трендови генерираат нееднаквост. Факт!Втора работа во која се сложуваме. Колективистичко-егалитаријанистичките општества или колоквијално, комунистичките држави буквално егзистираа од ваквиот суров начин на општествено уредување.
А, комунизмот е егалитаријанистичка доктрина, која се стреми кон материјална еднаквост. Тоа е главната цел на Марксовото учење.
Истотака факт кој не остава место за шпекулации.
Посочи ми пример во кој комунистичката идеологија ги негира неприкосновените права на човекот на слобода, живот и несметана потрага по сопствена среќа.Имаш грешка. Идеологија која учи на одговорност е исклучиво десната ориентација. Личната корист е најголем природен мотивационен фактор кај човекот, а идеологијата која учи дека не е дозволиво да се издигнуваш на туѓа сметка е десната идеологија на слободата, индивидуализмот, правна држава и слободна пазарна економија која во себе ги содржи како основа неприкосновените права на човекот на слобода, живот и правото на несметаната потрага по сопствената среќа.
Погрешно. Барам општество во кое секој, со свој труд, ќе има удел во создавањето на средина во која на сите ќе ни бидат задоволени хомеостазичките мотиви, па секој од нас ќе има шанса да ги задоволи и оние повисоките.Ти бараш општествено уредување каде што некој друг ќе плаќа за развивање на твоите нехоместазичките мотиви.
Затоа што сиромаштијата создава луѓе кои лесно се оддаваат на криминал и кои се оневозможени да се развиваат и надградуваат како индивидуии. И пред се, кога има разлики во материјалната состојба има и неправда. А, како што вели филозофот на моралот Џон Ролс, правда може да постои само помеѓу еднакви единки.Зошто си толку опседната со туѓата благосостојба?
Не знам како може комунизмот да се поистоветува со мрзеливост и непродуктивност, кога Маркс вели дека работата го создала човекот, ја смета за нешто позитивно и верува дека преку неа човекот успева да не се чувствува празно и бесцелно.Некој ќе работи за да се стекне со благосостојба, што е нормално, а некој ќе чека да му се даде за да се стекне со еднаква благосостојба, а од каде ќе му се даде ако не му се земе, буквално украде од тој кој работел на својата. Како правило ќе се појават тие кои ќе го имаат „правото“ да крадат од тие што имаат за да им доделуваат на тие што „немаат“. Кога ќе видат тие што работат на својата благосостојба дека од неговото украдено, мрзливиот живее на еднаква нога како него и тој ќе престане да работи тогаш од каде ќе зема тој што дава. Да знаеш дека кога се дава нешто за ништо секогаш енормно се зголемува побарувачката.
Во комунизмот луѓето би ги поседувале средствата за производство, и би биле итекако мотивирани да работат. Значи нема да го нудат само својот труд на некој кој ги поседува производните средства и им дава плата, туку и тие самите ќе имаат дел од нив, што е значајна мотивација. Ќе уживаат во сета корист од својот труд, а не како во капитализмот кога се отуѓени од сопствениот труд, и кога некој друг ги ужива најголемите бенифиции од истиот.
Сама сум дошла до моите заклучоци, убедувања, па и соништа. И навреда за мојата личност би било да дозволам некој друг да ми го полни мозокот со свои мечти. Имам критички ум и знам да расудувам за да препознаам кога некој се обидува да ме индоктринира.Никогаш и нипошто не би се исмејувал со твоите соништа. Напротив, дури ќе се борам за твоето право да сонуваш за подобра иднина. Сепак морам да знам дека се твои соништа а не производ на индоктринација.
Да сум чула, и факт е дека постоела.Значи последните генерации на социјалисти/ комунисти се тема на критика и муабет. Патем, кој мислиш дека се денешните олигарси? Си чула ти за социјалистичката аристократија, црвената буржуазуја? Исто така, дали знаеш зошто пред, отприлика, две години никој не спомнувал олигарси, а сега тие се виновниците за скоро се`?
Но, своите први големи пари не ги направија во социјализмот, туку во времето на приватизацијата и кршењето на ембаргото.
Инаку не, не знам зошто до тогаш не биле споменувани.
Повторно правиш претпоставки околу мојата личност. Ова не е тема за психо-анализа.Колку пати треба да ти посочам дека имаш капацитет, емотивен и интелектуален и зошто секоја моја покажана наклоност ја сметаш за навреда? Да не е вообичаен начин на однесување во твоето друштво да се манипулирате едни со други, па си навикната секој кој ќе те пофали да има задни намери?
А, сосема добро го познавам сопствениот интелектуален капацитет, така да не ми треба туѓа потврда или негирање, ниту пак е место за тоа.
Затоа, ако можеш воздржи се од вметнување коментари и претпоставки како она дека сум босоглав шутрак, дека ми смета елитизам затоа што не поднесувам некој да има повеќе, или дека гледам секаде задни намери затоа што сум во опкружение во кое се манипулираме меѓусебно.