Ве молам постирајте рецепта за компот од сливи , праски и друго сезонско овошје , ама да е проверено да не се расипува.[DOUBLEPOST=1442308586][/DOUBLEPOST]Јас правев џем од сливи. Испробано-6кг сливи модри , 1200 гр шеќер, 1 филџан оцет вински, 3 ванилин шеќер. Се ставатт ред исчистени сливи, ред шеќер, на крај оцетот да отстојат 3-4 часа. Потоа се варат на рингла со мешање околу 2-2,5 часа, но не да се преварат. Се става во жешки тегли , се враќаат во рерна затворени на 120 степени 15 мин, и се оставаат во рерна да се оладат до утрото.
Може да е потечен , зашто со оладување се згуснува малку.