Компот

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување
maja-maja ќе земеш тегли со убави капачки. Ќе ставеш исечкани крушки во тегла со вода и по две лажици со шекер. Е, после ќе ставеш во фурната колку тегли собере. Ништо друго, овошјето, водата и две лажици шекер. Затворе се убаво теглат и уклучеш ја на 50 степена, од како дојде до 50 степена, почекаш 5-10 минути на таа температура па сменеш на 75 степена, па се до 100-120 степена тогај ќе ги оставеш пола саат! И НИКАКО ФУРНАТА НЕ СЕ ОТВАРА. - На секое зголемување температурата по 15-20 минути стое на таа температура. После постепено ќе ја намалуваш температурата. Фурната неколку саата НЕ СЕ ОТВАРА.
 
спомнат е погоре зачинот ЦИМЕТ, само да надополнам а прв пат видов денес и разбрав дека...
прав ЦИМЕТ е оној како гранчиња што се продава,а не овој мелениот во мали кесички.
( е сега таквиот се разбира треба да знаеш како да го сомелеш )
деновиве направив 30-40 тегли компот од ТРНИНКИ... 1 кило за 7 тегли.[DOUBLEPOST=1444252780][/DOUBLEPOST]Picture 2326.jpg квиз прашање: на што ве ова потсеќа,сте виделе ли како се употребува.
 
Ставаш се како за вообичано компот кога правиш, пола овошје, пола вода и три лажици шеќер ( јас ставам фруктоза ).
Ги редиш теглите убави затворени во ладна фурна.
Вклучуваш на 50 степени пола саат, на 100 степени пола саат и на 200 степени пола саат.
Исклучуваш и ги оставаш до сабајле сами да се изладат.
Прашање.
Теглите ги редиш во тепсија со вода или директно на дното на рерната?
 
Директно на решетката, не на дното.
прв пат слушам дека компот може и во рерна, и не ми се допаѓа многу,
ако пукне некоја тегла,отиде гречот доле,а може и цел шпорет.
 
прв пат слушам дека компот може и во рерна, и не ми се допаѓа многу,
ако пукне некоја тегла,отиде гречот доле,а може и цел шпорет.
Нема зошто да пукне. Ги ставаш во загреана рерна на 100 степени, се варат околу два часа и не ги чепкаш теглите во рерна дур рерната не се излади целосно. :D Така барем прави мајка ми.
 
Нема зошто да пукне. Ги ставаш во загреана рерна на 100 степени, се варат околу два часа и не ги чепкаш теглите во рерна дур рерната не се излади целосно. :D Така барем прави мајка ми.
Така таа прави,ама веќе искусна и правилно и покажале како...
и колку да ги полни теглите, ама ако по ова твоето земе некоја тинејџерка да ги полни теглите, и некој
било кој, па една тегла малку ја „преполни“ со вода,односно скоро до капачето, и ете ти експлозија
потоа,поради тоа што се шири течноста на температура - значи најважно е полнењето.
Јас со години правам-вријам компот,па пак ми се дешава да ми пукне по некоја тегла,ама во лонец.
А може ли на некоја тегла да и дошол крајот или пак е малку невидливо оштетена-пукната и БУМ.
 
Мене ми претекоа некои од теглите, си отворив работа и за утре дента, да си ја чистам релната. Како и да е, пак би правела у релна, по можност у шпорет на дрва, кога ќе имам. Али компотот излезе фантазија, морам да се пофалам. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom