Компот

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување
Компотчето е нешто неверојатно.

Летото наприиме дома праски, сливи, џанки сливи, јагоди.
Надевам се и да ми дадат од вишни од врме на време да се расквасувам оти и од вишни е неверојатно добар. :-)
 
Најубав ми е од кајсија. Моите имаат дрво во дворот и раѓа многу, па цел комшилак си прави компот.
 
Прочитав на првата страна компот од јагоди?
...... нема да се стопат варејќи јаготките? :)
 
Прочитав на првата страна компот од јагоди?
...... нема да се стопат варејќи јаготките? :)

Јас не ги варам многу. Ги ставам во тегла и кратко во рерна или ги зовривам, само колку да се затвори теглата. Мака немаат, само што стануваат помеки и малку ја менуваат бојата.
 
Прочитав на првата страна компот од јагоди?
...... нема да се стопат варејќи јаготките? :)

Треба да се одберат стварно 1 класа јаготки,да се цврсти ама не зелени.
И варењето е само до прво зовривање и тргање на страна,сум правел.
Сокот внатре во теглата е супер-поубав здравје,ама јаготките како измиени, без некој вкус,но може да се користат за во правење слатки и печива и палачинки,пудинзи и др.
Е да можеш да собереш диви јагоди тие се поцврсти и поситни и супер се.
 
Picture 651.jpgсиноќа го правев овој компот од дренки
но зошто откога сега ги извадив теглите од лонецот, некои дренки се на дното на теглата,а кај други тегли тие се на врвот на теглата.
 
Прегледај го приврзокот 72590синоќа го правев овој компот од дренки
но зошто откога сега ги извадив теглите од лонецот, некои дренки се на дното на теглата,а кај други тегли тие се на врвот на теглата.


Ако се убаво затворени теглите ич да не му ја мислиш. Ништо нема да му фали на компотот.
Можеби, некои од теглите вриеле малку повеќе па се кренале дренките горе или пак во тие тегли дренките биле позрели :).
Компотчето ми е омилено. Оваа година дома си направивме од вишни, круши, јагоди, сини сливи и праски :).
Мене лично најубав ми е од дренките, ама некако не ми се шета сама по полињата да барам и берам, а веќе и сезоната ќе им мине. Па оваа година ќе си останам без него, ако евентуално не најдам на пазар да си купам некое килце, за од стрв :).
 
Picture 761.jpg.денес од трнинки.Picture 760.jpg
купени на зелен пазар. потребно за 12 тегли
трнинки 2,5 кгр х 40 денари.... = 100 денари
шеќер 1 кгр х 40 денари.......= 40 денари
вода 7-8 литри х...................= 10 денари
струја-дрва.................................= 50 денари
--------------------------вкупно..............200денари
 
потсетување време е за компот. Денес е многу снабден и ефтин пазарот со овоштија.
Сливи 20 денари,праски 15-20 денари, за 14 тегли компот 70 денари + шеќер 30 денари = 100 денари + енергија
Picture 1732.jpg Picture 1733.jpg е овакви капаци нема никаде да најдете сега.(ја нема Југославија)
 
Ми треба лично искуство за компот без шеќер. Сте правеле и колку време ви стоел без да се расипе зошто го нема шеќерот како конзерванс?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom