Не гледаш на универзитетското образование правилно. Тоа вреди повеќе од хартиена диплома или работно место со повисока плата, вредноста не се мери материјално. Универзитетот ти нуди ново гледиште на нештата, начинот на размислување и дејствување во општеството, во изградувањето на личноста и издигнување на едно ниво повисоко. Вработувањето гледај го како секундарна работа.
Знам, има секакви примери и исклучоци, меѓутоа ова е суштината
Да станува збор за друга држава, па и да ти држи вода муабетов, ама зборуваме за МАКЕДОНИЈА.Земја каде факултетската диплома е едно обично парче хартија.Држава во која трудот, знаењето и образованието СЕ ПОТЦЕНУВААТ МАКСИМАЛНО, А СЕ ВРЕДНУВА ЕДИНСТВЕНО САМО ПАРТИСКАТА КНИШКА.За вработување на високо работно место и добра материјална состојба ти треба само партиска книшка, а може да имаш основно-средно образование(да те потсетам дека
двајца професори во средно медицинско на кои им истече договорот за работа беа вработени
со средно образование).За во истата држава праиме муабет дека не размислувам правилно?:uvo:Зошто да го гледам вработувањето како секундарна работа, за што тогаш би учела факултет?За што учеле факултет сите оние кои имаат диплома дома и седат без работа?Јас разбирам дека пред се' се образуваш за себе, ама треба и од тоа за што си се образувал да егзистираш, само што тоа кај нас не е возможно.Не се живее со седење дома, гледање во дипломата и доручек, ручек и вечера да ти биде делче од истата

Додека добрите и образовани кадри седат дома, оние со средно-партиски куртони работат на нивните работни места со никакво образование.
Знаеш ли кое понижување го доживуваат оние со диплома кога ќе отидат да конкурираат за некое работно место чистачка, келнерка (не ги потценувам овие работни места да не ме разберете погрешно) за да можат да преживеат, затоа што не можат да живеат само со образованието, бидејќи со него не може да ја намалат гладта? :бесна:
Кога би се вреднувале и вработувале вистински образованите луѓе на прави места би биле држава, а не да си играат 19 години држава.:nerv: