Многу внимавам на тој збор, како е кажан и памтам. Ако е кажан онака - реда ради, е да видам дали друг пат ќе му завршам работа. Има моменти кога воопшто не се лутам - како пример, на еден другар му завршив работа и толку беше среќен што веднаш си замина. Утредента дојде и ми се извинуваше бидејќи не ми се заблагодарил. Најголемата благодарност ми ја даде, кога го видов пресреќен. Тој чин на негова среќа ми беше поголем од милион - благодарам.