Колку ви значи зборот “фала“ односно “благодарам“?
Јас такви "ситници" доста приметувам и се топам на нив. На пример, ме радува кога слушам едно "фала" од непознат човек кога му враќам кусур ... Таквите зборови пред се`, на некој начин ми се слика за една култура на човекот. Затоа сакам да ги слушам, бидејќи навистина се ретки.
Дали овие два збора сега имаат тежина или се изговараат во секој момент, па поради тоа нивното вистинско значење и тежина е изгубена.
Не верувам дека може да ги каже секој. Ретки се толкави лицемери кои можат да се заблагодарат, а да не го мислат тоа. Затоа мислам дека тежината не им се губи, само изумираат ...
Дали доволно е да се каже фала?
Дали се “задоволувате“ со фала или после овој збор следи она “памти па врати“ (во себе или гласно)?
Ако јас некому направам некаква услуга, повеќе од доволен ми е тој еден збор. Од блиските, и тој го нејќам ... не ми е важно што ќе кажат т.е. не мора да ми заблагодарат за да ми докажат дека го ценат направеното.
Јас па спротивно на тоа, неможам да не се заблагодарам без оглед дали се работи за некоја мала или голема работа. Покрај тоа, секогаш гледам ако сум во можност да возвратам некако со дело, покрај зборот.
Користољубиви луѓе насекаде, неколку пати имам кажано дека ги има многу. Поентата ми е за овие луѓе. Ќе добијам услуга ќе кажат само фала и толку, одат на следната услуга која треба да ја побараат.
Не дека ги нема и таквите, но сепак, мислам дека се поретки, баш поради тоа што таквите немаат ни осет за да го кажат и зборот.
И онаа општо позната констатација: „Со фала не се живее, памти па врати„. Дали луѓето знаат да памтат за услугите и за добрите работи?
Сакам да верувам во тоа. Никогаш не правам нешто со цел другиот да ми ја врати услугата, но би била навредена доколку после тоа побарам нешто од него (иначе од срам, многу ретко барам услуги), а ме одбие иако може да ми помогне.