Живеењето според верата значи комплетно преуредување на својот живот според правилата кои ги одредува таа вера. Тоа значи дека личната слободна волја (за избор) верникот ја прилагодил кон волјата Божја, изразена преку Неговите заповеди. Тоа понатаму значи дека верникот постепено се оддалечува до своите претходни лоши навики на своеглаво однесување и живеење и почнува да се занимава со чинење добри дела. Пошто верата е духовно-етичка категорија која се живее конкретно, тогаш треба да се разгледа и некој конкретен случај во нејзиното практикување.
На пример: ако Бог забарнил крадење, тогаш не кради! Ако забранил прељубодејствување, тогаш не го чини истото. Ако Бог благоволил да Го сакаш, тогаш држи се до Неговите запоиведи. Ако Бог благоволил да ги сакаш и другите луѓе, тогаш тоа и покажи го и на збор и на дело. На пример, ако побараат од тебе добар совет, советувај ги. Ако побараат од тебе помош (физичка, материјална...), тогаш помогни им без да бараш од нив нешто да ти возвратат за твојата помош. Ако видиш просјак, дај му милостиња. Ако видиш гладен, нахрани го. Ако работиш, работи ја својата работа чесно и совесно, без разлика колку си платен. Ако те навредуваат, примај го тоа како Божја волја, оти така се постигнува смирение. Ако имаш вишок материјални средства, донирај кај оние кои по раѓање се неспособни да се одржат во живот. Ако гледаш дека некој греши, не го осудувај ниту со помисла ниту со збор. И тн...
И сето тоа прави го не за самопофалаба, туку за слава Христова и свое спасение.