Мики се согласувам со тебе, САМО не би рекол дека 'верата не е категорија која ги решава животните проблеми, оти тие и вака и така се нерешливи'
Точно е дека верата како духовна категорија, ПРВЕНСТВЕНО на ум го има решавањето на духовните проблеми (СЕГА АТЕИСТИТЕ ЌЕ СЕ РАДУВААТ), но исто така, таа иста вера, во истиот ЖИВ БОГ помага и во решавањето на секојдневните животни проблеми. Овие проблеми не се од ПРИМАРНА, туку од СЕКУНДАРНА важност.
Моето искуство како верник ги има доживеано и двете свери на верата: духовната и физичката.
Јас навивам за духовната (иако мнозина мислат дека тоа е миење на мозок), а за физичката МОЖЕ (не би се бунел за некои работи, кои се по Божја волја, се разбира) ама и НЕ МОРА.
Да појаснам што подразбирам под болтуваното.
На пример, верата не решава социјални проблеми. Ако некој се родил богат а некој сиромав, и тоа треба да се прифати како Божја волја, без притоа да се денгуби и троши време и енергија за промена на таквата ситуација. Можеме да се потрудиме да ја подобриме ситуацијата, не велам не, но да се прави голем социјален скок од една во друга социјална класа, би значело погазување на веќе поставената Божја волја-да се биде сиромашен или богат.
Понатаму.
Кога велам дека верата нема да ги реши животните проблеми, го мислам и следното: и во иднината (како и во минаттото) луѓето се се раѓааат, живеат и умираат. Ќе боледуваат. Ќе работат со пот, за да стекнат барем минимум услови за живот. Во лето ќе им биде топло а во зима ќе им студи. Верата, колку да е јака и правилна. нема да промени ништо од наведеното. Кој се родил, тој ќе живеее извесно време, онолу колку Бог ќе благоволи а после тоа неизбежно следува смррта. Прашањето на животот и смртта е едно од основните прашања на христијанската вера, заедно со прашањето на доброто и злото.
Вака или онака, се раѓаме, живееме и умираме. Основните животни и социјални проблеми се истите оние како и пред 100 или пред 500 години, и досега никој ништо битно не променил, па затоа и велам дека верата нив нема да ги реши. Сепак, живеејќки според верата (а не според својот ум) имаме на што и на кого да се надеваме. А можеме да се надеваме на вечен живот, во кој ќе нема болести, страдања, умирања. Тоа Христос ни го вети, а она кое Он го ветува-и го исполнува.
Живеењето во овој свет е ионака минливо и пропадливо. Тој проблем, на минливоста и пропадливоста, ќе се реши дури по второто Христово пришествие. Дотогаш, должни сме да живееме онака како е одредено со војлата Божја.