Кој ме знаеле од мал,секогаш го знаеа оној "Михаил цицијата",но тоа беше некогаш,во дамнешни времиња,што повеќе растев,џепарлак се немав,ама секад кога ќе му побарав пари на татко ми,ретко да ме одбиеше....и така почнав да бидам oнака потрошаџија,ама ете,кога на пример,купувам облека,секогаш гледам на цената,па дури и одбивам да пробам ако видам некоја репната цена,па и да е најквалитетно,па и да е марка...ма не! Ама затоа пак ситни работи си купувам,и така 10,по 10,50,по 50,100 по 100 денари и сите пари ќе ги истрошам,и после пак барај пари. Не знам,сепак не сум некој со кој не може да се живее од што ќе те истроши,едноставно да ми даде некој 1000 денари,не трошам,ќе ги чувам и не ги ситнам,ама малите пари некако жал ми е да ги чувам и секогаш летаат од џеб у првата секунда шо стигнале. Значи ова би било некаде ин д мидл....не штедам многу,не трошам многу...тука секако има влијание и тоа дали ќе бидам во можност да стапам во контакт со татко ми за нови пари,дали сум на летување со другари или идам до продавница да си купам фанта
