VRZUVANJETO E OSNOVA NA STRADANJETO. TREBA DA ZNAETE DEKA NISTO NE E NASE I IRACIONALNO E DA BARAME DA GO ZADRZIME ZA NAS, KOGA I NIE SAMITE NE MOZEME DA SE ZADRZIME VECNO VO ZIVOT.PUSTI NEKA ODI, SEKOJ KE UMRE, I PODOBRO DA SI ODI PO SVOJA VOLJA OTKOLKU DA TI GO ZEME SUDBINATA. NE TREBA DA SE VRZUVAME, NO KAKO???KOGA SOMILOSTA E OSNOVA NA MORALOT????
Целосно се согласувам.
Ништо не е наше, ништо не е во наша сопственост, се е минливо, се има почеток и крај... ама во тоа е и болната вистина.
Како да прифатиме дека ништо не е наше, дека сме потполно сами и дека сите до еден си заминуваат?
Како да прифатиме дека сме и секогаш ќе бидеме апсолутно сами кога сме принудени а и имаме потреба од социјализација?
Како да пуштиш да оди некој за кого си се поврзал и ти недостига ако не слушнеш од него нешто во текот на денот, ако не ти се јави, ако не го видиш (и тука не зборам само за личност во која сте заљубени) ?
Како да не се врзуваме?
Како да сакаш некого а да не се врзеш со него кога неминовно е тоа?
Како да ја научиш лекцијата да не се врзуваш и како да останеш воздржан?
Или можеби треба да сме ладнокрвни кон нештата и луѓето?
Јас претерано се врзувам. За предмети не. Предметите се кршат, се уништуваат, се губат и на крај се заменуваат со нови и поубави.
Проблемот е со луѓето. Секој човек е уникатен и не можеш да најдеш дури ни бледа копија од истиот а камоли ист таков. Не можам да останам ладнокрвна кон личност која ја сакам на некој свој болен начин и морам да се поврзам иако знам и сум свесна дека ќе ја изгубам и дека мојата поврзаност ја гуши другата особа. А се врзувам само личности кои се минливи во мојот живот, додека пак со оние кои се постојано околу мене едноставно учам да живеам.
Последиците се неминовни, губењето боли само што лекцијата која е најтешка а мора да се научи за да се пројде е таа дека ништо не губиме затоа што ништо не ни поседуваме.
Но, како тогаш да ги контролираме емоциите???