А пази па да не.

Што и да кажувам, никогаш не сум сериозна. Чак и "нормална" кога сум, не сум сериозна.
Иако, ми се случува да си активирам сериозната страна, најчесто кога треба да скријам дека не ја знам ни дотичната тема, не па дека книга немам допрено. Можам да изглеам као да сум најпаметен чоек во просторијата и знам све и поред тоа што сум труп во моментот.

И пали, што е најтрагично.

Си наместам озбилна гримаса, мускул на фацата не ми мрда четрспет минути, стрелам со поглед наоколу, или професорицата ми директно во очи, и секако, дигам рака повремено, тактички, пошто нели, го знам прашањето, али ете, некој друг ми го собрал, мамето негово.

А и да треба да се убацам, као шлаг му доаѓа не-баш-тенкиот ми глас, што заедно со озбилниот ми сурат е непогрешлива комбинација.

А за шалење, ако захтева таков настап шалата сама по себе, бива и тоа. Само што си имам непријатно искуство, пошто ем беше невкусна финта, да не бидам поописна, не е место, а ја претерав со мртва сериозна - фазонот и ми се налутија.

Ретко ми се дешава ова, само по потреба. Генерално, не сум сериозна.
