Колку и дали се служиме со пагански обичаи?

  • Креатор на темата Креатор на темата petite cherie
  • Време на започнување Време на започнување
Научен одговор досега немаш дадено, а од верските циркулираш помеѓу црковни (институционални), библиски, искуствени и религиозни како ти одговара во моментот.

Во моите 1900 и кусур постови, имам дадено и научни толкувања, не затоа што ми се многу омилени, туку затоа што токму тие ги потврдуваат христијанските вистини, но не со вера, туку со научни методи и средства.
 
Како телото кое сите вернци го сметаат за оков на душата станува центар на духовно и религиозно?
Во што е подобро мртвото тело од живото?
Излекувањето доаѓа од човековата свест и вербата во Бога а не од исцелителна моќ на лакирани коски....твоето искуство завршува тука.
Дај ми еден пример во Библијта каде Апостолите, Исус или било кој друг практикувал такво нешто...
Па замисли ако коските на некои "свети во Македонија" имаат исцелителна моќ..Какви тек би биле коските на Исус, Аврам, Јован..ама сите биле погребани никој не ги шетал по манстири и од нив правел атракција.
Веројатно од таа причина не се знае ни гробот на Мојсеј..да не направиле Евреите од него нешто поголемо од самиот Бог.
Телото извор на сите пороци на крајот станува еликсир на здравјето..:kesa:
Мики на крај поради тоа што спомна и научно објаснување кое секогаш го нудиш..кажи ми дали и науката се позанимавала со такво нешто и каде се доказите...оти ако навистина се случува такво нешто од редици луѓе и чудата на исцелувањата сигурно би привлекло внимание поголемо од на кое медицината го нуди?
Точно коски не можат да те исцелат единствено исцеление иде од Господ Исус Христос, оти со вера во него и преку неговите раце ќе сме исцелени а не од мртви коски.
Така да тоа што тебе ти се случуваат исцеление од мртви коски тоа не е од Бог таа моќ да те исцелат мртви коски запрашај се дали таа моќ е од БОГ ?
 
Не ќе е баш така. Ајде да видиме како е.
Кон болтуваното, по редослед:
1. Телото воопшто не е оков за душата. Таквиот став е философско-палтонски но не и христијански. Платон вели дека „...духот е затворен во материјално тело и затоа (духот) неможе да се спои со убавата идеја...„. Православниот сатв е Апостолски: телото е храм на Светиот Дух. На прв поглед, се чини дека православните имаат негативен став кон телото, но Светиите го велат токму спротивното: и телото треба да го сакаме и да се грижиме за него, но пошто телото е смртно, треба повеќе внимание да се посвети на духовнто а не само на телесното здравје. Патем кажано, телото и душата Бог ги создаде истовремено, и тое беа една целина се до гревот Адамов и Евин, кога почнува општата шизма (подвојување, раздвојување) во целата Вселена, каде се се двои од секого, па човекот, од компактна целина, се распаѓа на дух, душа и тело.
2. Мртвото тело не е „подобро„ од живото тело.
3. Тие коски не се лакирани, туку се мироточиви, т.е. од нив се излева масло со пријатен мирис, а тоа масло е еден од доказите за светоста во која живеел нивниот сопственик во овој, материјалниов свет.
4. Нема логика да бараш од мене библиски пример. Еве и зашто: Христос ни го донесе Новиот Завет. После Неговото воскресение, поединци почнаа да го прифаќаат и да го живеат Неговото учење. Луѓето,. т.е. поединци од тие луѓе, стануваа Свети, живеејќи свето и онака како Христос одреди, но сето тоа се случува не во Новиот Завет, туку после неговото воведување од страна на Христа Бога, кога Христос веќе беше воскреснат. Новиот Завет не ја познава категоријата „свет„, туку „свет„ се станува под одредени услови, за кои појдовна основа е Христовото учење.
5. Нема коски Исусови-Он воскерсна и седна оддесно на Отецот. А каде се коските од Авраам или било кој старозаветен патријарх-навистина незнам! Но знам друго-дел од коските од дланката од Св. Јован Крстител, имаш во манастирот „Св. Јован Бигорски„. Пред неколку месеци, двајца мои колеги (атеисти!!!) го посетија манастирот и беа сведоци на чудо:посакале да го видал делот/честичката од дрвото од крстот на кој беше распнат Христос, а во мракот од цкровната просторија се појавил насочен сноп светлина кој ја посочил местоположбата од тоа парче во Црквата! Монахот кој бил со моите колеги, и тој го потврдил тој несекојдневен настан. Убеди ме во спротивното!
6. Не се знае гробот на Мојсеј-точно! Не се знае затоа што Бог така благоволил, иако Мојсеј е многу заслужен за избавувањето на јудеите од Египет.
7. Да, телото кое не контролирано од духот, станува извор на пороци-не спорам. Но, на Светиите им успева тоа тело да го впрегнат, да го зауздаат, да го конторилраат и така, Светите стануваат непорочни! Тоа е успех кој тешко им успева на „обичните„ верници.
8. Науката, како што имам повеќе пати напоменато, не признава и не познава духовност. На науката/науките им е многу поинтересно да се занимават со астрологија (гатање по ѕвезди), со т.н. парапсихологија ( со демонизам!) и со се она кое во Црквата е забрането и оценето како демонско влијание, отколку да се позанимават со вистинските духовни вредности кај човекот. Значи, интересот кон демонизмот е врвот од интересот од науките кон „духовното„!.
Медицината, колку ми е познато, нема мрднато ништо повеќе од т.н. клиничка смрт. која пациентите ја опишуваат со слични поединости, а кои медицината, која е претежно материјалистички насочена, тешко ги прифаќа како доказ таквите искуствени потврди за можноста за одвојување духот/душата од телото.
Во краен случај, медицината може да понуди помош и лек само за телото, но не и за духот. Духот може да биде излечен само од Оној кој го дал тој дух, а тоа е Бог, секако.
 
Да, Од Бога е! Тоа е благодатната, несоздадената енергија од Светиот Дух.
 
Е па не треба да верувам во мртви коси

Па христијаните ионака не веруваат во она кое го гледаат, туку во она во кое се надеваат и кое треба да дојде, така?
 
А дали треба јас да се надевам на човек или .... ?
Едноставно не треба да верувам во нешто мртво оти јас имам нешто Живо на Небото и ако ми треба исцеление јас имам исцеление од Раните на Исус Христос а не од мртви коски.
 
Не ќе е баш така. Ајде да видиме како е.
Кон болтуваното, по редослед:
1. Телото воопшто не е оков за душата. Таквиот став е философско-палтонски но не и христијански. Платон вели дека „...духот е затворен во материјално тело и затоа (духот) неможе да се спои со убавата идеја...„. Православниот сатв е Апостолски: телото е храм на Светиот Дух. На прв поглед, се чини дека православните имаат негативен став кон телото, но Светиите го велат токму спротивното: и телото треба да го сакаме и да се грижиме за него, но пошто телото е смртно, треба повеќе внимание да се посвети на духовнто а не само на телесното здравје. Патем кажано, телото и душата Бог ги создаде истовремено, и тое беа една целина се до гревот Адамов и Евин, кога почнува општата шизма (подвојување, раздвојување) во целата Вселена, каде се се двои од секого, па човекот, од компактна целина, се распаѓа на дух, душа и тело.
Интересен одговор ..посебно ако се земе во предвид постоењето на аскетскиот живот и самоказнувањето за да се дојде до духовно совршенство во одредени христијански заедници..нашите тела се грешни тела, и претставуваат само еден обичен шатор на нашите души. ..Нели сите се стремиме кон воскресение..то го добиваш со преобразба на сегашното тело..нели?
2. Мртвото тело не е „подобро„ од живото тело.
Па..?!Зошто ова фарса..?
3. Тие коски не се лакирани, туку се мироточиви, т.е. од нив се излева масло со пријатен мирис, а тоа масло е еден од доказите за светоста во која живеел нивниот сопственик во овој, материјалниов свет.
Го употребив изразот лакирани..оти требаше да пишувам за заблудата на течење на масло од нив со кое ги премачкуваат..
4. Нема логика да бараш од мене библиски пример. Еве и зашто: Христос ни го донесе Новиот Завет. После Неговото воскресение, поединци почнаа да го прифаќаат и да го живеат Неговото учење. Луѓето,. т.е. поединци од тие луѓе, стануваа Свети, живеејќи свето и онака како Христос одреди, но сето тоа се случува не во Новиот Завет, туку после неговото воведување од страна на Христа Бога, кога Христос веќе беше воскреснат. Новиот Завет не ја познава категоријата „свет„, туку „свет„ се станува под одредени услови, за кои појдовна основа е Христовото учење.
Суштината на христијанството произлегува од Библиското учење..Ако Библијата нема почеток и крај тогаш ..кој ќе ни ја носи тенката пушка..па секоја црква ќе си чини како си сака...А ако Апостолите го закопувале лешовите тогаш...треба и ние.
5. Нема коски Исусови-Он воскерсна и седна оддесно на Отецот. А каде се коските од Авраам или било кој старозаветен патријарх-навистина незнам! Но знам друго-дел од коските од дланката од Св. Јован Крстител, имаш во манастирот „Св. Јован Бигорски„. Пред неколку месеци, двајца мои колеги (атеисти!!!) го посетија манастирот и беа сведоци на чудо:посакале да го видал делот/честичката од дрвото од крстот на кој беше распнат Христос, а во мракот од цкровната просторија се појавил насочен сноп светлина кој ја посочил местоположбата од тоа парче во Црквата! Монахот кој бил со моите колеги, и тој го потврдил тој несекојдневен настан. Убеди ме во спротивното!
Јас веќе пишував за тоа на истата тема тема...треба ли да се повторувам...Се надевам дека Бог ќе те убеди во спортивното.
6. Не се знае гробот на Мојсеј-точно! Не се знае затоа што Бог така благоволил, иако Мојсеј е многу заслужен за избавувањето на јудеите од Египет.
Па после златното теле..што мислиш што ќе следело со телото на Мојсеј ..ако го имале..и зошто дури и Ѓаволот пробал да замеша прсти?!
7. Да, телото кое не контролирано од духот, станува извор на пороци-не спорам. Но, на Светиите им успева тоа тело да го впрегнат, да го зауздаат, да го конторилраат и така, Светите стануваат непорочни! Тоа е успех кој тешко им успева на „обичните„ верници.
После смртта телото не е ништо повеќе од земја..да не вадам цитати......После смртта единствено чудо за мене од парче земја е да изникне растение..
8. Науката, како што имам повеќе пати напоменато, не признава и не познава духовност. На науката/науките им е многу поинтересно да се занимават со астрологија (гатање по ѕвезди), со т.н. парапсихологија ( со демонизам!) и со се она кое во Црквата е забрането и оценето како демонско влијание, отколку да се позанимават со вистинските духовни вредности кај човекот. Значи, интересот кон демонизмот е врвот од интересот од науките кон „духовното„!.
Медицината, колку ми е познато, нема мрднато ништо повеќе од т.н. клиничка смрт. која пациентите ја опишуваат со слични поединости, а кои медицината, која е претежно материјалистички насочена, тешко ги прифаќа како доказ таквите искуствени потврди за можноста за одвојување духот/душата од телото.
Во краен случај, медицината може да понуди помош и лек само за телото, но не и за духот. Духот може да биде излечен само од Оној кој го дал тој дух, а тоа е Бог, секако.
Верувај ми има и такви кои водат статистка за секакви работи..А јас не сум налетал на научен труд од таков вид...
 
Интересен одговор ..посебно ако се земе во предвид постоењето на аскетскиот живот и самоказнувањето за да се дојде до духовно совршенство во одредени христијански заедници..нашите тела се грешни тела, и претставуваат само еден обичен шатор на нашите души. ..Нели сите се стремиме кон воскресение..то го добиваш со преобразба на сегашното тело..нели?

Па..?!Зошто ова фарса..?

Го употребив изразот лакирани..оти требаше да пишувам за заблудата на течење на масло од нив со кое ги премачкуваат..

Суштината на христијанството произлегува од Библиското учење..Ако Библијата нема почеток и крај тогаш ..кој ќе ни ја носи тенката пушка..па секоја црква ќе си чини како си сака...А ако Апостолите го закопувале лешовите тогаш...треба и ние.

Јас веќе пишував за тоа на истата тема тема...треба ли да се повторувам...Се нбадевам дека Бог ќе те уеди во спортивното.

Па после златното теле..што мислиш што ќе следело со телото на Мојсеј ..ако го имале..и зошто дури и Ѓаволот пробал да замеша прсти?!

После смртта телото не е ништо повеќе од земја..да не вадам цитати......После смртта единствено чудо за мене од парче земја е да изникне растение..

Верувај ми има и такви кои водат статистка за секакви работи..А јас не сум налетал на научен труд од таков вид...

1. Аскетскиот живот не е колективен пристап во православното христијанство, туку е „резервиаран„ само за поединци кои можат да го издржат тој и таков начин на живеење и да станат совршени, онолку колку што човекот може да стане совршен. Така, тие аскети се исклучоци а не правило во живеењето. Постојат еден куп Светители кои не биле аскети, туку живееле секојдневен живот а сепак се Свети. Таков е, на пример. Св. Јован Шангајски, кој во 50-те години о дминатиот век учителствувал во битолското средно богословско училиште и на кого му е посветен еден од битолските црковни храмови.
2. А во што е фарсата?
3. Течењето мирисливо масло е обејктива појава а не подвала.
4. Смртта е крај на животот и телото се враќа онаму од каде што е земено-од земјата. кај Светите, нераспадливоста на телото после негото погребување е уште ден од доказите за нивната Светост.
5. Нависитна, незнам што би се случило со мојсеевото тело. Не би сакал да нагаѓам. Но факат е дека Мојсеј немал Божја дозовла да ја прејде реката Јордан туку се упокоил пред јудеите да се населат во Ханаан.
6. Телото оди во земја оти од земја е земено. Само телата од Светиите се нераспадливи а нивните коски се мироточиви.
7. Не се работи за никакви научни трудови, оти духовното не е материјално па да биде подложено на лабораториски испитувања. Духовните искуства се секогаш лични и сами по себе доказ дека духовното живеење има свои резултати кои се ефектурираат дури и во материјалиот свет, преку етичкото и богопријатно живеење од поединците. Апсолутно не очекувам дека медицината ќе ми понуди некое објаснување од духовна природа.
 
А дали треба јас да се надевам на човек или .... ?
Едноставно не треба да верувам во нешто мртво оти јас имам нешто Живо на Небото и ако ми треба исцеление јас имам исцеление од Раните на Исус Христос а не од мртви коски.

Посочи ми, како тебе, лично, те исцелуват раните Исусови? Јас такво нешто не би можел да кажам. А мртвите коски, кои се мироточиви, имат исцелтиелна способност не самите од себе, туку од благодатната енергија од Светиот Дух, со која и во која живееле сопственците на тие коски, додека живееле подвижнички живот во овој свет.

„....не надевајте се на луѓе, на Бога надевајте се...„ би рекол Апостолот Павле.
 
Мики..ова оди ..секој на своја страна..па ќе ти одговорам само на три т.е. четири работи..
А во што е фарсата?
3. Течењето мирисливо масло е обејктива појава а не подвала.
Оговорот на првото прашање лежи во второто..
6. Телото оди во земја оти од земја е земено. Само телата од Светиите се нераспадливи а нивните коски се мироточиви.
.
Овие наши тела се распадливи, обична земја, земен прав, токму онака како што рече Бог: прав си и во прав ќе се вратиш"...Сакаш да кажеш дека со ова реченица Бог згрешил... оти некои умрени му пркосат на тоа што е кажано и запишано...

И заборавив да се дополнам за ова..
4. Нема логика да бараш од мене библиски пример. Еве и зашто: Христос ни го донесе Новиот Завет. После Неговото воскресение, поединци почнаа да го прифаќаат и да го живеат Неговото учење. Луѓето,. т.е. поединци од тие луѓе, стануваа Свети, живеејќи свето и онака како Христос одреди, но сето тоа се случува не во Новиот Завет, туку после неговото воведување од страна на Христа Бога, кога Христос веќе беше воскреснат. Новиот Завет не ја познава категоријата „свет„, туку „свет„ се станува под одредени услови, за кои појдовна основа е Христовото учење.
Меѓу последните зборови во Бибилјата...
Јас му сведочам секому, кој ги слуша пророчките зборови на оваа книга. Ако некој им додаде нешто, Бог ќе му додаде од злата опишани во оваа книга.
А ако некој одземе нешто од зборовите на книгата на оваа пророштво, Бог ќе му го одземе неговиот дел од дрвото на животот и од светиот град, кои се опишани во оваа книга.
Сигурен ли си уште дека има работи кои се непозната категорија..т.е. после Исус..
 
Маркус, пак ќе кажам: го пишувам она кое го испиведа православната Црква, а кое можам да го потврдам со моето скромно искуство во живеењто во Црквата. Почнува да ми станува заморно да се повторувам сам себе. Доколку некој на форумов понуди поинаква вистина од православната-нека му биде според верата негова.

Јас, како почетник-пацер во Црквата, се занимавав со истражување на „контрадикциите„ во православната вера. Кога наталожив одредено познавање од вероученитео, забележав дека таа противречност не е во учењето туку во моето незнање...

Нераспадливоста не е противречна на волјата и словото Божјо, туку потврда и доказ са светоста во која живеат поедицни во Црквата. Ако Бог ги прима Светите во својот свет, од каде тогаш контрадикција помеѓу Бога и Светиите?
 
Мики друже зборот "свет или свети"..значи оддвоен а тоа се однесува нa сите христијани кои се одвоиле од овој свет заради Бога....значи збориме за сите вистински христијани кои биле грешни, па..
..не за нераспадливи тела, со ореоли над главата..
 
МАркус, поимот „свет„ значи „сличен со Христа„. Не и идентичен, нормално.
Само Светиите имаат ореол, оти ја постигнале светоста како состојба на чистота на духот, душата и телото. Јас, колку што можам да видам, немам ореол.
 
Иначе секоја форма на спиритуализам почнувајќи од погребните обреди на неандарталците па се до денешниве религии имаат еден, единствен, архаичен корен кој во себе носи множество на симболи,обичаи итн...кои со текот на времето и социјалниот напредок на човекот, во зависност од неговите потреби биле различно искомбинирани и персонифицирани во разни богови,пророци etc..
Да не трујам со Ден Браун shit....
Допирните точки на паганските верувања кои му ПРЕТХОДЕЛЕ на христијанската религија се многу, поготово во нашиве простори чиј етнос низ вековите се менувал а со тоа и различните спиритуални струења кој тој ги носел, почнувајќи од покрстувањето(асимилацијата на словенскиот пантеизам) па гностичките секти и богомилите 9-тиот и 10-тиот век се до масоните и сите останати new-age "барања" на спасот до денешен ден.

Оние кои имаат неколку мегабајти за трошење или неограничен нет би било пожелно да го погледнат видеово и да ги согледаат сличноститите..

http://http://video.google.com/videosearch?q=Zeitgeist+the+greatest+story+ever+told&hl=en&sitesearch=#
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom