Како телото кое сите вернци го сметаат за оков на душата станува центар на духовно и религиозно?
Во што е подобро мртвото тело од живото?
Излекувањето доаѓа од човековата свест и вербата во Бога а не од исцелителна моќ на лакирани коски....твоето искуство завршува тука.
Дај ми еден пример во Библијта каде Апостолите, Исус или било кој друг практикувал такво нешто...
Па замисли ако коските на некои "свети во Македонија" имаат исцелителна моќ..Какви тек би биле коските на Исус, Аврам, Јован..ама сите биле погребани никој не ги шетал по манстири и од нив правел атракција.
Веројатно од таа причина не се знае ни гробот на Мојсеј..да не направиле Евреите од него нешто поголемо од самиот Бог.
Телото извор на сите пороци на крајот станува еликсир на здравјето..:kesa:
Мики на крај поради тоа што спомна и научно објаснување кое секогаш го нудиш..кажи ми дали и науката се позанимавала со такво нешто и каде се доказите...оти ако навистина се случува такво нешто од редици луѓе и чудата на исцелувањата сигурно би привлекло внимание поголемо од на кое медицината го нуди?
Не ќе е баш така. Ајде да видиме како е.
Кон болтуваното, по редослед:
1. Телото воопшто не е оков за душата. Таквиот став е философско-палтонски но не и христијански. Платон вели дека „...духот е затворен во материјално тело и затоа (духот) неможе да се спои со убавата идеја...„. Православниот сатв е Апостолски: телото е храм на Светиот Дух. На прв поглед, се чини дека православните имаат негативен став кон телото, но Светиите го велат токму спротивното: и телото треба да го сакаме и да се грижиме за него, но пошто телото е смртно, треба повеќе внимание да се посвети на духовнто а не само на телесното здравје. Патем кажано, телото и душата Бог ги создаде истовремено, и тое беа една целина се до гревот Адамов и Евин, кога почнува општата шизма (подвојување, раздвојување) во целата Вселена, каде се се двои од секого, па човекот, од компактна целина, се распаѓа на дух, душа и тело.
2. Мртвото тело не е „подобро„ од живото тело.
3. Тие коски не се лакирани, туку се мироточиви, т.е. од нив се излева масло со пријатен мирис, а тоа масло е еден од доказите за светоста во која живеел нивниот сопственик во овој, материјалниов свет.
4. Нема логика да бараш од мене библиски пример. Еве и зашто: Христос ни го донесе Новиот Завет. После Неговото воскресение, поединци почнаа да го прифаќаат и да го
живеат Неговото учење. Луѓето,. т.е. поединци од тие луѓе, стануваа Свети, живеејќи свето и онака како Христос одреди, но сето тоа се случува
не во Новиот Завет, туку
после неговото воведување од страна на Христа Бога, кога Христос веќе беше воскреснат. Новиот Завет не ја познава категоријата „свет„, туку „свет„ се станува под одредени услови, за кои појдовна основа е Христовото учење.
5. Нема коски Исусови-Он воскерсна и седна оддесно на Отецот. А каде се коските од Авраам или било кој старозаветен патријарх-навистина незнам! Но знам друго-дел од коските од дланката од Св. Јован Крстител, имаш во манастирот „Св. Јован Бигорски„. Пред неколку месеци, двајца мои колеги (атеисти!!!) го посетија манастирот и беа сведоци на чудо:посакале да го видал делот/честичката од дрвото од крстот на кој беше распнат Христос, а во мракот од цкровната просторија се појавил насочен сноп светлина кој ја посочил местоположбата од тоа парче во Црквата! Монахот кој бил со моите колеги, и тој го потврдил тој несекојдневен настан. Убеди ме во спротивното!
6. Не се знае гробот на Мојсеј-точно! Не се знае затоа што Бог така благоволил, иако Мојсеј е многу заслужен за избавувањето на јудеите од Египет.
7. Да, телото кое не контролирано од духот, станува извор на пороци-не спорам. Но, на Светиите им успева тоа тело да го впрегнат, да го зауздаат, да го конторилраат и така, Светите стануваат непорочни! Тоа е успех кој тешко им успева на „обичните„ верници.
8. Науката, како што имам повеќе пати напоменато, не признава и не познава духовност. На науката/науките им е многу поинтересно да се занимават со астрологија (гатање по ѕвезди), со т.н. парапсихологија ( со демонизам!) и со се она кое во Црквата е забрането и оценето како демонско влијание, отколку да се позанимават со вистинските духовни вредности кај човекот. Значи, интересот кон демонизмот е врвот од интересот од науките кон „духовното„!.
Медицината, колку ми е познато, нема мрднато ништо повеќе од т.н. клиничка смрт. која пациентите ја опишуваат со слични поединости, а кои медицината, која е претежно материјалистички насочена, тешко ги прифаќа како доказ таквите искуствени потврди за можноста за одвојување духот/душата од телото.
Во краен случај, медицината може да понуди помош и лек само за телото, но не и за духот. Духот може да биде излечен само од Оној кој го дал тој дух, а тоа е Бог, секако.