До Разиел- за она кое вчера го најавив па да го дообјаснам.
Да видиме што се случило.
Во целиот антички свет, постоењето на философите е еден вид компензација за непостоењето на вистинските верски учители. Православните богослови немаат негативен став кон повеќето антички мислители, освен за поедини нивни гледишта. Античките философи (мудрољупци) ја засноваат философијата на два темели, а тоа се: етиката (она кое е во нас) и естетиката (она кое е надвор од нас). Етиката т.е. моралниот закон, кој фабрички ни е вграден, е речиси ист за целиот човечки род, независно од „географијата„ на која живеат луѓето. Моралниот закон воедно е показател за тоа дека ликот Божји, според кој е создаден родот човечки, не е избришан (пошто е невозможно да се избрише!) иако човекот, како род е оддалечен од својот Творец со Адамовото и Евиното истерување од Рајот. Тој лик Божји е „производител„ на моралните норми по кои живеат луѓето иако го заборавиле својот вистински Бог. За целиот човечки род својствена е потребата од верување во Битие кое е создател на целата Вселена. Пробелмот е во тоа што најголем дел од родот човечки, раселувајќи се по Светов после поделбата на јазиците во Вавилон, го заборава вистинскиот Творец а компензацијата за тоа заборавање ја практикува преку идолопоклонството. т.е. своеглавото измислување богови-идоли, на кои паганските народи им принесуваат вакви или такви жртви. Во текот од сатозаветните времиња, сеќавањето за вистинкиот Бог е ексклузивитет за старозаветните патријарси, (Ное, Авраам, Исак, Јаков-Израилот) и др.) кои пред ликот Божји се покажале како праведни и достојни да комуницираат со вистинкиот Бог. Подоцна, тој екслузивитет преоѓа на јудеите, преку нивните пророци. Во меѓувреме, останатиот дел од родот човечки , тоне во паганизам и идолопоклонство. Сето тоа е така до првото Христово доаѓање, кога Он ги испрати Своите Апостоли да проповедатаат, научат и да ги крштеваат сите народи, во името од Отецот и Синот и Светиот Дух. Така и ќе биде се до Неговото второ доаѓање, кога ќе се исполнат времињата.
Да видиме како е денес.
Денес, исто као и пред 2 000 и пред 3 000 г, постојат повеќе религии. Најголемите, најмасовните религии, тековно имааат едно заедничко учење, кое се состои во исчекувањето на наводното доаѓање на наводниот Учител, кој треба да го обедини целиот човечки род. Воопшто не е битно како тој учител е именуван од будистите, хиндусите, јудеите или муслиманите. Битно е дека тој учител е исчекуван од сите нив и дека тој учител треба да го обедини светот „во една целина„, нешто слично како -што тоа ни го проповеда „њу-ејџ„ комилираната философија.
Да видиме што треба да се случи.
Наспроти тоа исчекување на така опишаниот Учител, го имаме Христа, Кој дојде во Светот токму така како што Исаија проповедаше во Стариот Завет. Христос нема ништо заедничко со исчекуваниот учител. Христос, на своето славно второ доаѓање и на Неговито Страшенм Суд, ќе ни суди на сите за тоа како и зашто сме го потрошиле времето кое ни дадено во овој, матероијалниов сввет. Водено, на првото доаѓање, Христос не донесе само мир, туку и „меч„, односно донесе раздвојување на она кое е добро од она кое е зло. Така ќе биде и при Неговото второ пришествие: Хрситос на Судон ќе не подвои на оние кои се десно од Него (праведнците) и лево до Него (грешниците). Праведниците и грешниците „одат„ онаму каде е веќе предвидено од Христа: или во Рајот или во пеколот. Воедно, Христос , како што и вети пред Апостолот Јован, се одново ќе создаде: ново Небо и нова Земја, да не речам, целата Вселена ќе биде ре-креирана, без никако зло во неа. Значи, ни трага ни глас од обединувањето на човечкиот род, онака како што се надеваат другите религии.
Од оваат споредба, јасно е дека Христос нема ама баш ништо заедничко ниту со дохристијанските идоли ниту со наводниот учител. Тоа што Хростос е сличен со некои антички идоли, не е поради нивната објективна сличност, туку, како веќе реков, од вродената човекова потреба од свој создател. Така, по методот на „обиди и грешки„ одредени народи, случајно ги „погодиле„ Христовите особини па одтаму се чини дека тие, као, мислеле на Христа а не на својот идол. А од споредбата на Христовото второ доаѓање со исчекуваниот учител од другите религии, јасно е дека се работи за два сосема рзлични „субјекти„. Или, како што вели сам Христос: „..еве доаѓа кнезот од овој свет, кој во Мене нема ништо....„.
Ајде, активирај го својот интелект и побиј ме.